На 21 август 2015 год., на Филипините се изврши масовно православно крштение. Во Православие премина целата заедница на Аглипајанската Црква (исто така позната како Филипинска независна Католичка Црква), во областа Ладол општина Алабел при Филипинската провинција Саранган.
Времињата се менуваат и ние се менуваме заедно со нив. Сега е страшно време. Се случува преврат на сѐ - вредности, добродетели, добрини. Сè се менува. Тоа што нашите предци порано го сметале за грев, зло, сега некој се труди да го шири. Таа нечистотија и злоба. И ете во ова време на промени, човекот треба да го сочува своето јасно расудување. Реката тече и често ни се паѓа да пливаме спроти текот.
Бродот-црква секојдневно ќе патува во оддалечените населени пунктови на Новосибирската област, каде што нема пристапни патишта за воз или автобус. Владиката ги благослови учесниците во акцијата, посакувајќи им радост и утеха во претстојното дело. „Оваа благородна акција го исполнува нашиот народ со чувство на сострадалност и взаемна помош“, рече Митрополит Тихон.
„Сакам да ги замолам учителите: не знам, дали ќе го исполните тоа или не, но сакам да ве благословам; никогаш не ставајте единици на учениците. Затоа што секој човек е многу талантен, генијален, и ние сме должни да го препознаеме, да сфатиме во што се состои неговата талентираност и да го пројавиме тој талант“, – зборовите на Патријархот ги пренесува news.ge.
Верата е важна за секој човек, со било какво занимање и професија. Но, за луѓето чија професија е особено опасна, и кои секојдневно се соочуваат со опасности по животот, верата зазема посебно место во нивните животи.
Научниците од археолошкиот институт РАН при ископувањата во Георгиевскиот соборен храм во Новгород, ја пронајдоа загубената во почетокот на XX век гробница на Св. Теоктист, којшто ја вршеше должноста Архиепископ Новгородски во почетокот на XIV век. Во гробницата беа пронајдени златоткани покривки и моштите на светиот, кои биле пренесени во Георгиевскиот соборен храм некаде во XVIII век, соопштува прес службата на археолошкиот институт.
Традицијата на градење на едноставни храмови била воспоставена од кнез Владимир. Оваа година храмот изграден од дрво од Архангелск, по образ на Троицката црква во Антарктида, по завршувањето на фестивалот ќе биде пренесен во една од парохиите на РПЦ на Крим. „Длабока символика е тоа што храмот се предава во лулката на крштението на Русија“, напомна Владимир Черников, раководител на Одделот за национална политика, регионални врски и туризам на Владата на Москва.
Во храмот на Св. Апостоли Петар и Павле во градот Новопавловск, почна да мироточи икона на Преп. Сергиј Радонежски. Уште повосхитувачко е тоа што ова се случи на денот на неговиот спомен. Иконата е литографска репродукција на една стара икона. Оваа вест за миг се разнесе по Новопавловск и блиските градови и кон црквата притекнаа илјадници парохјани за да се поклонат на изображението на Светецот.
На моштите на Св. кнез Владимир се поклонија околу 100 илјади верници
18 јуни 2015 лето Господово
Денес заврши првата маршрута на пренесувањето на моштите на Рамноапостолниот кнез Владимир низ градовите во Русија и Белорусија.206649.p.jpg Во рамките на првата маршрута, моштите пребиваа во 8 градови на територијата од епархиите на Руската Православна Црква. За тоа време на светињата можеа да се поклонат околу 100 илјади верници. Следната маршрута почнува на 21 јуни во Брест.
Потсетуваме дека носењето на моштите, кое се совпаѓа со големата прослава на 1000 – годишнината од упокојувањето на кнезот Владимир – Покрстителот на Русија, е иницирано од Руската Православна Црква и организирано од Фондот Св. Василиј Велики. Невиденото од ваква големина собитие започна на 27 мај во Тула и ќе заврши на 1 декември во Калининград.
Картата на пренесувањето на моштите е разделена на седум маршрути, во кои влегува Централна Русија, Поволжје, Кубан, Сибир, Далечниот Исток, а исто така и регионалните центри во Белорусија. Во глобала на светињата ќе можат да се поклонат жители од 45 градови во Русија и 5 градови во Белорусија. Првата маршрута опфати 8 градови од Централна Русија: Тула, Липецк, Тамбов, Воронеж, Губкин, Штигру, Курск и Брјанск.
Во рамките на следната, втората маршрута, моштите на Св. кнез Владимир ќе посетат шест градови: пет во Белорусија (Брест, Минск, Гродно, Могилев, Витебск) и еден во Русија (Смоленск). Веќе на 21 јуни кивотот со моштите ќе биде доставен во Брест.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир
Хеврон: Литургија и молебен кај Мамврискиот даб
3 јуни 2015 лето Господово
Во Хеврон во подворјето „Свети Праотци“, отслужија празнична Литургија и молебен кај Мамврискиот даб.205311.b.jpg На 2 јуни, третиот ден од празникот Света Троица, духовенството на Руската духовна мисија во Ерусалим, возглавено од главниот раководител, игуменот Теофан, по традиција се упати кон Хеврон, каде некогаш имало спомен-место на јавувањето на Света Троица на праотецот Авраам.
Во чест на овој настан, во храмот на Светите Праотци во присуство на големо мнозинство православни верници беше отслужена Божествена Литургија. На богослужбата, покрај монахињите од ерусалимските манастири, парохјаните и поклониците, присуствуваше и значителен број на православни палестински Арапи, бидејќи Литургијата се служеше на два јазика - црковно-словенски и арапски.
По завршувањето на Литургијата се направи литија до Мамврискиот даб, каде беше отслужен краток молебен со читање на Евангелието.
Пред неколку илјади години, на ова историско место праотецот Авраам ги примил на гости Трите ангели – Самиот Бог – Кој по ветувањето му дарувал син во одмината возраст и од него произвел голем народ. Мамврискиот даб веќе многу векови се почитува од страна на верниците како голема светиња.
Извор: Православие.ру
Преземено од Бигорски манастир
„Ние го прославуваме денес подвигот на двајца извонредни луѓе, двајца просветители, Кирил и Методиј. Тие му ја донесоа на словенскиот род азбуката, писменоста, а преку тоа и просвештението. А каква е целата на секое просвештение: Што кај нас треба да се просвети, освети? Потребно е да се просветли умот и срцето на човекот. Ако се просветува само и единствено умот, а срцето пребива во темнина, тогаш човекот може да стане способен фантазер и талентиран престапник.
Како да се вклучиш на интернет, и да останеш човек
Интернетот предлага огромно количество занимации, задоволување на сопствените потреби, така што човекот се заглавува во својот егоизам, ја губи способноста да љуби, вели отец Василиј. „Неговата природна состојба – е во Интернетот. Љубовта преминува во пауза меѓу моментите на вклученоста во мрежата“, – со сожалување истакна говорникот.
Според патријархот, животот на современиот човек во голем дел е насочен на социјалните мрежи, „и за многумина тие се единствениот, иако нецелосно доверлив и длабок извор на информации.“
- Доколку не сме задоволни со рекациите на нашите верни на определени настани, особено на настаните од црковниот живот, тогаш се поставува прашањето што сме направиле ...
Според мислењето на Управата на Света Гора, воведувањето на нови електронски пасоши од страна на Владата, „под изговор за борба со бирократијата и кризата“, ќе претставува загрозување на неприкосновеноста на личните податоци и ќе предизвика „нарушување на личните права и слободи“.„Ве молиме да го земете предвид тоа дека „личната карта на граѓанинот“ ја негира неговата личност, претворајќи ја во бројка во рамките на системите за државно управување.
„Што е тоа исповед? Тоа е најголемото таинство. Светите Отци велат дека ако не би постоела исповедта, ниту еден човек не би го достигнал спасението. Господ на човекот му ги простува оние гревови што ги исповедал.
…Ние го гледаме човекот надворешно, а Господ гледа во срцето. Срцето во човекот треба да биде искрено и свето.“