логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На моштите на Св. кнез Владимир се поклонија околу 100 илјади верници

206649.p.jpg


18 јуни 2015 лето Господово

Денес заврши првата маршрута на пренесувањето на моштите на Рамноапостолниот кнез Владимир низ градовите во Русија и Белорусија.206649.p.jpg Во рамките на првата маршрута, моштите пребиваа во 8 градови на територијата од епархиите на Руската Православна Црква. За тоа време на светињата можеа да се поклонат околу 100 илјади верници. Следната маршрута почнува на 21 јуни во Брест.

Потсетуваме дека носењето на моштите, кое се совпаѓа со големата прослава на 1000 – годишнината од упокојувањето на кнезот Владимир – Покрстителот на Русија, е иницирано од Руската Православна Црква и организирано од Фондот Св. Василиј Велики. Невиденото од ваква големина собитие започна на 27 мај во Тула и ќе заврши на 1 декември во Калининград.

Картата на пренесувањето на моштите е разделена на седум маршрути, во кои влегува Централна Русија, Поволжје, Кубан, Сибир, Далечниот Исток, а исто така и регионалните центри во Белорусија. Во глобала на светињата ќе можат да се поклонат жители од 45 градови во Русија и 5 градови во Белорусија. Првата маршрута опфати 8 градови од Централна Русија: Тула, Липецк, Тамбов, Воронеж, Губкин, Штигру, Курск и Брјанск.

Во рамките на следната, втората маршрута, моштите на Св. кнез Владимир ќе посетат шест градови: пет во Белорусија (Брест, Минск, Гродно, Могилев, Витебск) и еден во Русија (Смоленск). Веќе на 21 јуни кивотот со моштите ќе биде доставен во Брест.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2877
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2688
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…