·
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата тајна Причест.
Нафората треба да се зема со побожност, крстообразно ставајки ја горната дланка преку долната и целивајки ја раката на свештеникот,кој ни го дава овој дар.
Според правилата на Црквата,нафората треба да се изеде во Црквата,на гладен стомак и со побожност,бидејки тоа е свет леб,леб од Божјиот жртвеник, дел од приносот на Христовиот олтар,од кого тој добива небесно осветување.
Честичките од нафората,кои се добиваат во Црквата, верниците можат да ги чуваат достојно , како духовен лек од болести и немоќ.
Нафората, со благослов на свештеникот/духовник, може во одредени прилики, заедно со света вода,да се користи во посебни случаи на болест и секогаш со зборовите „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“!
Нафората дома се чува покрај светите икони. Расипаната нафора не треба да се фрла во ѓубре или во тоалет шојла,туку треба да се запали во оган,или ако нема можност, со побожна почит да се закопа во земја,каде што не се гази.
Од книгата
,,Црковен живот за почетници"
Православие.Мк †