Проскомидија
Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Околу Јагнето Божјо - Божјиот Агнец - свештеникот вади честици од просфората најпрво за Богомајката бидејќи од Неа се овоплоти Бог, за Светиот Јован и останатите пророци, за апостолите, за оците на Црквата, за мачениците и исповедниците, за преподобните наши мајки, за бесребрениците и сите чудотворци.
Какво богатство и каква слава!
И за упокоените оци и мајки и браќа наши, за сите живи христијани.
Какво богатство, каква слава!
Се губат времето и просторот. Не пречат народностите и земната припадност. Само Царството на Јагнето Божјо и Неговото Жителство.
Честиците на сите нив ги ставаме во Путирот, во Најсветата Чаша, Небесниот пијалок и тогаш се причестуваме.
Тоа е нашиот допир со нив, наше единство со нив. Едно Царство, едно Жителство, една вера, едно Божјо семејство.
Свети владика Николај
Slovo Božjo