логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


 

Ancient Faith Ministries (AFM, ѓаконијата „Древна вера“) објави дека започна со нов портал за блогови на кој се поставени најпопуларните и највлијателни православни блогови на англиски јазик на интернет. На платформата се префрлени блоговите на о. Стефан Фримен „Слава на Бога за сè“, на о. Андреј Дамик „Патот кон Емаус“, на старец Трифун „Утрински принос“ и многу други.

- „Ancient Faith Blogs” не е само платформа за православни блогови; се работи за целосно вмрежена и интегрирана веб презентација на која се поврзани повеќе видови на православни материјали. Посетителите може да ги читаат нивните омилени православни блогери, поткасти (серии од лични аудио и видео емисии) и автори, но и да откријат нови содржини. Ова е единствен ваков случај во православниот свет, и чест ми е што сум дел од него – вели о. Андреј Дамик.

Извршниот директор на AFM, г. Џон (Јован) Мадекс вели: „Ancient Faith Blogs е партнерство на елитна група на современи православни мислители, и за нас е задоволство да соработуваме со нив“.

Се очекува бројот на автори и блогери вклучени во овој проект, од моменталните 13, да порасне. Покрај овој проект, ѓаконијата работи и на истоимените радио и издавачка куќа.

Врски: https://blogs.ancientfaith.com/ | http://store.ancientfaith.com/ | http://ancientfaith.com/

Извор:Кумановско-осоговска епархија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2973
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2808
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…