логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  204551.b.jpg



24 мај 2015 лето Господово

„Стана традиција да се одбележува овој празник овде, на Црвениот плоштад, со сенародно пеење, при што нашето пеење не се ограничува само на површината на овој плоштад. Пее цела земја и извонредно е тоа што ние преку пеењето ги изразуваме своите чувства“, изјави Светејшиот Патријарх Кирил, обраќајќи се на Црвениот Плоштад кон учесниците во торжеството посветено на Денот на словенската писменост и култура.

„Ние го прославуваме денес подвигот на двајца извонредни луѓе, двајца просветители, Кирил и Методиј. Тие му ја донесоа на словенскиот род азбуката, писменоста, а преку тоа и просвештението. А каква е целата на секое просвештение: Што кај нас треба да се просвети, освети? Потребно е да се просветли умот и срцето на човекот. Ако се просветува само и единствено умот, а срцето пребива во темнина, тогаш човекот може да стане способен фантазер и талентиран престапник. Ако се просветува само срцето, а умот останува во темнина, тогаш на човекот ќе му биде тешко да се вклопи во ритамот на современиот живот и да го сфати она што околу него се случува. Тој неволно го напушта тој живот, а тоа не е секогаш од полза за човекот, неговото семејство и неговите блиски. Потребно е да се просветува и умот и срцето, за тоа се залагале нашите просветители Кирил и Методиј. И доколку просвештението на умот е поврзано со образованието, науката, тогаш просвештението на срцето е поврзано со она дејство на човечката душа, кога од неа се искоренува злото. Да се просвети душата, тоа значи да се искорени злото, значи да се премине во власта на светлината. Доколку токму така биде просветуван нашиот народ, доколку спојот на високото образование, научните достигнувања, широкиот хоризонт и ерудицијата со духовна и морална доминантна одредница во животот е видливо присутна, тогаш сигурно животот на нашиот народ брзо ќе се промени кон подобро. А бидејќи Русија е држава што има влијание на целиот свет, преку опитот на спојот на интелектуалното и духовното, ние ќе можеме дејствително да влијаеме на светот и да му ја пренесеме својата сопствена порака. И кога ќе нѐ прашаат каква е вашата порака кон светот, ние треба да одговориме: ’Тоа е спој на знаењето, интелектот, образованието и духовноста‘. Во тој спој е силата на нацијата, силата на народот. Токму тоа единство и ја определува животоспособноста на државата“, истакна Светејшиот Патријарх.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3122
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2956
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…