логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Mihail.T.sv.Petka

Св. Петка
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

     Нашиот Спасител Господ Исус Христос, пред Своите страсни страдања, им рекол на своите ученици: ,...Утешителот, нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд..."(Јн.16;7-8). Овие Христови зборови, за многумина можеби изгледаат нејасни, па се прашуваат што тоа значи? Како може да изобличува за грев, но во суштина ова изобличување за грев, се случува со силата на Светиот Дух, и им помага на луѓето, да останат достоинствени луѓе, односно им помага да прават разлика помеѓу доброто и злото, и истовремено ги упатува кон моралните вредности, во овој овоземен живот.

          Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат до состојба да бидат манипулирани, и живеејќи и дејствувајќи со таква аномалија ги нарушуваат моралните принципи па често пати доаѓа до мешање на системот на вредности, и неможност за расудување на тоа што е добро а што зло. Ние како луѓе сме слаби и кревки по природа, и често пати под разни сугестии и притисоци лесно можеме да потклекнеме во тие наши оценки и проценки, што е корисно а што е штетно, што е морално, а што е неморално. Но, таму каде што дејствува Светиот Дух, таму се буди човековата совест, и таму моралното чувство се упатува кон Божествениот критериум. И таму доаѓа до корекција, односно до реалните морални вредности кај луѓето. Тогаш доаѓа до синергија на Божјата волја и човековото учество во некое дејствие, и тогаш се постигнува вистинската полнота на човекот како морално, совесно и одговорно битие и пред Бога и пред луѓето. Но, често пати ние како луѓе, се сретнуваме со поединци каЈ КОЈ совеста и моралните принципи се помрачени па се прашуваме, како е можно да постојат такви луѓе. Тоа зборува за отсуство на таа синергија помеѓу Духот Свети и човековото дејствување, таквиот човек постапува по своја волја и сопствено убедување, без да го слуша внатрешниот глас на совеста, кој е глас на Светиот дух во нас.

Ние денескаја прославуваме света преподобна Параскева - Петка. Ниту света Петка, ниту сите останати Божји угодници, независно дали се маченици, светители, преподобни и слично, никој од нив не се родил како светител. Сите имале пат по кој врвеле, и се издигнале на таа височина, да се уподобат да бидат светители во Царството Божјо и да бидат прифатени и прославувани од светата Црква, како Божји и свети угодници. Само со нивен труд и подвижништво, сигурно не ќе можеле да ја постигнат зададената цел, да бидат Свети, како што е Свет и нашиот Отец Небесен.(Ис.ll; 44) Тие тоа го оствариле со помош, поткрепа и содејствие на Светиот Дух. А, за да го придобијат Светиот Дух, да им биде помошник и содејсвител, била потребна нивна чиста вера, добри дела како предуслов да се пројави тоа взаемно содејство и синергија, помеѓу Светиот Дух и човекот, а преку тоа и да се оствари светоста.

           Таму каде што има неморал, отсуство на вера, нечистотија во секој поглед, со таквите постапки ние ги изгонуваме Светиот Дух од нас, и патуваме во овој век и свет со сопствени сили и без поткрепа на сила одозгора. Затоа, најголем дел паѓаме во разни стапици од лукавиот, кои не оддалечуваат од Бога, правдата, љубовта и добрите дела и угодуваме на лукавиот кој е непријател на човекот од искона, и како што апостол Павле вели рика во пустина, само некој да го проголта.

Прославувајќи ја денес света Параскева - Петка, да се обратиме со искрена молитва и вера, како и кон останатите Божји угодници, тие да измолат милост Божја, па благодатта на Светиот Дух, да биде со нас. Преку тоа да можеме да го победиме секој грев и лоша мисла; да одиме по вистинскиот Христов пати да стасаме во Царството Божјо заедно со останатите Божји угодници, сега и во сета вечност. Амин!

Отец Михаил Трајковски

 

 Друго:

https://preminportal.com.mk/images/stories/vesti24/Mihail.T.sv.Petka1.jpg?1762496151

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2135
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2154
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 595
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/05/2026 -сабота

Светиот апостол Симон Зилот; Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин; Преподобна Исидора Јуродива; Блажената Таиса;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот, исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная