„Нека ова ново светилиште израсне во живо сведоштво
на нашата вера за идните поколенија,
бидувајќи вечен извор на благослов
за сиот православен народ.
На многаја и благаја лета!“
Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.
„Овој нов молитвен дом нека биде уште еден сведок дека нашиот народ продолжува да биде црквоградител и дека Македонија продолжува да биде земја храм, земја манастир и земја крст“.
„Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето храмот се градеше цели 13 години. Последниот повик на Македонската православна црква пред неколку години општествено одговорни личности да придонесат за довршување на овој значаен духовен и културен објект во центарот на главниот град вроди со плод.“
28.09.2025 лето Господово