логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  30.09.2014 год.




Еден од најпочитуваните архијереи од Грчката Црква, Митрополитот Пирејски г. Серафим организираше хуманитарен концерт за помош на сиромашното грчко население, погодено од финансиската криза во земјата. Концертот наиде на одобрување меѓу народот, и беше посетен од мноштво посетители, со што се собра значителна сума на средства кои ќе им бидат поделени на оние на кои им се најпотребни.

Обраќајќи им се на присутните, митрополитот Серафим истакна:

  • - Живееме во трагично време за нашата земја. Причината за оваа катастрофа не е некоја природна катаклизма, туку алчноста и предумислениот план на глобалната влада. Но, Грција преживеала многу потешки искушенија, и секогаш ги надминувала преку верата во Христа и бесмртните идеали на нашиот народ.
  • Особено Православната Црква секогаш била арка за спасение на Грците… Црквата не е министерство за социјална правда, нејзината цел и задача е Царството Небесно, и затоа таа е инспирација за нас во надминувањето на нашите слабости. Во денешната ситуација, кога државата е беспомошна, се создава вакуум кој го пополнува Црквата. Нашите средства се ограничени, но со неограничена љубов и вера во Господа ја спроведуваме нашата мисија. Ако е тоа потребно, подготвени сме да ги продадеме кандилата и лампадите од нашите цркви за да им помогнеме на оние кои се во нужда.“


Извор: Ruskline.ru

Извор: Кумановско- осоговска епархија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2973
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2808
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…