логоFacebookTwitterYouTubeeMail

209061.b.jpg


22 јули 2015 лето Господово

Научниците од археолошкиот институт РАН при ископувањата во Георгиевскиот соборен храм во Новгород, ја пронајдоа загубената во почетокот на XX век гробница на Св. Теоктист, којшто ја вршеше должноста Архиепископ Новгородски во почетокот на XIV век. Во гробницата беа пронајдени златоткани покривки и моштите на светиот, кои биле пренесени во Георгиевскиот соборен храм некаде во XVIII век, соопштува прес службата на археолошкиот институт.

„Пронаоѓањето на гробницата на Светиот е голем настан не само за Новгород, зашто тој е општоруски светител, а освен тоа ние успеавме да спасиме ткаенина од XVIII век, како и самата гробница“, изјави раководителот на експедицијата Владимир Седов.

Според неговите зборови, при расчистувањето на крајот од северниот дел од храмот, била пронајдена камена плоча од гробница, која претходно била покриена со крајот од подот. Под таа плоча се покажал слој на песок. „Ние го расчистивме тој гроб, се покажа дека погребениот бил покриен со брокатно платно. Самиот скелет бил положен на свилено платно на кое со златен конец бил навезен крст. Тоа се уникатни платна од  XVIII век и ние успеавме да ги спасиме“, раскажува Седов.

Св. Теоктист станал Архиепископ Новгородски и Псковски во 1300 година. Поточно, тој бил посредник во конфликтот помеѓу кнезот Михаил Тверски и Новгород, а договорот што бил постигнат помеѓу нив бил наведен во „Теоктистовата грамота“, со потпис и печат на Архиепископот. Теоктист се упокоил во 1310 год., и бил погребен во Благовештенскиот манастир.

По 300 години, за време на царот Алексеј Михајлович, на неговиот гроб почнале да се случуваат исцеленија и над него била изградена црква. Во 1786 год., кога Благовештенскиот манастир бил испразнет, моштите на Светителот биле пренесени во Георгиевскиот соборен храм. Со тек на време, над неговата гробница бил поставен сребрен споменик. „Со доаѓањето на Болшевистите споменикот бил запленет и местото на погребение се изгубило“, вели Седов.

Според неговите зборови моштите биле предадени на Црквата и во свое време тие ќе се вратат во Георгиевскиот храм, кога таму ќе завршат археолошките и реставраторски активности. Освен тоа во оваа сезона научниците успеаја да откријат и неколку фрагменти на фрески со ликови од XII век, а во ѕидовите на храмот биле пронајдени вѕидани плочи од XIV до XVIII век.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2977
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2811
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…