логоFacebookTwitterYouTubeeMail

21.09.2020 - 15 години заедно со нас 

Интернетот како глобален простор за размена на информации и натпреварување во идеи, е можност за динамична размена на мислења. Од друга страна во моментот кога постои и огромна духовна деструкција, кога се е дозволено, (но секако не ни е и полезно), електронското издаваштво и on-line комуникацијата е солуција за интерактивно заземање на информативен, теоретски, научен, историски и културен пристап, создавајќи круг на оние кои ќе не читаат или ќе пишуваат за нас.

Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет.
 

Црквата, како Тело Христово, го знае патот на спасението и на култот на личноста, егзистенцијалистичкиот и атеистичкиот пристап, се спротивставува преку изворната суштина на црковното остварување на личноста.
 

Се што е соединето со Бога, спасено е!

 
Потпирајќи се пред се на разумот и сетилата, многу тешко можеме да го примиме животот на црквата и сопственото духовно восовршување.

 

ЦЕЛИ НА ПОРТАЛОТ:

  • Градење на темелните човекови вредности и одухотворување на секојдневната егзистенција на современиот човек;
  • Промовирање на нашите културни корени и духовни извори кои како православни христијани не напојуваат, стекнувајќи заедница на меѓусебно човекољубие и заедничарење со Бога;
  • Преку творечкото надминување и соединување разликите и исклучителностите да поттикнуваат и претставуваат есхатолошки патоказ кон вечната иднина. “Христос е неограничен Бог. Не се распна само за оние што веруваат во Него, туку за секој човек - до последниот што ѓе се роди од жена“;
  • Разбирање, запознавање и дружење низ критичко размислување и воспоставување дијалог;
  • Промовирање корисни знаења

21.09.2015 - 10 години заедно со нас 

 
 

 Д-р Сашко Насев: ДА СЕ БИДЕ ДОСЛЕДЕН - 10 ГОДИНИ „ПРЕМИНПОРТАЛ“

Sashko.Chija.si.jpg

10 ГОДИНИ „ПРЕМИНПОРТАЛ“

ДА СЕ БИДЕ ДОСЛЕДЕН

Кога пред точно пет години, ние на нашите пријатели им ја честитавме ангажираноста да постои еден интернетски медиум како „Преминпортал“, напоменавме дека медиуми како овој ќе трае! - Сите нешта кои се создадени од срце и со страст – траат во епохата. Траат затоа што се базирани на големи замисли и идеи. А не е тешко да се открие дека желбата за доближување на духовноста, генералната култура и конкретните научни акции во секојдневието се оној перпетум мобиле на уредништвото на „Преминпортал“ што како такви ја движат благородната нивна мисија – читателот да е информиран, да се запознава со текст и слика и најнакрај, да е задоволен тој читател што времето посветено на овој медиум е исполнето време.

Дозволете повторно, како пред пет години, честитајќи ја десет годишнината да истакнеме неколку вредности. Прво, за да пронајдеш мир во смирувањето на гладта за добро четиво веќе не е неопходно да тргнеш на голем пат. „Преминпортал“ е достапен на интернет и може да претставува порта кон „прелистувањето“ огромен број на страници и приказни често и невообичаени и неможни да се најдат на друго место, во друг медиум. Второ, оној усет за етицизирано и естетизирано што е пред нас кога сме заедно со „Преминпортал“ не прави да имаме емпатски дискурс со нешто добро, нешто корисно, нешто битно. Без разлика дали сме свесни или со апстрактни ставови за религијата, за науката и културата во земјава, за литературата, ние медиумов може често да го користиме и како информација, но, и како медиум кој има став.

Третто, можеби единствено во сегашниов миг на овој дел на светот, е бесконечната хуманост во пораките и во практиката. Тоа се должи пред се на усетот и чуствата за големата максима на Свети Климент Охридски - „Прави добро“. А „Преминпортал“ со целата своја габаритност и интелектуален ангажман и со целата своја ненаметливост во обмисленост го прави тоа – ни прави нам, на читателите - големо добро!

Затоа дозволете оваа декада на вложен труд во овој медиум да ја поздравиме од срце и да и посакаме, честитајќи го скромниот (но величествен јубилеј – десетгодишнина), да се развива и понатаму и да се претвори во десетици следни децении доследни на досегашниот квалитет. Честитки за роденденот на сите што го создаваат и читаат нашиот „Преминпортал“.



 
 

Роденденска честитка за Премин Портал

Со голема љубов во Христа и со особена почит кон мисијата што ја правите меѓу народот во овие десет години, ви го честитаме овој јубилеен роденден, посакувајќи ви уште многу години плоден труд на нивата Божја за слава на Неговото свето име. Премин Портал ја отвори портата за медиумското присуство на нашата Православна Црква како прв црковен сајт, и за тоа секако неоспорна е заслугата на нашиот возљубен Митрополит Струмички Наум. Во ова наше современо либерално општество, кога современиот човек полека го губи својот идентитет во лавиринтот на динамичната бескрупулозна егзистенција, незаменлива станува улогата и значењето на православните портали, како своевиден излез и патоказ кон светлината и радоста на личносното општење со Бога. Нека Он Милостивиот и понатаму раководи со сите ваши дела во полза на нашата Света Црква и за доброто на овој наш христољубив народ. На многаја лета.

Игуменот Партениј со своите браќа од Бигорскиот и сестри од Рајчичкиот манастир

 


 21.09.2010 - 5 години заедно со нас

„Само напред. Иднината треба да се предизвика со љубопитност, а не да се чмае во незнаење. Ќе бидеме среќни ако овие големи потфати како што е порталот ПРЕМИН доживеат и полнолетност и длабока старост. Судено им е на квалитетните нешта да траат. А ова ќе трае. Затоа што со своите напрегнати духовни струни ја збогатува музиката на духовноста во огромниот и безграничен интернетски пејсаж. Со голема почит и навистина искрени желби остануваме да бидеме второто стапало во заедничкиот чевел со премин, а чевелот да се викал наше совремие. Нека е аирлија, нека растат ваквите медиуми со смисла.“

Д-р Сашко Насев

 


 Митрополит Струмички г. Наум: Вистинско сведоштво (01.02.2008)


 

Благодариме...

Љубејќи Го,  и чекорејќи по духовните патеки – ние го бараме Него, верувајќи безгранично, безвремено. Соединети на патот кон Царството, во мир низ покајание, небесно  смирение ,и  молитва до истоштување, Го наоѓаме Него во нас.

Да разгледаме и да размислиме што е подобро: светот да го спечалиме или Бог да Го придобиеме? Да станеме наследство на Бог  за да Го наследиме! Човекот, како и Творецот, се возвишени и стојат над се. Ако не ја придобиеме својата душа и Бога, тогаш и целиот свет да го спечалиме, себеси сме се изгубиле (Преподобен Ефрем Сирин).

Умносрдечно,  со Црквата која Христос ја изгради, љубовно да го исчекориме патот кој Он ни го покажа, а споени во времето преку овој портал кој го нарековме Премин.
И во овие денови, по пет години постоење, Му благодариме на Бог за радоста со која не дари.

Дарко, Гоце, Трендо, Драган, Стони, Маја, Сузана, Лукас, Ана,  Владиците  Агатангел, Методиј... нивната драгоцена соработка во првите наши чекорења, многу ни значеше. Како одминуваше времето, прекрасни авторски текстови и преводи споделија со нас, сестра Макрина, отец Гаврил, Сашко, Златко, отец Горан, Бисера, Мирјана, отец Игор, Стојанче, Благица, Славица отец Ристо, Михаила, Звонко, Владиците Тимотеј, Пимен, ...

Имавме моменти со кои тешко се носевме. Патот знаеше да биде радостен, но и трнлив, но и во радот и во тага по благодарноста  ќе не препознаат дека сме Негови...

Од Уредникот
 
 
 
 
Драги пријатели, не трогна вашето внимание и љубов со која не дарувавте на денешниов голем празник Раѓањето на Пресвета Богородица.
Денес, пред седум години Нејзина прекрасна и силна закрила побаравме и ние како редакција.
И вас, вашето внимание и подршка ја чувствуаме како голем дар од Бога.
Ти благодариме бескрајно Владичице, наша закрилнице.
Му благодариме на Бога за се.
По молитвите на Пресвета Богородица, Господе Исусе Христе помилуј не. Помилуј ја нашата татковина Република Македонија.
 
 
 
Друго:
 
 
 
 
 
 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 06, 2021
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела…
Јануари 05, 2021
3.angeli.so.truba

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 115
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз

Дек 10, 2020 Филм, Театар 354
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои…

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

Окт 23, 2020 Литература 450
3.angeli.so.truba
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да…