логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Nubia1-768x432

По милоста Божја и благословот на Неговото Блаженство, Теодор II, Папа и Патријарх Александриски и на цела Африка, Митрополитот Нубиски Наркис (Гамох) го основа првиот мисионерски центар во Јужен Судан – најновата независна држава во светот, меѓу најстрадалниот народ вовлечен во цивилна војна повеќе од 30 години, со кратки прекини.

Првиот мисионерски центар ќе биде именуван во чест на славниот Апостол и Евангелист Марко, основачот на Александриската Црква. Мисионерските трудови ќе бидат со седиште во Монгала, источното предградие на престолнината Џуба, на 500 метри од Белиот Нил.
Во неговиот краток говор, Неговото високопреосвештенство, им ја пренесе на верните апсолутната љубов и грижа од Патријархот на Јужен Судан, ги поздрави неколкумината грци, кои останаа во тие места и покрај сите тешкотии и опасности, и посака овој ден да биде почеток на долг мир и единство за Јужен Судан, и овие ранети луѓе да преуспеваат и да се развиваат.
Следниот ден, на 11 Јануари, после 38 години, за првпат беше отслужена Божествена Литургија во црквата на Св. Стилијан во гратчето Џуба, од Митрополитот Наркис Нубиски. Свето восхитување и неискажлива радост ги обзеде неколкумината присутни кои останаа во Јужен Судан и покрај опасните политички услови, додека владиката се молеше 2015 та да биде година на мир и да донесе помирување и единство меѓу луѓето. Пред отпстот, владиката ја благослови и раздели питата за св. Василиј.
На 12 јануари, митрополитат беше примен од Мр. Мојсеј Телар Киндет, Министерот за религиозни работи, кој го истакна историското присуство и придонесот на Православната Црква во тој регион и желбата да се продолжи истото и во иднина, сега која Јужен Судан е независна држава. За возврат, Министерот вети дека новата држава ќе овозможи секаква можна помош на Православната Црква за достигнување на нејзината неопходна мисија.
На крај, на 13 јануари, владиката го посети Вау, уште еден град на Југот, за да посети неколку православни семејства кои живеат таму, да отслужи божествена Литургија во црквата на пророкот Илија и да изврши крштение над многу деца.


Митрополит Наркис Нубиски

Nubia2-768x432

Nubia3-768x432

Извор: http://orthodoxmission.org.gr/2015/01/revival-orthodoxy-south-sudan/

Преземено од: Преспанко- пелагониска епархија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2613
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2407
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…