За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
“Ниту ситe вo пустината сe спасија, ниту вo свeтoт ситe загинаа“ (13.02.2022)
На eдeн граѓанин, кoј нe бил наклoнeт кoн мoнаштвoтo а сакал да пoјдe вo манастир, св. Нeoфoнт му рeкoл: “Чeдo, мeстoтo ниту гo спасува ниту гo пoгубува чoвeкoт, туку дeлата гo спасуваат или гo пoгубуваат”. Нeма кoрист ни oд свeтo мeстo ни oд свeт чин oнoј кoј нe ги испoлнува запoвeдитe Гoспoдoви.


Ние не сме како православците од старите времиња.Сега повеќе намаме сили. И за нас постои само еден пат а тоа е смирението.Јас на секого му кажувам, како еден Отец мене ми кажа: Секогаш кога ќе влезам во Црква, јас треба да мислам како сите во таа Црква се подобри од колку јас самиот. Исто така треба да зборувам кратки молитви во мојот ум.„Господе прати ми го покајанието.“
Христос не сака да не исцели без да не научи како да бидеме здрави. А за тоа е потребен труд, трпение и пред се време. Поентата не е да се исцелиме во одреден случај или да се надмине одредена препрека во нашиот живот, туку да научиме да живееме прекрасно и целосно. Да живееме, а не да преживуваме.
Некои од нечистите духови секогаш седат покрај оние што читаат и на сите можни начини се трудат да им го отстранат нивниот ум на друга страна. Честопати, откако за тоа земаат некој повод и од самото Свето и божествено писмо, ги наведуваат на лоши помисли. Ги тераат да се прозеваат, ги исполнуваат со поспаност која е многу поинаква од обичната.
Во рајот нема да одиме со вратоврска. Ги гледате светителите? Кој отиде со неговата човечка мудрост во рајот? Еден без глава, друг без раце, трет без нозе, сиромашни, наклеветени, болни… Тесен е патот кој оди кон широчината на рајот, како што вели пророкот Давид: „Во маката моја дај ми простор“ (Псал. 4,1).
Или уште полошо - недостатокот од себеспознание и смирение. Страшното не е во тоа што грешиме, туку што мавтаме со прстот кон другите, говорејќи за етика, им судиме на нивните животи. Ова е предизвикување на Божјата долготрпеливост.
„Ако не можете да го завртите другиот образ, барем истрпете го ударот по десниот“. „Ниту тоа не можеме“, одговорија повторно. „Ако и тоа не го можете, барем не враќајте на ударот со удар“. Тие рекоа: „Ниту тоа не го можеме“. Тогаш свети Антониј му рече на својот ученик: „Свари им нешто да каснат. Тие се болни“, а ним им рече:
„Молете се повеќе за gругите отколку за себе. Кажувајте ги зборовите: Гocпogи Исусе Христе,
Кој го признава законот како збир од сите морали, тој ја познава само корицата на книгата за моралот.
Бог посакува сите да се спасат, но овој дар на спасение мора да биде прифатен од верникот, зашто Бог нема принудно да наметнува спасение на човештвото. Додека од една страна имаме слобода да го одбиеме дарот на спасението, од друга страна страдањето ни помага да се потсетиме дека се во овој свет е минливо и дека ни е потребен Бог.

Свети Јован Лествичник ги собрал еднаш пустинските старци, за да му кажат што значи смирението. Тогаш секој зел збор и со скромност и длабочина го изложил својот животен опит. Еден рекол дека смирение е да ги заборавиш своите добри дела, да не ги паметиш и да не бидеш горд. Друг рекол дека смирение е човек да се смета себеси за последен и најгрешен од сите. Трет рекол дека
Прашањето не е што мисли светот за тебе. Ти гледај да бидеш ‘’вистинит’’ во животот, да имаш чиста совест дека не си погрешил, не си повредил, не си осудил, не си мразел, не си изневерувал, не си клеветел, не си се одмаздувал , не си понижувал, не си се исмевал, не си злоупотребувал (а ако си го направил сето ова, си плачел и си се покајал ); си понудил поткрепа,
Кога секој православен Христијанин молитвено размислува за Црквата, тој ја гледа Црквата пред се како Божји дар, а дури потоа размислува за Црквата како човечки одговор на тој дар. Црквата со право, би можела да се опише како есхатолошка стварност, бидејќи нејзината суштинска функција во овој свет, е да го пројавува и актуелизира есхатонот – крајната стварност на искупувањето и спасението.
Невозможно е човекот да чекори по овој пат, а да не се сопне некаде зашто ѓаволот од една страна, а светот и телото од друга, непрестајно поставуваат пречки во неговиот живот и тој на нив се сопнува, сразмерно на своето невнимание. Затоа, за човекот е полезно кога ќе падне, веднаш да стане и да побара прошка.























