логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Многусловието, разговорливоста, празнословието, излишните зборови, брбливоста се израз на суета, непромисленост и внатрешна вознемиреност. Безмолвието раѓа убава тишина и го „ткае“ зборот. Не станува збор за неактивна состојба, пасивен чин, слабо дело, безболна неактивност, туку свесен труд на самоспознание, самонабљудување, самоиспитување и задлабочување во божествените работи. Св. Серафим Саровски вели: „стекни мирен дух и илјадници околу тебе ќе се спасат“. Не мора да зборуваме цело време. Луѓето се уморија од многу арогантни, нејасни, лицемерни, закоравени зборови. Еден мудрец вели: „Бог ни дал две уши и една уста – да слушаме повеќе и да зборуваме помалку“. Ние постапуваме како да имаме десет усти и ниту едно уво. Другиот зборува и ние не го слушаме, туку мислиме што ние ќе кажеме. Така, како што вели поетот Георгиос Сеферис, имаме паралелни монолози. Ние не водиме дијалог и не комуницираме.

Св. Георгиј Победоносец никогаш не проповедал. Тој секогаш бил исполнет со мир, светлина и радост. Го прашувале: „Зошто си таков, Георгие?“ „Христијанин сум“, одговарал. И другите, исто така, станувале Христијани за да се разубави нивниот живот.  Св. Арсениј Велики рекол: „Се покајав што зборував, но не и што молчев“. Многусловието ќе доведе до грев. Зборот не е секогаш суштинска врска помеѓу луѓето. Недостатокот на духовност го принудува словото да ги разделува, а не да ги обединува луѓето. Две лица кои патуваат заедно, не е неопходно постојано да зборуваат. Луѓето денес се преуморни од многуте зборови со празна содржина, истрошени, нелогични, лажни, без врска со животот.

    Една тивка, важна, света, убава личност е онаа на Пресвета Богородица.

Целиот Нејзин живот е едно безгранично молчание.

Многу малку од нејзините зборови се запазени.

Ова е скромната, чиста, смирена и тивка ќерка од Назарет.

Пресвета Богородица е искуство на тишина, олицетворение на молчанието, таа е вљубена во безмолвието. Колку повеќе се задлабочуваме во тајната на Пресвета Богородица, толку појасно го гледаме и слушаме словото на тишината.

И не само тоа, туку го откриваме и Божественото во тишината, нејзината врска кон созданието, кон секое длабоко и големо нешто кое постои во нашиот живот (Халкидонски митрополит Мелитон).

Нели Света Богородица знаела да зборува?

Не можела ли да каже нешто?

Таа немала ли збор? Таа доброволно молчела од смирение.

Таа Го оставала Нејзиниот Син да зборува.

Таа постојано била во Неговата сенка.

Гласната беседа на Света Богородица е Нејзиното постојано молчание.

Ова Нејзино молчание, патем, ја осудува строго секоја женска разговорливост.

 

Верникот е повикан да се поучи од поучното и мудрото слово на молчанието. Свесното одбивање да се зборува е израз на искуство. Човек молчи среде голема радост; не наоѓа соодветни зборови за да ја изрази. Тој молчи и во длабоката болка. Не наоѓа зборови; ги претвора во топли солзи. Што може човек да ѝ каже на мајка која го погребува своето мало дете? Искрено признавам дека се лутам кога слушам банални зборови, возвишени, понекогаш бездушни, дури и сурови кон страдалната мајка. Подобро е да не кажуваме ништо. Подобро да се помолиме. Рековме дека не е секогаш потребно да зборуваме, да сакаме да ги утешиме другите преку зборови.

Молчанието ги придружува светците во големите моменти – светите моменти на размислување, внатрешната концентрација, самопрекорувањето, истражувањето, молитвата. Молчанието го обвива истражувањето, бдеењето, откритието на мудриот научник. Молчанието го покрива мачеништвото на страдалниот, на оној кој има потреба, на несреќниот. Во часовите на молчание се прават големите чудеса, скриените херојски дела, тајните лични револуции, запознавањето со нашето непознато јас. Ова е значајното молчание на светителот, врвното молчание на мудрецот, трпеливото молчание на херојот, скапоценото молчание на трпеливиот и упорниот, евангелското молчание на самопожртвуваниот.

Уморни сме од многубројните незапирливи, бесмислени и ефтини зборови. Нивната цена е висока, тие ја заменуваат суштината, основните, значајни и свети работи. Потребен ни е мир во златното молчание, скапоценото слушање, виталноста на потребните зборови. Вреди да се стишиме, да се препуштиме на безмолвието, да одмориме, за да го слушнеме во безмолвието тивкиот глас на Бога, вознемирениот глас на нашата совест, поучниот глас на светото минато, за да се покаеме искрено.

Молчанието изгледа поседува една непозната, таинствена, моќна сила која не го сака распаѓањето на површната дискусија, на избрзаните зборови, на хаотичниот говор. Молчанието е слободно, пријатно, бескомпромисно, блажено. Авва Исак Сирин поттикнува, не само монасите, да го засакаме повеќе од што било молчанието, затоа што тоа е јазикот на идното време, на бесконечното и полно со радост Небесно Царство. Ако чувствата не можат секогаш да се изразат со човечки зборови, како можат да се опишат духовните искуства? Св. Ап. Павле во своето прекрасно послание до Христијаните во Коринт напишал дека беше грабнат и однесен во рајот и слушна неискажливи зборови, кои човек не може да ги изговори (2. Кор. 12,4). Тој не може, вели, да го искаже своето искуство со зборови. Честопати во Синаксарите гледаме како светците ги кријат своите искуства, молчат, плашејќи се дека ќе ја изгубат благодатта и радоста, утехата и раскошноста од прогласувањето и ширењето на нивните повисоки искуства.



✣✤✣

Св. Серафим Саровски вели: не отворај ја својата уста и своето срце пред секого; од илјада еден ќе те разбере. Светителот не сака да нè направи воздржани, сомнителни и затворени, туку учтиви и внимателни. Радосно е за човек да ги слуша словата на светците. Но, поголема  радост е ,,да ги уловиш брановите… на молчанието и богословието на молчанието на светците“ (јеромонах Јоаникиј Коцонис).

Тројца посетители отишле кај Свети Антониј Велики. Двајца од нив го прашале за многу различни работи. Третиот не прашал ништо. Не затоа што немал потреба од совет или затоа што се чувствувал духовно доволен и не го ценел духовниот збор на преоподобниот, туку затоа што се поучувал повеќе од неговиот однос, молчанието, смиреноста на неговиот лик. Кога светецот го прашал: „ти зошто не прашуваш ништо?“, тој му одговорил спонтано: „доволно ми е само тоа да те гледам, свети угодниче Божји“. Тоа му било доволно, поучно, полезно. Тој го чувствувал богословието на неговото молчание, кое ја ценело болката на луѓето и го отфрлало шармот на горделивото знаење.

    Тишината сама по себе не значи ништо. Вреди човек да молчи, разговарајќи постојано со Бога, имајќи смирено чувство за себеси, како и внатрешен мир, трезвеност и кротост. Преподобен Арсениј се молел на Бога да му покаже како ќе се спаси и слушнал глас: „бегај, молчи, безмолствувај!“. Еден друг преподобен вели дека молчанието и тајниот духовен труд водат до светост. Авва Мојсеј карактеристично вели дека човекот кој го сака молчанието и избегнува многу разговори изгледа како зрел грозд полн со сладок сок, додека брбливиот изгледа како кисел грозд. Големиот отец на расудувањето, авва Пимен, многу соодветно забележува: има некои луѓе кои молчат со устата и зборуваат со умот, додека други зборуваат од утро до вечер, но го пазат молчанието, бидејќи ништо од она што го кажуваат не е излишно и бескорисно. Во извонредниот, прекрасен и неверојатен Патерик исто така се споменува: „ако ја придобиеш добродетелта на молчанието, не се фали дека си постигнал нешто важно. Убеди се подобро себеси дека не си достоен дури ни да зборуваш!“

Тивката, подвижничка и мудра пустина го учи немирниот свет на многу работи, од љубов и со болка. Светот произведува секој ден бесрамно, егоцентрично, неразумно и богоборно слово. Тоа има демонски елементи, бидејќи доведува до автономија, моќно верување во себе, доминантно господство и амбициозна самодоволност, за кои смета дека се генијални дела на умот, а тоа е апсурд. Светот го смета јазикот за оружје за уништување на другите, на непријателите. И покрај тоа што на овој начин стигнува до страшен безизлез, тој не се смирува и не се покајува, признавајќи го својот пораз и одлучувајќи се за повеќе трпелив и попустлив однос кон својот ближен. Голем недостаток на мудрост е да мислиш дека си мудар во правењето и кажувањето на она што го сакаш насекаде и секогаш. Ароганцијата на логоманијата претставува немилосрдно наметнување на сè и накрај – безумие.

Зборовите без дела се суетни, оскудни и го разоткриваат нивниот говорник. Според Свети Ефрем Сирин, зборовите се лисја, а делата се плодовите. Делата ја отсликуваат добродетелта, а зборовите треба да бидат сенка на сликата на делата. Старците ги молеле другите да се молат за нив, да не бидат осудени, кажувајќи нешто што претходно не го направиле. Според авва Пимен, оној што поучува, а не го прави она што го вели личи на чешма која едни ги напојува и мие, а себеси не може да се очисти. И на друго место, мудро и смирено, тој продолжува: ,,сакаме од другите совршенство, а ние не го правиме макар и најмалото; ако нашиот живот нема никаква врска со нашите зборови, и нашите зборови не одговараат на нашиот живот, изгледаме како леб без сол“.

Продолжува…

Избор и превод на текст: Наташа Наумоска

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/molchanieto-koe-zboruva-vtor-del/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная