логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Patot.na.podviznikot53

Свештеник ПАВЛЕ Гумеров

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II


ПОКАЈАНИЕ – ОСНОВА НА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

 

 

 

                Човекот е суштество што на сè се навикнува. Така се навикнува и на сопствените гревови и страсти. Иако ја чувствува нивната ненормалност и внатрешната непријатност, сепак често нема сила ни решителност да започне борба со нив. Често се случува и сопружници кои некогаш длабоко се сакале, да западнат во повеќегодишна апатија и меѓусебно мачење, навикнувајќи се толку многу на таквата состојба, што иако жеднеат за љубов и здрави човечки односи, не успеваат ништо да променат.

Гревовите се причина за нашите духовни, а понекогаш и телесни болести. Тоа го сфаќаат дури и луѓето што воопшто не се воцрковени. Гневот, унинието, стомакоугодувањето, пијанството и другите страсти не ги мачат само христијаните — тие го разоруваат секој човек.Гревот е тој што ни ја растура среќата и во овој живот, а уште повеќе во вечноста. Како може да биде среќен човек кој е поробен од гордост, суета, гнев или блуд?


Како да започнеме борба со страстите?


Свети Теофан Затворник учи дека најнапред треба буквално да го замразиме гревот со кој се бориме и, „одвоени од вознемирувачката страст и препознавајќи го во неа својот непријател, да започнеме борба со неа, земајќи час едно, час друго духовно оружје, сè додека не побегне или не се сокрие од нас“.[1]
Откако цврсто ќе решиме да влеземе во борба со гревот, неопходно е да се покаеме, бидејќи единствено преку Тајната Исповед добиваме вистинско разрешување од гревовите.


Да се задржиме на ова поподробно.


Покајанието е, без сомнение, темел на духовниот живот. Тоа ни го сведочи Евангелието. Претечата и Крстителот Господов Јован ја почнува својата проповед со зборовите: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Мт. 3,2). Со истиот повик настапува и Господ Исус Христос на Своето јавно служење (Мт. 4,17). Без покајание нема приближување кон Бога, ниту победување на сопствените гревовни наклонетости. Господ ни го дал големиот дар — дарот на исповедта, преку кој се ослободуваме од гревот, бидејќи свештеникот е обдарен од Бога со власт „да врзува и да разрешува“ човечки гревови.


Често може да се слушне изјава:
„На вас верниците ви е лесно: згрешив, ќе се покајам — и  Господ сè ќе ми прости.“

Patot.na.podviznikot49

             Во Пафнутијево-Боровскиот манастир во советско време имало музеј. По обиколката, водичот им пуштал на посетителите песна од Шаљапин: „Живееле дванаесет разбојници“. Со својот моќен бас тој пее како Кудејар, еден од разбојниците, ги напуштил злоделата и се замонашил за да му служи на Бога и на луѓето. Потоа водичот им рекол нешто од овој тип:
„Ете што учи Црквата: грешиш, крадеш, пљачкосуваш — после ќе се покаеш и сè ќе биде простено.“


Такво погрешно толкување понекогаш имаат луѓето.


Навистина, има и такви што ја доживуваат исповедта како некаква духовна перална — можеме да се валкаме во гревови без грижа, мислејќи: „Потоа ќе се исповедам, па сè ќе се измие.“ Но гревот не е дамка што се брише со крпа. Таквата исповед не носи корист. Човекот пристапува не за спасение, туку за суд и осуда. Формално може да се „исповеда“, а пред Бога да не добие никакво разрешување. Не е толку едноставно.


Гревот и страста нанесуваат голема штета на душата. Дури и оној што се покајал ги чувствува последиците. Како човек што оздравел од сипаници — белезите остануваат. Недоволно е само да се исповеда гревот; треба да вложиме труд за да ја искорениме наклонетоста кон грев во сопственото срце.


Кога лекар отстранува канцероген тумор, пропишува и терапија за да се спречи враќање на болеста. Така и во духовниот живот — не е лесно веднаш да се напушти страста. Но искрениот покајник не смее да биде дволичен: „ќе се покајам, па пак ќе грешам“. Човек е должен да вложи сите напори да тргне по патот на поправање, да не се враќа назад, туку да Го моли Бога за помош:


„Помогни ми, Господи, зашто сум слаб.“


Христијанинот треба да ги изгори мостовите што го враќаат кон стариот гревовен живот. Зборот покајание на грчки е „метаноја“ — што значи промена, преобразба.


        Зошто се каеме кога Господ и онака ги знае сите наши гревови?


Да, знае — но очекува од нас доброволно признание и лично враќање кон Него.


Еден едноставен пример: детето се протнало во шкафот и ги изело сите бонбони. Таткото точно знае кој го сторил тоа, но чека синот сам да му пријде и да побара прошка — и, секако, да вети дека ќе се труди повеќе да не постапува така.


Исповед и духовна борба


Исповедта, се разбира, мора да биде индивидуална, а не заедничка. Позната е практиката каде свештеникот чита список на можни гревови, а потоа само става епитрахил на главата на оној што се исповеда. Слава на Бога, денес многу малку храмови ја практикуваат ваквата „исповед“. Заедничката исповед била речиси секојдневна појава во советско време, кога малубројните активни храмови, особено во време на пост, биле преполни со верници. Исповедувањето на сите нив било едноставно невозможно. Исповедта по вечерната служба исто така скоро никаде не се одобрувала. Еден стар свештеник, кој служел во нашиот храм повеќе од педесет години, раскажува дека за време на Великиот пост оците морале да поминуваат низ редовите на покајници само за да успеат да стават епитрахил на главата на секој од нив. Секако, ваква „исповед“ е ненормална појава и не носи вистинска корист ниту очистување на душата.
           Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“. Преку своите зборови, човекот сам се ослободува од гревовите и добива прошка од Бога. Секако, понекогаш нè срами, понекогаш не ни е лесно да ги откриваме раните на душата, но токму преку тоа се ослободуваме од гревовните навики, победувајќи го срамот и вадeјќи ги како коров од сопственото срце. Без исповед и очистување од гревовите и страстите, невозможно е да се бориме со нив. Прво треба да ги увидиме, да ги извлечеме, а потоа да направиме сè да не пораснат повторно во нашата душа.


Несознавањето на сопствените гревови е првиот знак на духовна болест. Зошто подвижниците ги гледале своите гревови како морски песок? Светителите, приближувајќи се кон изворот на светлината – Бога, почнувале да забележуваат тајни делови на својата душа кои ние не ги приметуваме. Тие ја гледале душата во нејзината вистинска состојба. Пример: ако просторијата е валкана, но е ноќ, сè е скриено во полумрак. Првиот сончев зрак осветлува дел од неа — нередот станува видлив. Колку сме поблиску до Бога, толку повеќе се гледаат нашите гревови.


Еден угледен граѓанин дошол кај преподобниот отец Доротеј и го прашал: „За кого се сметаш во својот град?“ — „За голем и прв“ — одговорил тој. „А ако одеше во Кесарија?“ — „За последен меѓу велможите.“ „А ако одеше во Антиохија?“ — „За обичен човек од народот.“ „А ако дојдеш во Цариград и се приближиш кон царот?“ — „Дословно за бедник.“ Тогаш отецот му рекол: „Така и светителите, колку повеќе се приближуваат кон Бога, толку повеќе ја увидуваат својата грешност.“[2]


Исповедта не е извештај за духовниот живот или разговор со свештеникот. Тоа е откривање на себе без оправдување или самосожалување. Само така се добива олеснување и задоволство и се заминува од олтарот како на крилја. Господ знае сè околу нашите гревови. Неприфатливо е да ги обвиниме другите; тие ќе одговараат сами за себе. Ние одговараме само за себе.


Свети Јован Кронштатски вели: оној кој се навикнал на покајание и прекор во животот, ќе може полесно да одговара и на Страшниот Суд Божји. Светите отци ја нарекуваат исповедта „второ крштение, крштение во солзи“. Како и првото крштение, и второто носи дар на прошка на гревовите. Исповедта не смее да се одложува; треба да се практикува често и подробно. Не знаеме колку ни е дадено време за покајание. Секоја исповед треба да се доживее како последна.


Не треба да се срамиме од исповедта, туку од гревот. Многумина мислат дека свештеникот ќе ги осуди, па сакаат да изгледаат подобро отколку што се. Но свештеникот кој редовно исповеда не може да се изненади; голема утеха за него е искрениот покајник, дури и ако е најголем грешник.


Исповедта треба да биде честа и, ако е можно, кај ист свештеник. Во денешно време ретко кој христијанин има духовник. Кој навистина сака да се бори со страстите, треба да се довери на духовникот, кој ќе ја разбере состојбата на душата и ќе го насочи на патот на спасението. Честа исповед ја буди совеста и не дозволува да се смириме со ситни, секојдневни гревови. Преку борба со првата гревовна навика, чувствуваме олеснување - духовно и физички.

Ретка или формална исповед води кон закоравеност на срцето. Луѓето престануваат да ги гледаат сопствените гревови. Секој свештеник тоа добро го знае: човек доаѓа и вели „Јас не сум грешен“ или „Многу сум грешен“ (што е исто).

Еден пример: старица дошла на исповед и тврдела дека никогаш не згрешила. Исповедникот се обидувал да ја води кон покајание, но таа била непоколеблива. На крајот, кога ја прашал каде работела, одговорила: „Во колхозот.“ — „Никогаш не си земала ништо?“ — „Не, ништо, и немаше што да се земе.“ Исповедта покажува колку некогаш човекот не ги гледа сопствените гревови.


Резиме:


Пред борба со страстите треба да сме решителни, да го замразиме гревот и да се вооружиме против него. Потоа да се покаеме преку Тајната Исповед, не само исповедајќи го гревот, туку и одлучувајќи се да се бориме против него. По исповедта, треба да ги запалиме мостовите кои нè врзуваат за претходниот гревовен живот и да одиме напред, победувајќи ги страстите.

Како Јулиј Цезар кога пристигнал на англискиот брег, видел сè што ги врзувало неговите војници за Земјата и наредил да се уништи — останало само да одат напред. Слично, оној што започнал борба против страстите не смее да се осврнува.

Третиот услов за победа е спознавањето на сопствената немоќ. Страстите не се победуваат само со човечки напори; без Божја помош, тоа е само замена на една страст со друга. Некои психотерапевти, несвесно, практикуваат метод на замена: тага и депресија се победуваат со суета. Демонот само се повлекува на кратко, но потоа напаѓа со поголема сила.


Борбата без смирение води кон гордост, најлошата од сите страсти. Токму на неа се темели прелестта.


Страстите се лечат со спротивното — добродетели во душата. Свети Игњатиј Брјанчанинов учи: секоја од осумте страсти се победува со христијанска добродетел — стомакоугодувањето со воздржување, гневот со кротост, суетата со смирение. Подетално ќе се разгледуваат во наредните глави.


Подготвил С. Стефковски

30.11.2025

 

Patot.na.podviznikot38

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2270
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2566
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4812
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/12/2025 -недела

Божикен пост; (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св.е маченици во Африка;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови апостоли Состен, Аполос,Тихик, Епафродит,    Онисифор, Кифа и Кесар 21 декември/ 8 декември   2025

Тропар на светите Христови апостоли Состен, Аполос,Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар 21 декември/ 8 декември 2025

Пламени факели кои го осветлувате учењето Христово, бодри мажи кои за спасение на стадото ревнувавте, апостоли Состене и Аполосе, Тихике, Епафродите, Онисифоре,...

Тропар на светиот епископ Христов Амвросиј Милански  20 декември/7 декември  2025

Тропар на светиот епископ Христов Амвросиј Милански 20 декември/7 декември 2025

Славен е Господ во светиите свои,и препрославувана е Неговата грижаза спасение на родот човечки,во животот твој о Амвросие светиБожји угодниче,...

Тропар на светиот Христов архиепископ  рамноапостолен Николај Јапонски  19 декември/6 декември / 2025

Тропар на светиот Христов архиепископ рамноапостолен Николај Јапонски 19 декември/6 декември / 2025

Светлината Христова изнедри од срцето твое, и ги осветли оние кои седеа во смртна сенка на далечниот исток,о Николае рамноапостолен Христов...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная