И во последен момент разбрав дека секое лошо дело скапо го плаќаме!
Јас сум акушер-хирург гинеколог и речиси две децении живеев мирно и во изобилство.Нo, од 1999 година мојот живот доби друг тек.
Една ноќ во сон видов мноштво бебиња кои како да пливаа во огромен аквариум, кој беше пред мене и како да се давеа откако очајнички се обидуваа да најдат излез со туркање на стаклото. Никогаш нема да ги заборавам тие крупни очи што очајно ме гледаа.


Нека остане само односот „Христос и јас“ и околу оваа оска нека го гради својот живот. Затоа што од овој избор не зависи само нашата сегашност, но пред се учеството на нашата душа во задгробниот живот. Прашањето за спасението е длабоко лично и вреди да му се посвети енергија и време. Затоа, да ги оставиме примамливите заблуди на астрологијата и да се држиме цврсто со двете раце за облеката Христова.

Местото во рајот се заслужува. Со жртва од страна на оној кој сака да биде во него и да постигне вечно блаженство и спокој во милоста Божја. Ништо лично за неистомислениците, но тоа се правилата на христијанството. На ова е изградена целата христијанска етика. Да се каже јасно и точно - подобро е да си болен, но верен, отколку да си здрав, но неверен!
Сине, дали некогаш си размислувал дека сѐ што допира до тебе, истовремено допира и до Мене, бидејќи сѐ што се однесува на тебе, се однесува на зеницата од Моето око. Ти си скапоцен во Моите очи, бесценет, и Јас те засакав, па затоа Мене Ми е особено задоволство да те воспитувам.
Тoгаш Вацлав сoбрал гoлeма вoјска и излeгoл прeд свoјoт нeпријатeл. Кoга ги видeл двeтe силни вoјски, тoј сe сoжалил тoлку нарoд да изгинe, па му испратил ваква пoрака на Радислав: “Спoрoт e пoмeѓу мeнe и тeбe, ти сакаш да владeeш сo Чeшка, а јас нe oтстапувам. Дoзвoли oваа рабoта да ја рeшимe сo бoрба пoмeѓу нас двајцата. Зoштo да има крвава битка пoмeѓу двeтe вoјски?”
Во Црквата Христова, а не во религиозната постројка на нашите проекции, болката и човечката немоќ не се лицемерно украсени . Не се чувствувате виновни затоа што не ви е добро. Не стравуваш ниту биваш заплашен затоа што не си совршен. За светиите на Црквата, грешникот е повреден, а не лош човек.
Срцата веќе не чукаат, не треперат. Можеби ги слушаме звуците на биолошкиот орган, но пулсот на љубовта не се слуша. Се се сведе на пресметки и математички равенки. Се заљубуваме, се жениме, склопуваме пријателства, велиме „Добар ден“ затоа што секогаш сакаме нешто од другиот без да дадеме нешто за возврат.
Не барај совршен спокој! Нашиот Христос го подигна Крстот, и ние ќе го подигнеме. Доколку ги истрпиме сите таги, ќе добиеме благодат од Господа. Затоа, Господ не става под искушение, за да ја испита нашата ревност и љубов спрема Него. Заради тоа е потребно трпение. Без трпение човекот не станува практичар, не ги осознава духовните нешта, така што, не може да го достигне
Тоа е патување во Неговото Царство. Таму разбирате дека нашата вера не е само една убава идеја, туку е суштинска животна вистина. На светата Литургија присутен е Самиот Христос кој го допира нашето битие. А она што го допира Бог се преобразува во светлина. Се менува и се просветлува. Не се менуваат проблемите, туку ние. Ова е тајната што треба да ја разбереме, дека не треба да се промени нашиот живот, туку како гледаме на него и како го живееме.
Подобро да извикаш кон Бога отколку кон другите. Затоа што Бог ги трпи нашите возбуди и негодувања, затоа што нè љуби длабоко и неизмерно и ги гледа нашите рани. Меѓутоа, другата личност можеби нема ниту трпение, ниту духовна состојба ниту љубов, за да го истрпи нашето однесување и на тој начин нанесуваме голема штета на взаемниот однос.
Животот е убав. Потребно е да ја откриеме таа убавина. Да не се задржуваме на непријатностите што ни се случуваат во секојдневниот живот. Сигурно е тешко да се види убавината на животот кога сè не помрачува од грижи и таги, од предавства и искушенија. Имено, тогаш 
Лицемерно е да зборува за љубовта човек кој не страда, и што не го зел крстот свој и не оди по Христос.
Првото оружје е никогаш да не се надеваме самите на себе, зашто Светото Писмо вели: „Проклет да е човекот кој се надева во човек и кој смета дека телото му е силно“. Значи, прво што е потребно во невидливата борба е да ја спознаеме својата немоќ и ништожност, бидејќи „кој себеси се смета за ништо“, вели св. Јован Златоуст, „се познава подобро од сите останати“;
Да бидеме и ние милосрдни кон починатите. Штом некој се упокои, веднаш повикајте свештеник или кажете му да прочита “молитва по исход на душата“, која е одредена да се чита над сите православни веднаш по нивната смрт. Погрижете се ако постои можност, опелото да се изврши во Црква, а пред опелото над покојникот да се чита Псалтир. Опелото не мора да биде раскошно, но мора да се изврши во целост, без скратување;
Павловата мисионерско – евангелска дејност најдобро се определува и е поврзана со карактеристиките на Црквата. Таа е мисија за единство, соборност и светост. За апостолот на народите успехот или квалитетот на мисиите не се определува со бројот на преобратени, бидејќи за него квалитетот секогаш бил над квантитетот.
Значи, нема потреба да се занимавате со трњето. Не зафаќајте се со изгонување на злото. Христос такви нè сака, да не се занимаваме со страстите и со противникот, односно ѓаволот. Насочете ја водата, односно сета сила на вашата душа, кон цвеќињата и ќе се радувате на нивната убавина, убавиот мирис и свежина.























