логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ЛАЗАРЕВА САБОТА

„Лазаре, излези надвор“

(Јован 11: 43)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Денес сите ние присуствувавме на еден несекојдневен и необичен настан, кој никого од нас не го остави рамнодушен кон она, што го слушна од прочитаното свето Евангелие. Денес многумина од нас се замислија над тајната на животот, смртта и воскресението. Денешниот настан ги затвори устите на многумина кои го омаловажуваа Христа како Господ и Син Божји. А сите ние денес слушнавме дека, во местото Витанија починал еден човек по име Лазар, кој бил брат на сестрите Марта и Марија и кого Господ Христос многу го милувал. Откако ја добил веста за Лазаровата смрт, Христос Самиот се упатил во Витанија, да докаже дека неговата смрт треба да послужи „за да се прослави Синот Божји преку неа“ (11: 4). И навистина, Лазаревата смрт не била смрто­нос­­на.

Човекот не мора да биде лекар, за да знае дека понекогаш и најобичната настинка може да се претвори во смртоносна болест. Тогаш, ако е тоа така, како можеме да ги сфатиме и протолкуваме Христовите зборови, Кој знаел дека Лазар е болен и дека ќе умре, кога вели дека, „таа болест не е за умирање“? Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“ (11: 25-26) . Болест, која не е на смрт, е било која болест за човекот, кој верува во воскресението и вечниот живот.

Болест за смрт, пак, е било која болест за оние кои веруваат во смртта и се плашат од неа. Можеби звучи неверојатно, но во својата смрт, како и во својата бесмртност, може само да се верува, зашто за човекот не постои ништо понеочигледно од сопствената смрт. А луѓето на оваа земја долго време веруваа во смртта како во нашто последно. За жал, и денес ги има многу такви. Во тоа време и Лазар бил еден од нив. Но, по Божја милост, Лазар бил првиот кој ја видел сопствената смрт и славата Божја – ослободувањето од смртта.

Чудата како појава се исклучително ретки настани. За време на Христовиот престој на земјава во Израилот умирале многу луѓе кои го носеле името Лазар, но Христос воскреснал само еден од нив, овој, од Витанија. Логично е да размислуваме дека, вистинските чуда се неоспорни Божји докази за Божјото дејствување во историјата на човештвото, а со самото тоа и доказ за Божјото постоење. А чудото има вредност и дава позитивни резултати само за оние кои го виделе и доживеале, а останатите луѓе можат да знаат за тоа чудо, само на основа на верување на оние, кои го виделе тоа чудо. Затоа, денешниот настан за нас е веродостоен, иако ние со своите очи не сме го виделе, зашто им веруваме на сведоците пред кои е извршено чудесното Лазарево воскресение, а тоа се светите апостоли, како и сестрите на Лазар – Марта и Марија. А тоа верување пристигнало и до наши дни, зашто Христовите чуда се неоспорни, иако многумина во текот на историјата безуспешно се труделе да ги оспоруваат и омаловажуваат.

Воскресението, како феномен и чудо, а воедно и веста за Лазаровото воскресение, ни малку не е лесно прифатлива. За тоа не ни сведочи само Светото Писмо, кое ни потврдува како Атињаните му се потсмевале на апостол Павле, кога прв пат ја слушнале проповедта за воскресението. Старите многубошци не можеле со својот ограничен разум да ја сфатат смислата и суштината на воскресението, па затоа христијаните ги нарекувале дека се суеверни. Црковните писатели од тоа време со право констатирале дека, „верата на христијаните е воскресението на мртвите“ и дека „кај христијаните ништо толку многу не е оспорувано, како што е тоа со воскресението на мртвите“. Впрочем, дека во воскресението е мошне тешко да се поверува, тоа можеме и денес да го докажеме. Да се обидеме некому да му кажеме дека нашиот покоен родител или пријател воскреснал од мртвите, со сигурност ќе забележиме дека на тие зборови нема никој да ни поверува. Најмалку што може да ни се случи е тоа, пријателите да нè погледаат со длабоко сожалување. Некои можеби би помислиле дека сме безумни, а други, пак, би нè изложиле на потсмев.

Меѓутоа, ниту еден од нив не е во право, зашто воскресението не е апсурд и појава во која треба да се сомневаме. Оживување на мртов човек секој може да замисли, само ако сака, иако тоа сеуште не е доволен и апсолутен доказ доказ, но барем ни сведочи дека воскресението на мртов човек не е нешто незамисливо. Лазаровото воскресение би било лажно или апсурдно, кога некој би тврдел дека Лазар не умрел, а воскреснал, или, пак, ако некој ни сведочи дека Лазар воопшто не се ни родил ниту, пак, постоел на земјава, а воскреснал во Витанија. Тоа би било апсурд, исто како што и некои денешни „современи“ противници на христијанството тврдат дека Христос бил измислена личност и дека не постоел. Меѓутоа, токму тие тврдења се апсурд. Зашто, дека Лазар живеел на земјава и дека умрел и воскреснал не само што ни сведочат сите апостоли, туку ни сведочат и Христовите непријатели од тоа време, кои го следеле секој Христов чекор, а тоа биле фарисеите, садукеите и книжниците. Токму тие Христови непријатели присуствувале на Лазаровото воскресение и токму тие подоцна раскажувале какви чуда прави овој Човек. Веста за воскресението на Лазар е потврдена и докажана од нивните усти. Токму затоа, воскресението како настан и чудо е нешто, кое реално може да се замисли и во наше време, зашто со Христовото воскресение потврдено е секое наше лично воскресение, кое е врата во новиот живот.

Само преку воскресението може да се надмине и совлада смртта. Но, сето тоа може да се случи само преку искуството на смртта. Затоа и Самиот Христос умрел, но и воскреснал. Неговото воскресение ја победило смртта. Исто така, Неговата смрт ја осмислила нашата човечка смрт и пред нашето телесно воскресение. Затоа христијаните ја доживуваат смртта спротивно на законите: трагиката на смртта останува сè до нејзиното конечно укинување, но ние, православните христијани, уште сега смртта ја доживуваме како премин од овој во вечниот живот. А воскресението на Лазар е секогаш актуелен доказ за тоа.

И на крај, светото Предание на Православната Црква ни сведочи дека по своето воскресение Лазар живеел уште триесет години и постанал епископ на островот Кипар. Кипарската православна црква до денешни дни чува едно благочестиво и поучно предание за својот епископ. Додека Лазар бил млад, тој бил многу сакан заради неговиот добар, ведар и весел карактер. Особено бил љубен од Христос. Евангелието сведочи дека Христос „просолзил“ кога ја слушнал веста за смртта на Лазар. Лазаревата природна бистрина била споена со сочувството, незлобивоста и добродушноста. Луѓето честопати го повикувале на гости, зашто бил премногу дружељубив и срдечен. А преданието вели дека по своето воскресение Лазар премногу се изменил. Тој никогаш повеќе не се смеел. Она што го видел за време на својата смрт никогаш, ниту за момент, не го напуштило во текот на триесетте години, исто како и верата во воскресението на мртвите, чиј прв сведок постанал самиот тој.

Лазаревата болест не била смртоносна: тој достигнал светост и се стекнал со вечен живот. Ништо нека не ја поколеба нашата вера во тоа. Да веруваме, зашто верата и нас ќе нè излечи од смртоносните болести. Амин!

протоереј Златко Ангелески

Извор: https://blagovesti.wordpress.com/2013/04/27/lazareva-sabota/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6391
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5590
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная