Викарен Епископ Јаков Стобиски: Не плашете се да страдате
Лицемерно е да зборува за љубовта човек кој не страда, и што не го зел крстот свој и не оди по Христос.Старец Клеопа: Четирите духовни оружја
Првото оружје е никогаш да не се надеваме самите на себе, зашто Светото Писмо вели: „Проклет да е човекот кој се надева во човек и кој смета дека телото му е силно“. Значи, прво што е потребно во невидливата борба е да ја спознаеме својата немоќ и ништожност, бидејќи „кој себеси се смета за ништо“, вели св. Јован Златоуст, „се познава подобро од сите останати“;
Св. Јован Шангајски - ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ ВО ИДНИОТ ВЕК
Да бидеме и ние милосрдни кон починатите. Штом некој се упокои, веднаш повикајте свештеник или кажете му да прочита “молитва по исход на душата“, која е одредена да се чита над сите православни веднаш по нивната смрт. Погрижете се ако постои можност, опелото да се изврши во Црква, а пред опелото над покојникот да се чита Псалтир. Опелото не мора да биде раскошно, но мора да се изврши во целост, без скратување;
МИСИОНЕРСКО – ЕВАНГЕЛИЗАТОРСКАТА ДЕЈНОСТ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ(02.07.2022)
Павловата мисионерско – евангелска дејност најдобро се определува и е поврзана со карактеристиките на Црквата. Таа е мисија за единство, соборност и светост. За апостолот на народите успехот или квалитетот на мисиите не се определува со бројот на преобратени, бидејќи за него квалитетот секогаш бил над квантитетот.
Св. Порфириј Кавсокаливит - Поука на денот (28.06.2022)
Значи, нема потреба да се занимавате со трњето. Не зафаќајте се со изгонување на злото. Христос такви нè сака, да не се занимаваме со страстите и со противникот, односно ѓаволот. Насочете ја водата, односно сета сила на вашата душа, кон цвеќињата и ќе се радувате на нивната убавина, убавиот мирис и свежина.
старец Пајсиј Светогорец - СИЛАТА НА ДОБРИТЕ ПОМИСЛИ
Една добра помисла има иста сила како повеќечасовно бдение! Толкава сила има добрата помисла. Исто како што денес некое ново оружје со ласерските зраци го запира проектилот во базата, спречувајќи го неговото лансирање, така и добрите помисли ги пресретнуваат и ги блокираат лошите помисли на ѓаволските „аеродроми" откаде што тие поаѓаат.
Патријархот Порфириј: Црквата му ја нуди смислата на постоењето на секој човек во секое време и во секој простор
Секако дека Црквата е секогаш модерна. Таа не припаѓа само на минатото, ниту на сегашноста, ниту на иднината. Припаѓа на вечноста. Во таа смисла, таа е безвременска и се труди да биде секогаш актуелна, да ги сподели сите проблеми, сите искушенија, сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек додека живее во ова време. Освен тоа, токму поради тоа што е безвременска и,
Долговечност – благослов или заборавени од Господ?
Никогаш нема да се разболи, никогаш нема да заплаче, никогаш нема да пострада.
Болеста е голем благослов и голем дар од Бога! Не е казна. Тоа е, како да ни вели Бог:
Си заработил една лотарија, која ќе ти биде исплатена во рајот!
Тајната на Пресвета Троица - Втор дел
Со спасителното дело на Господ Исус Христос и со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на Педесетница, Црквата станала носителка на полнотата на богооткриената вистина за Бога. Но, требало да помине долго време додека таа вистина биде облечена во човечки зборови. Во прво време немало развиено богословско објаснување на христијанските богооткриени вистини, меѓу кои била и тајната на Света Троица.
Светителот – архетип на Православието
Кои се, значи, одликите на Светителот? Најпрво би рекол дека Светителот постои и може да постои исклучиво во Православната Црква. Надвор од Православната Црква, навистина, може да има многу добри луѓе, но не и Светители, онака како што ние ги сфаќаме. Бидејќи Светител не е човек кој просто поседува добродетели или кој, низ аскетско восовршување, научил да се контролира себеси и својата психосоматска моќ.
Христијанските симболи и нивниот првобитен облик – Асистент м-р Борче Грамбозов
Во истражувачките кругови на Западната црква, не ретко се дискутираше за постоењето на еден Символ кој припаѓа на епохата на Новиот Завет. Таа теза, дека апостолите после Педесетница преку Благодатта Божја, знаејќи дека ќе се разделат за да ја рашират проповедта Христова насекаде во светот, го создадоа првото толкување на Црквата и секој од дванаесетте апостоли..
Старец Стефан Каруљски: Поуки за спасение
Сега е време да проповедаме, секој треба да се погрижи што е можно повеќе луѓе да бидат спасени, па затоа ќе добиe голема награда од Господ. Тоа се случува според даровите што Бог ни ги дал на сите: со пишување, потсетување, совети ... Не кријте го дарот.!Може да се направи многу повеќе за да се спасиме себе си и нашите ближн
Геноцид против сопствениот народ
Многумина зборуваат за својот патриотизам и љубовта спрема татковината, но татковината, пред сè, се луѓето. Татковината не е само минато, туку е и сегашноста и иднината. Оние родители кои ги убиваат децата, ја убиваат иднината на својата татковина. Тие вршат геноцид против сопствениот народ.
Велики Четврток
Вечерата е двојна: една е Пасхата на законот;
Втора е Новата пасха - Телото и Крвта на Господа.
За единството - старец Георгиј Капсанис
Тешко е бидејќи преовладува самољубието наше. И да, од една страна се крштеваме, се исповедаме, се причестуваме, се молиме, но и стариот човек останува во нас. И овој стариот човек е она што нѐ разделува внатре во Црквата и ги создава рацепите и различни групирања и прави понекогаш овие работи да се борат помеѓу нив.
Монах Мојсеј Светогорец: Великиот пост стои исправен пред нас, како небаре рентген...
Ако го достигнеме ова самопознание и покајание, Великиот пост нема да ни биде време мрачно и тешко, или едноставно време за исполнување на нашите „морални должности“, туку дадена можност да ги омекнеме своите скаменети срца, што ќе нѐ приведе кон љубов за другите луѓе и непоколеблива љубов кон Бога.
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“ (извадок)

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.
Старец Филотеј Зервакос: ...Како што гледам, целиот свет го брка злото, како грешник во гревот...
Еднаш вели Еремија, ќе го уништам Ерусалим. Тогаш Еремија почна да се моли - Боже мој, не уништувај го и не казнувај ги..., но Бог му рече - те молам не ме слушај, ќе им го предадам на Вавилонците, кои веќе се приближиле до Ерусалим. Тогаш Еремија му вели на Бога - како е можно да влезат непријатели како се посилни против ѕидовите?
Старец Георгиј Капсанис: Незамисливо е да се биде христијанин без крст и борба
Поради тоа што егоизмот го спречува човекот да ги возљуби Бога и братот, христијанинот се бори да го искорени од себе егоизмот . Се бори да за да Му благоугоди на Бога. Ги познава Божјите заповеди и сака точно да ги исполни во својот живот. Борбата на христијанинот се води поради тоа , а не да Му каже на Бога: јас сум во ред , имам право на спасение .

























