За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
Монах Мојсеј Светогорец († 2014): За Божественото смирение (втор дел)

Исто така, потребно е човек да биде доволно внимателен, за да не падне во опасното привидно смирение и заблудено смиренословие, кои се манифестации на наивниот горделивец и лукавиот себичен човек. Изобличувањата го испитуваат нашето смирение.



Свети Јован Лествичник ги собрал еднаш пустинските старци, за да му кажат што значи смирението. Тогаш секој зел збор и со скромност и длабочина го изложил својот животен опит. Еден рекол дека смирение е да ги заборавиш своите добри дела, да не ги паметиш и да не бидеш горд. Друг рекол дека смирение е човек да се смета себеси за последен и најгрешен од сите. Трет рекол дека
Прашањето не е што мисли светот за тебе. Ти гледај да бидеш ‘’вистинит’’ во животот, да имаш чиста совест дека не си погрешил, не си повредил, не си осудил, не си мразел, не си изневерувал, не си клеветел, не си се одмаздувал , не си понижувал, не си се исмевал, не си злоупотребувал (а ако си го направил сето ова, си плачел и си се покајал ); си понудил поткрепа,
Кога секој православен Христијанин молитвено размислува за Црквата, тој ја гледа Црквата пред се како Божји дар, а дури потоа размислува за Црквата како човечки одговор на тој дар. Црквата со право, би можела да се опише како есхатолошка стварност, бидејќи нејзината суштинска функција во овој свет, е да го пројавува и актуелизира есхатонот – крајната стварност на искупувањето и спасението.
Невозможно е човекот да чекори по овој пат, а да не се сопне некаде зашто ѓаволот од една страна, а светот и телото од друга, непрестајно поставуваат пречки во неговиот живот и тој на нив се сопнува, сразмерно на своето невнимание. Затоа, за човекот е полезно кога ќе падне, веднаш да стане и да побара прошка.
Според светите отци, брате Јоване, смирението има многу мајки: еден од светите отци сфатил дека смирението се раѓа од вистинското познание на себеси; други велат дека смирението се раѓа од мислата за смртта и за Страшниот Суд. Свети Јован Лествичник вели дека патот кон смирението – тоа е телесниот труд, послушанието и чистото срце, а Свети Исак Сирин вели
Смирението е толку голема добродетел, што самото без други добродетели може да ни ги отвори вратите на Царството Небесно, како што е речено: „Покајанието ги подига паднатите, плаче пред небесните порти, а светото смирение ги отвора“. Смирението – тоа е единствената добродетел која не можат да ја подражаваат демоните. Тоа е источник на самопонижување што го штити човекот од паѓање.
Светите Отци учеле дека „благодатта се враќа по оној пат низ кој го напуштила човекот“. Сите сме паднале во Адам преку неговото непослушание кон Бог, па затоа основата на нашите гревови е нашата непослушна волја. Таа може да биде исцелена само со послушание: послушание кон Црквата, хиерархијата, духовните раководители; во нив ние го покажуваме послушанието кон Христос
Поголем благослов имаат оние кои даваат отколку оние што земаат. Во општеството во кое секој сака да заработи, се појавува човек кој сака да дава сѐ што поседува… „Богатството стекнато со добронамерност и милостина е големо; со давање се добива и со споделување се доаѓа до разбирање“, како што рече Св. Јован Златоуст. Голема вистина! Значи ова е нешто што ја докажува вистинитоста на ваквата логика.
На само едно место може да се најде изворот на вистинското учење, кое доаѓа од Самиот Бог, ненамалено преку вековите и секогаш свежо, останато едно и исто во сите оние кои вистински го учат, водејќи ги оние што го следат, во вечно спасение. Ова место е Православната Црква на Христос, изворот е благодатта на Сесветиот Дух, и вистинските учители на Божественото учење, што извираат од овој извор, се Светите Отци на Православната Црква.
Пред две години, по случај смртта на преподобниот старец Емилијан Симонопетриски,
Колку чудеса! Нашата светост, нашиот мир, среќата наша, преподобноста наша, нашиот подвиг, нашата молитва, слушањето на Бога, кое ни се дава кога Го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кроткоста наша, нашето тихување - тихување во смисла на состојба во која можеш да Го чуеш и Го слушаш Бога - сите тие дарови на Светиот Дух и воопшто сè она што прави Бог е чудеса, одлики на Неговото присуство.
Кога некое лице ќе го повика Нејзиното Пресвето Име, тој веднаш ја чувствува Нејзината помош. Таа е Мајка. Додека беше на земјата како човечко суштество, и таа страдаше поради истите работи за кои страдаме и ние. Поради тоа, и Таа сочувствува со тажните души и брзо им доаѓа на помош.
Самата Црква била нов, Небесен Ерусалим – и верата во тоа дека Христос невидливо доаѓа и присуствува помеѓу оние што Го љубат била за нив доволна. ’Историчноста‘ на Христос, секако, била неспорна основа на христијанската вера, но за верните поважно нешто од ’историскиот‘ спомен за Христа...
Посветеноста на една цел, на една личност, ќе ни ги даде плодовите и убавината на животот. Ако се обидете да се скриете од проблемот, тој ќе ве прогонува цел живот, менувајќи го својот облик. Ако се обидете да го ставите “под прагот”, наскоро ќе се сопнете од него и ќе паднете. Колку и да чувствувате болка, не треба да бегате од проблемот што го имате пред вас.
Така Он започнува: „Блажени се бедните по дух, зошто нивно е Царството небесно.“ Еве на што современиот рационален свет би можел да се потсмева… Блажени се „неугледните“. Но оваа фраза „бедните по дух“ значи нешто друго – значи скромните, смирените. Блажени се скромните, оние кои се скрушени. Ова не е лесно прифатливо, ни во современата секуларна логика, ни во природната логика.
Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење. Кога праведниците живеат во благосостојба, градот се радува. Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разрушува.























