логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

s.Efrem.EMILIJAN
Старец Емилијан Симонопетриски
Дали Го примивте Светиот Дух


(Трет дел)

 ✣✤✣

Во продолжение вели: „Оној, Кој прави чудеса“ ( Изл. 15, 11) Што се тоа чудеса? Сè она што се случува, кога ни се јавува Славниот. Дува ветер и се бранува морето. Духот дише и морето се смирува, мирно е, мазно (изедначено) како елеј. Бурно е морето, но одеднаш Бог го разделува и се јавува копно (Изл. 14, 21): тоа е едно чудо. Бог ни се покажува како чудесен и прекрасен, но и како „Оној, Кој прави чудеса“ .

 Колку чудеса! Нашата светост, нашиот мир, среќата наша, преподобноста наша, нашиот подвиг, нашата молитва, слушањето на Бога, кое ни се дава кога Го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кроткоста наша, нашето тихување - тихување во смисла на состојба во која можеш да Го чуеш и Го слушаш Бога - сите тие дарови на Светиот Дух и воопшто сè она што прави Бог е чудеса, одлики на Неговото присуство.

 „Оној, Кој прави чудеса“. Кога се осветувам во собранието, во Црквата, кога животот мој е гледање на Жртвеникот Божји - а сите ние се наоѓаме пред Жртвеникот - кога Го гледам Бога како се открива во славењата, кога не можам да живеам без тие слави, кога мојот личен живот, но и животот на сите станува живот на чудесни чудеса, живот како потврда на благодатта Божја, кога светоста наша, доблестите наши, благомирисот на нашите животи се такви  што заради нив некој ќе се зачуди и ќе рече: „Како дојде до тоа?“, тогаш таму е вистинскиот Бог, Бог кој секогаш Е, и јас сум во Оној, Кој секогаш Е.

 Нашиот живот, значи, има смисла кога е живот во Духот. А нашиот живот е живот во Духот, кога во него ги препознаваме одликите на радувањето на срцето, измената на утробата, држењето за рака, прегратката, божествениот разговор и постојаната, и непрестајна заедница со Бога. Тоа е единствениот живот за кој вреди да се живее.

 Ако, значи, постои некоја причина која го оправдува монаштвото, тогаш би рекле дека тоа е само оваа причина. Ако постои некоја причина која ни дозволува да бидеме монаси, тогаш тоа е само оваа причина. Ако постои некоја причина поради која нашето затворање во манастир е отворање кон небото, тогаш тоа е само оваа причина. Ако постои некоја причина поради која човекот вреди да живее и да умре, тогаш тоа е само оваа причина. Ако постои некоја причина заради која Христос се роди, се распна и воскресна, тогаш тоа е само оваа причина: да станеме сè што е Он. А нашите движења се ништожни, како движењето на ѓубрето по земјата.

Gerondas_aimilianos_.jpg Сакам да ви доловам една слика, која е поврзана со Давид: да ви ги наведам Натановите зборови, кога тој на Давид му ја прорече неговата вечност, неговото охристовување, значи, дека ќе стане цар, и дека неговото семе ќе биде вечно, зашто тоа ќе биде Самиот Христос. Откако Натан му проговори на Давид за неговото прославување, царот го остави Натан и отиде при Господа. „И дојде царот Давид и застана пред Господа и рече“ (1. Дан. 17, 16). „Дојде“, го изразува човечкото движење. Не вели отиде, вели дојде пред Господа и застана (а не стоеше).
 Единствениот поглед преку кој човекот може да ги согледа нештата, е преку Бога. Единственото мерило според кое човек може да согледа дали некој се оддалечува од Бога, дали се губи или доаѓа, е според ставот Господов, судот Господов, мерилото Божјо: умот Божји, како што тоа го гледа Господ. Ниедно човечко мерило, ниедно размислување, ниедно мислење, ниедна слава, ниедна мисла, ниедна желба, ниеден копнеж не може некого да го оправда, туку само ставот Господов. Важно е како јас, или некој друг од тој аспект изгледаме. Одам ли, значи, таму? Доаѓам или си заминувам оттаму?

 Дојде Давид и застана пред Бога. Очигледно мисли пред шаторот во кој можеше да се види Бог. Застана пред жртвеникот, онака како што и ние секојдневно застануваме. „Пред Господа“. Колку само веруваше дека таму е Господ!“ Колку Го гледаше!“ Деноноќно и ние стоиме пред истиот шатор, пред истиот Господ. Можеме ли да кажеме дека дојдовме пред Господа и дека застанавме пред Него? Дали нашиот живот е пат и приближување кон Бога?

Давид, пак, „застана“ пред Господа и „рече“, што, пак, значи дека Го погледна и Му се обрати. Не му се обраќаше на шаторот кој можеше да се искине, да изгори, туку на Господа. „Застана“, уште означува и стабилност, сигурност, увереност, како да Му велеше: „Сега Те најдов. Дојди да поразговараме“. „Дојдете да поразговараме“, вели Господ. (Ис. 1, 18). Овде, пак, Давид Го призива Бога.
 „Дојде Давид и рече“. Човек Му зборуваше на Бога? Ама, кога веруваш во Него, кога Го гледаш, зошто и да не Му кажеш? Кога е извесно дека Он се игра со тебе, и те бара, и се открива во тебе и преку тебе, зошто да не Му се обратиш? Зошто тогаш постои Логосот (Зборот), ако Он не може да зборува и ти не можеш да Го чуеш? И зошто ти е Словото (Збор), ако не можеш да Му се обратиш со зборови?

 Давид, пак, Му зборуваше на Бога. „Боже мој“, Му рече, „кој сум јас?“ Кој сум? Кои се моите родители, кое е моето семејство, „што си ме засакал за сите векови“ (2. Цар. 7, 18). Ти си Бог. Јас сум земно ѓубре. Како тоа Ти за сите векови да ме засакаш мене и моето потомство? Кој сум јас? Ништо. Исчезнувам пред тоа сознание, но, Боже мој, Ти стоиш наспроти мене и јас Ти се обраќам, зашто Ти ми го даде тоа право, Ти ме повика, Ти ми проокуваше, Ти ми откри, Ти ќе ме направиш вечен цар Израилев.

 „И се унизив“, продолжува, „толку пред Тебе“ (1. Дан. 17, 17). Си ми го дал она што не можев ни да го замислам, но тоа за Тебе е безначајно. Како што некој ја става раката во џебот и вади марамче, така Ти мене ми ја даваш вечноста, ми даваш царска круна, ми се даруваш Себеси, ме правиш како Себе, ме правиш Бог. Она што за луѓето е најголем настан, за Тебе е најмал. Значи, толку, Боже мој, го сметаш тоа за мало? А, толку е големо!

 „Што уште да положи Давид пред Тебе за да Те прослави?“ (1. Дан. 17, 18) Што да Ти каже Давид за да Те прослави? Не јас, Давид, кого си го прославил, не јас големиот пророк, цар, помазаник – тоа се резултати на Твојата благодат – туку јас, Давид, тоа што бев, тоа што е мојата суштина, оваа земја, оваа кал, овој пепел, оваа ништожност, што уште може да направи за да Те прослави? Ништо! Ти го знаеш тоа. Ти ме познаваш. Тешко мене ако гледаше на она што бев. За среќа гледаш на она што Ти ме направи. И ме направи според Своето срце, ме направи она што Ти сакаше да станам. Ме направи она што можеше и што уште пред вековите намераваше.

Ваков некако е и животот на монасите. Нашето собирање во Црквата, нашето стоење во ќелиите, молитвите наши, нашите коленопреклоненија се нешто слично на ова: Седни, Боже мој, дојдов кај Тебе. Те гледам и Ти зборувам. Кој сум јас? Кој сум јас грешниот, виновниот, неблагодарниот, распнувачот, оној кој илјада пати ја заслужил смртта? И Кој си Ти, Кој слезе на мојата глава, дарувајќи ми се Себеси? Што да правам, Боже мој, да Те прославам? Не можам да направам ништо друго освен да ја исповедам Твојата милост.

 Бог претходно му зборуваше на Давид преку пророкот Натан. Да не го сфатеше Давид пророштвото, да не беше разбрал зошто Бог го повикал, за што го предодредил, зошто го родил на оваа земја, не би ги изговорил овие зборови на величание, и не би стоел величествено пред Бога, и не би се унизувал, и не ќе беше прославен и не ќе можеше да рече: „Боже мој, ајде јас и Ти, да застанеме еден спроти друг“.

 Ако и ние не разбереме зошто Бог нѐ довел на свет, зошто нѐ родил, ако не сфатиме што од нас очекува, што направил за нас, ако не ја разбереме нашата цел, или подобро за што нѐ предодредил – зашто во Бога нема време, она што требаше Он да го направи, колку што е до Него, Он го направил – тогаш никогаш нема да застанеме пред Него, онака како што застана Давид. 
 Да се внесеме во Бога, онака како што некој се потопува во водата. Да навлеземе во поимите, во смислата Божја. За да можеме и ние да застанеме пред Него, така како што застана Давид. Тоа ќе го постигнеме, ако ја сфатиме тајната која го опфаќа нашиот живот и тајната за која е создадена сецелата вселена и нашата душа.

 Да си го посакуваме тоа еден на друг, а пред сѐ на својата душа, зашто Бог дојде да го спаси загубеното, дојде за да ме спаси мене, и сите што веруваат дека се „изгубени“, секој кој вели „ти знаеш кој сум, и јас знам дека сум едно ништо“. Дојде да го спаси секој кој ја сфатил својата ништожност, кој го сфатил делото Божјо, кој сфатил колку е брз Бог Кој ги прави ваквите величествени нешта и чудеса. Ако тоа не го сфатиме...

 Нека Бог ни дарува такви мигови. Но, тие мигови немаат временски граници, не се денес или утре, тие се „сѐ додека е денес!“ (Евр. 3, 13) Дали и ние застанавме така пред Бога? Ако не, да застанеме „додека е денес“. Тогаш можеме да кажеме: Боже мој, Боже мој!“ И ако Он нѐ држи за двете раце, можеме да кажеме: Господ мој и Бог мој“. Тогаш можеме да кажеме дека сме станале монаси. Тогаш можеме да кажеме, дека како што славата го осветли Давид, така и нас нѐ осветли монашката риза, која укажува на благодатта на Светиот Дух.

 Продолжуваат празниците од Пентикостарот. Да даде Бог да го доживееме овој миг кога ќе стигнеме до денот на Педесетница, кога ќе ги пееме оние убави тропари, кога ќе коленичиме пред Светиот Дух. Кога ќе ги правиме трите големи поклони придружени од прекрасните значења на молитвите и кога како живи и мртви ќе зборуваме за живите и мртвите – а, сите се живи во Христа – да се насладуваме со тие мигови и со поклоните да не изразуваме болка заради тоа што ништо не сме вкусиле, туку да Го призиваме Светиот Дух: „Свети Духу, дојди и всели се во нас“. Да Го познаеме Духот Свет, да Го чуеме Духот Свет, да Го видиме Духот Свет, да бидеме израдувани со Духот Свет, да бидеме заквасени со Духот Свет, обликувани од Духот Свет, освоени од Духот Свет.

 Ако такво нешто не сме направиле, кажете ми, што сме направиле? Што сме направиле, ако Бог застане пред нас и со жалост ни рече: „Поради што тогаш те родив, зошто за тебе промислував, зошто те предодредив, зошто те крстив, зошто те повикав, зошто те прославив? Зошто сето тоа?“ (спор. Рим. 8, 29 – 30) Нашето крштение и секојдневниот наш живот во Христа, претставуваат една слава.

 Наместо Бог така со прекор да ни зборува, да направиме сѐ за и ние да можеме да Му кажеме: „Зошто сите овие Твои дарови, Боже мој? Како сето тоа си ми го подарил? Кој сум јас?
 Кога некој отец е сам во ноќта, најпрвин тоа го посакува за себеси, а потоа и за своите деца, зашто тој никогаш не се чувствува независен од нив. Кога ги гледа, тоа го чувствува,тоа  го мисли. Кога ги благословува, кога ги кара, кога ги фали, кога ги милува, кога им зборува, кога ги носи во срцето, кога ги има пред себе во молитвата, кога сите нив на Жртвеникот ги соединува во светиот Путир, кога го излева своето срце пред Бога – само на тој начин ги гледа. Секоја друга мисла, секое друго предвидување, за него би било разочарување. Но, тој никогаш не чувствува разочарување, зашто никогаш не верува дека луѓето кои Бог му ги дарувал, не ги живеат или нема да ги живеат таквите искуства и доживувања.

Дали Го примивте Светиот Дух ✤ I дел

Старец Емилијан Симонопетриски- Дали Го примивте Светиот Дух (2)

 

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная