ДУХОВНИ ПОУКИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ ОТЦИ
Убавината не е во „совршеното“ и „беспрекорното“. Животот е добар затоа што не е „совршен“. Овој свет е разубавен од страдањата. Небото е допрено од плачот, Бог е распнат на крст. Без сите нив, животот би бил грд, без боја и вкус, во лагата на своето „совршенство“. Страдалниците и „грешниците“ го исполнуваат светот со убавина и светост. Без нив, уметноста е сирак, книги без автори, дела без зборови, црно-бели слики и, пред сè, биографии без светци".


Кога мачениците оделе на страдање, никој од нив не поставувал услови или граници. Никој! Секој од нив бил целосно предаден на Бога – она што Бог ќе дозволи, она што Бог ќе допушти – да пострада онолку колку што Бог сака.
Покажи маченички дух таму, каде што е твоето секојдневно поле: во твојот дом, при својот сопруг, при својата сопруга. Кога сопругот се прибира од работа изморен и ти зборува неучтиво, ти не се разгневувај. Кога ќе те навреди, ти премолчи. Покажи му љубов, понизност, трпение. Ако жена ти го прегори јадењето, ти не брзај да викаш, изеди го. Стави малку лимон во него, за да стане повкусно и кажи ѝ: убаво е јадењето, за да не разбере дека изгорело.
Црквата значи победа над смртта, можност да се постигне Вечноста и да се надминат границите, какви и да се тие; со еден збор, Црквата е Христос. Ние сепак не сакаме да го примиме тоа што Таа ни го дава и што всушност Таа претставува.Од оваа причина ние живееме во нејзините пазуви, но остануваме заробеници на светската минливост, на нашите страсти и копнежи. На овој начин се смируваме додека ги бараме нештата во сегашноста, одбивајќи да погледнеме во очите на нештата од Вечноста.
Внимание се нарекува чувањето на умот, пазењето на срцето, бдеењето и умственото тихување.
Таму, среде безмолвието, се случува најголемата средба помеѓу созданието и Создателот, меѓу детето и таткото, кога ве обзема чувство на недостојност, срам и духовен бродолом: „Што да ти кажам, Господи? Како можам да застанам пред Тебе? “ „Просветли ги моите дела. Покажи ми ги моите грешки, дај ми солзи и молитва. Направи го моето срце Твој дом “. Прашања чии одговори се нејасни и тивки и им е потребно малку време за да излезат. Затоа што Божјата благодат делува во тишината и е соработник на човекот.
Прашањето на езотеризам на религијата има првостепено значање за нашите современици, не само затоа што пазарот на книги е опсипан со мноштво окултна литература која претендира на езотеризам -некакви тајни знаења, вообичаено нарекувани древна мудрост, туку во погoлема мера поради тоа што правилното решение на ова проблематика дава можност подлабоко и подобро да се сфати, протолкува и процени учењето на Православната Црква. Сите езотериски учења претендираат на избраност и елитност.
Бог е предобар. Својата добрина Бог му ја позајмил на секое свое создание. Затоа во секое Божјо создание има Божја добрина. Дури и во ѓаволот има Божја добрина, според која ѓаволот си посакува за себе добро, а не лошо, но по својата глупост мисли дека со зло ќе дојде до доброто, односно, дека правејќи им зло на сите Божји созданија, на себе ќе си напра- ви добро. Ох, колкава е Божјата добрина во секое Божјо создание! Во каменот, во растението, во животното, во огнот, во водата, во воздухот, во етерот!
Кога Бог и твоето „спасение“ се претвораат во вознемиреност и опседнатост, тогаш нема да имаш никакво духовно искуство. Кога вознемирено очекуваш нешто, тоа едноставно не се случува. Кога опседнато прогонуваш нешто, тоа постојано ти се измолкнува како отпор. Св. Порфириј велеше: „Плаши се од отпорот на своето скришно јас.
Затоа и постојат тие големи контрасти. Ќе видите луѓе, кои долги години се во Црквата и наместо да омекнат, стануваат се потврди, посурови, наместо срцето да им се шири, тоа се стеснува, наместо внатрешно да се откриваат, тие се сокриваат. Зошто станува така?-Затоа што постот, молитвата и сè друго прават, за да се почувствуваат добро и тоа не се љубовни односи кон Самиот Христос.
Непрестајната молитва е постојана поврзаност со Бог. Така треба да биде и така е, затоа што тогаш се наоѓам постојано во Неговото присуство.
Зборот болест (синоним за заболување - novso~, morbus) се среќава во сочувани текстови од 15 век па наваму, но без сомневање тоа е збор со уште постаро потекло. Етимолошкото значење на овој поим е од црковнословенскиот јазичен корен - болка, што означува највпечатлив субјективен симптом на повеќето болести. Во црковнословенскиот јазик покрај називот - bolyznq доаѓаат синонимите: nemo{q и nedugq. Ова би можело да се преведе како неспособност за делување или немоќ.
Ми пишуваш дека си имал стравови и панични напади, а подоцна како средновечна личност веќе имаш депресија. Истовремено велиш дека копнеeш за духовен живот, дека сакаш да се угледаш на подвижниците, на оние кои вложиле големи усилби и воделе сурови битки со себе за да го запознаат Бога. Додека го посакуваш тоа, истовремено не можеш да го постигнеш истото и тоа те разочарува, ја засилува твојата тага и вина. Сакаш одговор од мене.
Нам, христијаните, Спасителот ни ги отвори духовните очи и ни го остави Својот свет пример, велејќи:” Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата!“( Мат. 5: 14-16). Спасителот нè повика во света служба на Бога и на
Ако сакаш да бидеш познат од Бога, тогаш прави сѐ за да им бидеш што помалку познат на луѓето. Ако секогаш имаш на ум: дека Бог секогаш гледа сѐ што правиш, со душата или со телото, тогаш нема да погрешиш во ништо и Бог секогаш ќе живее со тебе. Човекот со ништо толку не се уподобува на Бога како со правењето добро на другите. Но, правејќи им добро на другите, треба особено да се пазиш да не мислиш за тоа што си направил. Најпосле, Бог ќе те направи да бидеш
Црквата никогаш не била без духовни потреси. Од апостолско време, па сѐ до овие „последни времиња“, никогаш немало мир и стабилност, туку секогаш излегуваат разни информации за злоупотреби, неморал, разни скандали од редовите на свештенослужителите. Од дванаесетте ученици на Господ, Јуда се полакомил за пари, бил освоен од среброљубието, и го продал Господ за пари. Петар, иако бил многу ревносен и близок ученик на Господ, сведок на многу чудесни настани, сепак, од страв и срам се откажал од Господ, и тоа три пати.
Ако некој сака да праша, што е Православната Црква, ќе му одговориме дека тоа е Евхаристијата - Литургијата, кога се причестуваме со Телото и Крвта Христови и соединети со Него и во Него се соединуваме сите и постануваме Тело Христово - Црква. Ако пак, некој сака да праша, што е православна наука, ќе му одговориме дека тоа е подвижништвото, наука чија основа е верата, а која почнува да се учи со покајанието и исповедта, па се надградува со постот, а се усовршува со молитвата, за да ја достигне целта, осветувањето, уподобувањето и единството со Светотроичниот Бог во Царството небесно кое започнува уште овде 
Ние,како ранливи луѓе, секојдневно поднесуваме промени и падови. Од секоја непријатна ситуација,во нас спонтано се раѓа едно „Зошто?“. Мислиме дека Бог ни испраќа непријатни настани во нашите животи. Тогаш нашата логика се издига и негодува. Сепак, Бог не е причина за злото, тој едноставно го толерира затоа што ја почитува нашата слобода и не ни го одзема дарот дури и кога го користиме за самоуништување. Но, оној што ги претворил зборовите „да биде волјата твоја“ во начин на живот и му ја предал својата волја на Бога,
Секој човек гладува. Тој е гладен, но не за смртното,тленото и материјалното. Преку сето ова тој се обидува да го задоволи својот вистински глад. А тоа е гладот за љубов. Ако тој не го задоволи овој негов порив - да дава и да прима љубов, тогаш тој се препушта на јадење, се обидува да стекне материјални работи, и тогаш го губи својот мир и спокој. Може да јаде многу и да се здебели, но сепак нема да биде среќен. Тој може и ќе ги задоволи своите амбиции и „волја“, но нема да може да најде мир во нив.























