логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Поднесување испитанија


Поднесување испитанија: Без страдање, не може да се прифати Крстот


Во споредба со вечноста, испитанијата преку кои страдаме во овој живот се само една цртичка на метарот. Многумина претрпуваат губење на работата, болести, запленување на имотот и разни други препреки, несреќи и тегоби. Сепак, доколку погледнеме на сите овие тешкотии од аспект на вечноста, ова време на испитание е ништо. Во Посланието кон Римјаните (8:18) читаме: „Зашто страдањата во ова сегашно време не можат да се споредат со славата која ќе се објави во нас“. .....
Бог вистински посакува сите да дојдеме до познавање на вистината и да се спасиме. Неговата љубов кон нас е сеопфатлива, ништо што се случува во нашиот живот не е без вредност во ова наше патување кон вечноста. Нашиот Бог не нѝ праќа ништо што е над нашите можности да издржиме, зашто Неговата благодат е доволна. Страдањето има спасоносна улога, зашто токму преку страдањето ни се дава можност да го земеме нашиот Крст и да Го следиме Христа. Без аскетска борба, остануваме непроменети и нашата трансформација е неостварлива.
Бог посакува сите да се спасат, но овој дар на спасение мора да биде прифатен од верникот, зашто Бог нема принудно да наметнува спасение на човештвото. Додека од една страна имаме слобода да го одбиеме дарот на спасението, од друга страна страдањето ни помага да се потсетиме дека се во овој свет е минливо и дека ни е потребен Бог. Токму преку ова обраќање кон Бога во периодите на маки, ние растеме во верата, бивајќи еден чекор поблиску до обожувањето, каде постануваме соединети, во нашата човечка природа, со Божествената природа на Бога. Оваа трансформација настапува кога со понизност ќе се предадеме на Божјата воља, прифаќајки го покајанието како начин на живот и предавајќи се себе си на Божјата милост.
Не постои нешто што човекот може да направи за да заслужи спасение, зашто тоа е Божји дар. Сепак, за да се спасиме, ние мора да работиме заедно со Бога, во синергија, каде целото наше битие, вклучувајќи ги нашата воља, трудови и дела, се совршено прилагодени на и соединети со Божественото (Битие).
Нашиот православен живот е живот на страдална љубов, и ова е, можеби, најтешко за повеќето од нас да го прифатиме. Ние сме запознаени со страдањето, но правиме се што можеме за да го избегнеме, заборавајќи дека Христос ни говореше дека ако сакаме да Го следиме, мора да го земеме својот крст. Без страдање, не може да се прифати крстот.




Игумен Трифун од Манастирот Семилостив Спасител кој се наоѓа на Вашон
Остров, во Вашингтон, САД

 

Enduring Trials
Enduring Trials: Without Suffering, the Cross Cannot Be Embraced

In comparison to eternity, the trials we suffer in this life are but a blip on the meter. Many are suffering job loss, illnesses, mortgage foreclosures, and all kinds of strife and hardships. Yet if we look at all these difficulties in light of eternity, this time of trial is nothing. In Romans 8:18, we read: “For I consider that the sufferings of this present time are not worthy to be compared with the glory that shall be revealed in us.”
God’s desire that we all come to the knowledge of the truth and be saved is real. His love for us is all-consuming, and nothing that happens in our life is without value in this journey to eternity. Our God does not send anything our way that is beyond our ability to withstand, for his grace is sufficient. Suffering has a salvific role, for it is in suffering that we are able to take up our cross and follow Christ. Without ascetic struggle, we remain unchanged, and transformation of self is unattainable.
God desires all be saved, yet this gift of salvation has to be accepted by the believer, since God will not force salvation on humanity. As we are free to reject the gift of salvation, suffering allows us to remember that this world is transitory, and that we need God. It is in this turning to God during periods of struggle that we grow in our faith, becoming one step closer to deification, where we are united, in our humanity, to God’s divinity. This transformation takes place when we give ourselves over in humility to the will of God, embracing repentance as a way of life, and placing ourselves before God’s mercy.
There is nothing a person can do to earn salvation, for it is a gift from God. Yet to be saved, we must work together with God in synergeia, whereby our entire being, including our will, effort, and actions, are perfectly conformed with, and united to, the Divine.
Our Orthodox life is a life of suffering love, and this is perhaps the most difficult for most of us to accept. We are familiar with suffering, but will do anything we can to avoid it, forgetting that Christ told us that if we were to follow him, we had to take up our cross. Without suffering, the cross cannot be embraced.

 

 За Преминпортал: С.Л.

19.11.2018 лето Господово

 +++

 

Друго:

Игумен Трифун: Стражарење над нашите мисли ...

 

Игумен Трифун : Кога ќе паднеш, стани! ...

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная