„Прости им“ - последните зборови на малечката христијанка запалена од ИДИЛ
Девојчето се здоби со тешки изгореници откако терористите на ИДИЛ го запалиле домот на нејзиното семејство. Џихадистите влегле во домот и на мајката на девојчето ѝ рекле дека треба да плати поради тоа што се неверници. Мајката извикала: „Ќе платиме и ќе заминеме, само дајте ни малку време за да собереме средства!“ Џихадистите одговориле дека нема време за тоа, а потоа со бензин го полеале домот и го запалиле.