На 23. 05. 2016 година, „Св. Кирил и Методиј“, по повод одбележувањето на денот на Сесловенските и Македонски Просветители „Светите браќа Кирил и Методиј“, во организација на Неговото Високопросвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р г. Илчо Захариев и Директорката на Универзитетската Народната Библиотека “Гоце Делчев“ во Штип, г – ѓа Милена Ристова Михајлова се изготви посебна програма за чествувањето на празникот. Отпочна со Архиерејска Вечерна Богослужба во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип со која Началствуваше Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештеници од Штип.
На крајот од Вечерната Богослужба Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб и произнесе содражајна беседа за животот и делото на „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители. Во 18 часот во амфитеаторот при Универзитетската Народната Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип се одража Свечена Духовна Академија на која свој настап имаа учениците од Средното Музичко Училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип, а свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Штип прим. м – р г. Илчо Захариев.
Извор: Брегалничка епархија