Можеби некој ќе рече дека помислите не се важна работа. Тие се многу важни, а еве ви и докази од Светото писмо. Јов принесувал жртви за своите деца, велејќи: "Можеби синовите мои згрешиле и Го навредиле Бога во срцето Свое. Така постапуваше Јов во сите такви денови" (Јов 1,5).
Ако помислите беа неважни и ако за нив не сме одговорни, зошто за мислите на своите деца Јов жртви би принесувал? За лоши мисли биле осудени и оние што биле со Кореа: казнети биле затоа што имале лоши мисли.
И нашиот Господ Исус Христос прељубната мисла ја нарекол прељубодејство, желбата за жена - ја нарекол блудство, гневот - убиство, а омразата - човекоубиство.
За нашата одговорност и за помислите ни сведочи и блажениот Павле, кога вели дека Господ на Својот суд "ќе ги изнесе на видело тајните на мракот и ќе ги објави намерите на срцата" (1. Кор. 4,5). Затоа, не говорете дека помислите ништо не значат, кога желбата за гревот се смета како гревовно дело.
Ho не треба да ги разгледуваме само мислите, туку и нашите гревовни расположби. И земјоделецот од она што го сее в земја сѐ не никнува, така и умот наш сее во волјата, но не се прифаќа сѐ и не се одобрува сѐ. Од она што никнало од земјата земјоделецот бара плод; и Бог бара сметка за cѐ што е одобрено и што нашата волја слободно го примила.
Свети Ефрем Сирски
фб.Ристо Танев