Во чест на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, на 24 мај во Соборниот храм Св. Климент Охридски се отслужи Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија.
На покана на Македонската академија на науките и уметностите, молитвено зеде учество гостинот од Бугарската Православна Црква Викарниот епископ Тивериополски г. Тихон, кој беше придружуван од Претседателот и членови на Бугарската академија на науките.
Верниот народ се причести со светите Христови Тајни.
Извор: Скопска епархија