ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на светиот
Иларион Мегленски
21 октомври / 3 ноември
Чудо се јави како сведоштво,
со дела на Божјите добродетели си засветлил,
си ги пасел монашките заедници,
исчистил архиерејските тронови,
не поколебувајќи се од нападите на еретиците,
си ја воздигнал Црквата Христова,
преподобен Иларионе.
Умирајќи како да спиеш,
телото твое цело и нетлено остана сочувано,
дава исцеленија на болните од различни болести
и демони прогонува.
Поради тоа сега те молиме,
моли се да се спасат нашите души.
Тропар на светите
маченици Христови
Теодотија и Сократ презвитер
21 октомври / 3 ноември
Времето земно го скративте,
обручувајќи ги душите ваши за Бесмртноста,
преку вашите мачеништва, во кои се покажа
мудроста добиена од верата во Христа облагодатена,
о, презвитере Сократе и ти Теодото света девственичке,
кон кои денес молитви и псалмопеења вознесуваме,
пред Христа, заради вас милост да најдеме.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот
новомаченик Христов
Јован
Геракиски и Монемвасиски
21 октомври / 3 ноември
Радувај се младенецу, слави денес небото
и земјата за тебе Јоване страдалниче,
ликува Црквата Христова исповедниче,
кој силата на Христовата вера ја покажа
и не се откажа од Вистината која ослободува
и сега нас нѐ заштитува по твоите свети молитви.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на преподобниот
отец Филотеј Светогорец
21 октомври / 3 ноември
Чествување денес воздаваме на светиот
подвижнички живот твој, о, Филотее оче преподобен,
и Господа Бога Го прославуваме,
Кој ни го откри смиреното твое свето живеење,
кое небеса достигна во слава Негова.
Закрилен од Богомајката и денес моли се
мир да најдеме за душите наши во Христа Господа.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
Тропар на светиот
Иларион Мегленски
21 октомври / 3 ноември
Чудо се јави како сведоштво,
со дела на Божјите добродетели си засветлил,
си ги пасел монашките заедници,
исчистил архиерејските тронови,
не поколебувајќи се од нападите на еретиците,
си ја воздигнал Црквата Христова, преподобен Иларионе.
Умирајќи како да спиеш,
телото твое цело и нетлено остана сочувано,
дава исцеленија на болните од различни болести
и демони прогонува.
Поради тоа сега те молиме,
моли се да се спасат нашите души.
Извор МПЦ - ОА
Извор МПЦ-ОА
Манастир св Јован Претеча Слепче
Православен календар за 03/11/20224
ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.
ПреминПортал
2024 лето Господово
Од Верскиот календар:
Преподобен Иларион Велики