На 24. 05. 2016 година, „Св. Кирил и Методиј““, македонски и словенски просветители, Патрони и Зштитници на Градот Делчево. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во парклисот осветен пред три години, посветен на „Св. Наум Охридски“ при црквата во изградба посветена на „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа.
По светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите, градоначалникот на Општина Делчево г. Дарко Шехтански и многубројниот православен народ, со иконата на „Светите браќа Кирил и Методиј“ извршија литија од храмот до параклисот посветен на „Св. Климент Охридски“ во дворот на средното училиште ММ Брицо во Делчево каде е изграден и осветен пред една година овој параклис, во спомен на срушена црквата, во месец Септември 1961 година од тогашната власт, кој била посвететна на „Светите браќа Кирил и Методиј“. При параклисот Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.