В. Легоида: Празнувањето на Денот на словенската писменост и култура
особено е важно денес, кога се случува девалвација на зборот
19 мај 2016 лето Господово
Во текот на прес-конференцијата, којашто се одржа во вторникот во информативниот центар ТАСС,236851.b.jpg посветена на празнувањето на Денот на словенската писменост и култура, претседателот на Синодалниот оддел за соработка со општеството и медиумите, Владимир Легоида, изјави дека торжествата во чест на тој празник се особено значајни денес, кога зборот ја губи својата вредност.
„Особено е важно тоа што овој голем празник ни е даден во време кога се случува девалвација на словото. Уништувањето на зборот повлекува и нарушување на семантичкиот простор, а со тоа и деградација на културата“, изјави претставникот на Црквата.
Претседателот на Црковниот оддел за соработка со општеството и медиумите потсети дека до неодамна, Црквата која за славјанските земји беше создател на јазикот и источник на образованието, беше на вештачки начин изгонета токму од таа област. „Многу важно е тоа што денес таа несправедливост се отстранува“, истакна Легоида.
„Особеноста на Денот на словенската писменост и култура е во тоа што тој, веројатно како никој друг празник, ги обединува општеството, Државата и Црквата“, рече Легоида.
„Одбележувајќи го Денот на словенската писменост и култура, ние не само што оддаваме почит на минатото, на оние коишто го создадоа нашиот јазик, нашата култура, туку и поврзувајќи го минатото со сегашноста, го упатуваме нашиот поглед кон иднината. Зашто јазикот, тоа не е само инструмент за комуникација, туку и способност за создавање на простор со значење“, заклучи тој.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир