логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

01.jpg

02.jpg

11/24 мај 2016 лето Господово,
Свети Рамноапостолни Кирил и Методиј, учители сесловенски

03.jpg

„Со какви пофални песни да ги прославиме богомудрите учители на народите словенски“, „богомудрите Кирил и Методиј“ – во недоумение се прашува денес црковниот поет. Зашто, со што достојно можеме да им возвратиме на оние што „нè просветлија со светлината на богопознанието“, „нè збогатија со ризницата на Евангелието“ и „нè приведоа кон Пастироначалникот Христа“? Зарем можеме достојно пофално слово да им исткаеме, на оние што со Словото Божјо нè просветија? Зарем можеме достоен дар да им принесеме на оние што Христа ни Го даруваа? Но, тие како добри духовни родители на народите словенски, од нас, нивните деца, само нашата радост и љубов во Христа ја бараат.

04.jpg

05.jpg

06.jpg

07.jpg

08.jpg

11.jpg

А надоена со оваа радост и љубов од својот Старец, Архимандрит Партениј, чиешто срце дише со светиот Кирило-методиевски евангелски дах, Бигорската Обител секогаш се труди што подостојно да го прослави нивниот сечесен спомен. И ноќното бдение, и денешната Света Литургија беа смирен одраз на нашата бескрајна благодарност кон Светите Првоучители и духовни Родоначалници.

09.jpg

10.jpg

Оваа година, пак, тие ни го збогатија празничното ликување со посетата на Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Петерхофски, г. Амвросиј, ректор на Санкт-петербуршката духовна академија и семинарија, кој дојде кај нас на иницијатива на ректорот на нашиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојковски. Нашето братство и присутните верници со голема љубов го дочекаа ценетиот гостин од православна Русија, а Старецот Партениј, од името на сите, го поздрави со пригодна беседа:

„Ваше Високопреосвештенство, Архиепископ Петерхофски и ректор на Санкт-Петербуршката духовна академија и семинарија, г. Амвросиј!

Вашата посета на Свештената Бигорска Обител ја сметаме како јасен израз на големата Божја милост кон нас, милост според која, на овој ден на православно сесловенско торжество, се удостоивме со архиерејско присуство, преку Вашата богопоросветлена личност, дотолку повеќе што ни доаѓате од православната, братска Русија. Особена чест и радост ни е што благоволивте да дојдете кај нас денес, на споменот на Светите Рамноапостолни Браќа Кирил и Методиј, на тие молитвени застапници за родот словенски и огнени столбови што горат крај Престолот Божји за целото човештво. Веруваме дека токму нивниот благослов Ве донесе сега овде, во овој древен Манастир, еден од првите словенски општежителни манастири воопшто, кој за четири години ќе го слави своето илјадалетие.

Ваше Високопреосвештенство, благодарејќи Ви што нè удостоивте со Вашата посета, ги просиме Вашите свети молитви и Вашиот архипастирски благослов. Но, и како наш ценет гостин од православна Русија, вековната покровителка на православните словенски народи, го просиме и Вашето застапништво за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, во чие лице денес е возобновена славната Охридската Архиепископија, која некогаш учествувала во покрстувањето на Света Рус, и со тоа духовно ги сродила нашите православни народи. Ве молиме да ни простите што во овој радосен и свечен миг Ви го спомнуваме тоа, но, навистина, голема рана претставува за нас тоа што денес славната Охридска Архиепископија, поради неоснованото негирање и жестокосрдечноста на дел од клирот на Српската Православна Црква, претрпува неправедна изолација од православната екумена, и што ние, нејзините духовни чеда, не сме, не по наша волја и вина, во евхаристичко општење со нашите православни браќа во Христа.

Ви благодариме и Вам, достојнопочитуван ректоре на нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојковски, што бевте иницијатор за денешнава, за нас толку драгоцена, средба. Ќе ја искористам оваа прилика да Ви го честитам патрониот празник, а воедно и да Ви посакам и понатаму верно и успешно да го продолжите светото Кирило-методиевско дело.

Благодарни за прекрасниот дар што ни го приредивте денес преку Вашето доаѓање, Ве поздравуваме со секогаш радосниот пасхален поздрав:

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!“

Од своја страна и Архиепископот Амвросиј го поздрави Старецот и нашето братство со топло и срдечно слово:

„Ваше Високопреподобие, отец Игумен, Архимандрит Партениј, почитуван господине Ректор,

Христос воскресе!

Срдечно ви благодарам за топлиот прием и ви го честитам празникот на Светите Рамноапостолни Методиј и Кирил, празник кој особено е трепетно да се празнува во земја што е поврзана со овие Светии.

Дојдов во Македонија за да ја продлабочиме соработката со Универзитетот во Скопје, на покана од господинот Ректор, со кого веќе, на големо задоволство, не нѐ поврзуваат само деловните контакти, туку и дружбата. Постигнавме договор и верувам дека тој ќе го доживее и своето продолжение, посебно ако се земе во предвид дека во последните години на Санкт-Петербуршката Духовна Академија студираа шест студенти од Македонија. Тие кај нас не само што учат богословие и Руски јазик, туку со нас и се молат, земаат учество во богослужбите, се причестуваат со светите Христови Тајни.

Знаете дека Руската Црква вложи и вложува не малку усилби за да се обноват преговорите помеѓу Српската Црква и Православната Црква во Македонија, а ние се молиме тие преговори да влезат во активна фаза и да вродат со добри плодови.

Македонскиот народ е православен народ и моја искрена желба е Православието не само да се запази, туку и да се умножува и проповеда по сите краишта на земјата. Многу ми е драго што денес сум во овој древен манастир, каде што навистина се чувствува духот на древното монаштво, духот на светогорското монаштво. Ви благодарам што го негувате тој дух и го умножувате монаштвото во Македонската земја и ја продолжувате таа исихастичка традиција, без која Црквата едноставно не може да дише. Да ве благослови Бог“.

 

 12.jpg

 13.jpg

14.jpg

16.jpg

23.jpg

24.jpg

25.jpg

26.jpg

27.jpg

28.jpg

29.jpg

30.jpg

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная