логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Вторник, 10 септември 2024, со почеток во 20 часот е термин предвиден за трансмедијален и трансдисциплинарен проект „На работ“ на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ, кој содржи повеќе просторни сегменти од целината, распределени во предизвикувачкиот амбиент на Чифте амам. Посебните делови, кои го чинат целото, се изведувани во разновидни техники и медиуми кои, на некој начин, се преплетуваат едни во други надминувајќи ги границите на чистите медиумски пристапи во создавање на еден концептуален конгломерат од сензорни агломерации. Во нив се инкорпорираат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот, подвижните слики, перформансот, импровизацијата итн.

„На работ“ е ангажирана контекстуална реакција на општествено-политичкиот галиматијас кој секојдневно го живееме откако сме земја во транзиција. Тој се занимава и со дневнополитички прашања, но на прво место стои социолошкиот аспект, меѓучовечките односи, генетскиот код на „малиот“ или „големиот“ човек, начините на живеење… Наневски и Јовановиќ, всушност, спроведуваат социјален конструктивизам, кој се користи во социологијата и според кој реалноста не е вродена, туку општествено конструирана преку јазикот, симболите и споделените значења. Оттука, преку својот проект „На работ“, тие ги конструираат, деконструираат или реконструираат општествените реалности. Тие ги преиспитуваат или критикуваат овие конструирани реалности, истакнувајќи ги начините на кои се обликуваат општествените норми и вредности.

Сѐ започнува со едно видео, според кое е насловен и целиот проект, кое говори за апсурдноста на политичките ветувања за подобар живот, наспроти реалниот живот од нашето секојдневие. Оттука се размотува „клопчето“, па продолжува да се занимава со колективни или индивидуални приказни, со создавање на ритуали од секојдневни банални активности, со какофонијата помеѓу шундот и авангардата, воопшто со граничните позиции, и сето тоа предадено низ многу призми и слоеви.

Нивните дела може да се интерпретираат и низ аспект на теориите на Бодријар и на Фуко, односно преку концептот на „хиперреалност“ или концептот на „надзор“. Бодријар истражува како медиумите и симулациите ја заменуваат и ја искривуваат реалноста, особено во контекст на потрошувачката култура и современата уметност. Теоријата на Бодријар во проектот „На работ“ се гледа, главно, во критиката на медиумската сатурација, консумеризмот и замаглувањето на реалноста и претставувањето. Фукоовата теорија, пак, истражува како моќта функционира преку дискурси (системи на знаење) и како уметноста може и да ги рефлектира и да им одолее на овие структури на моќ. Неговите теории за надзор, дисциплина и биополитика се аспекти кои го поврзуваат проектот „На работ“ со критика на системите за контрола и авторитет.

Инсталацијата, видеото и вокалниот перформанс „На работ на релативноста“, подвижните слики со социјален експеримент „Антропосфера-На работ на среќата“, видеото „На работ(а)“, инсталацијата „На работ на нулата“, видеоперформансите и објекти „Рекет“ и „На работ на мислата“ или, пак, комплексната инсталација со видеопроекција “На работ на конструкцијата-The Revolution will be Televised” и многуте други сегменти од целокупниот проект ги критикуваат или предизвикуваат општествените норми и структури на моќ, ги истражуваат социјалните идентитети и како тие се конструирани или перципирани, ги вклучуваат заедниците, ја применуваат идејата како форма на социјален коментар или активизам, размислуваат за секојдневниот живот и човечката состојба низ социолошкиoт објектив.

Ваквите проекти, кои инкорпорираат социолошки перспективи, изградени со вештините, префинетиот уметнички сензибилитет и духовитост/досетливост во критичноста на авторскиот тандем Наневски–Јовановиќ, побудуваат размисла, предизвикуваат перцепции и поттикнуваат општествени промени.

Изложбата ќе биде поставена до 27 септември 2024.

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

29/11/2024 - петок

Божикен пост;(на масло)

+Светиот апостол и евангелист Матеј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Ревносно од царина си тргналкон повикот на Владиката Христос,Кој поради својата добрина се појавина земјата помеѓу луѓето,Него следејќи го се...

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Избирајќи живот по вашата вера,наместо виделина од очите телесни,Гурие и Самоне, Бога го прославивтево вашето мачеништво, при вистината останавте и...

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Празнува вселената, ликува Етиопија,како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,светло го слави твојот спомен,богоглаголив Филипе.Ги научи сите во Христа...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная