"Преголема е ревноста на светите Отци. Каков силен дух, какви подвизи; и како ги прославил себлагиот Бог, покажувајќи ги како богови преку знаците и чудата што ги правеле. И се прославиле не само оние што од почетокот биле добри и не знаеле за грев, туку и оние што скршнале од добриот пат и паѓале во тешки гревови, за потоа да се исправат со вистинско покајние.
Затоа нема оправдување за небрежноста и негрижата за спасението. Бидејќи, единствена причина за погибелта е нечувствителноста и скаменетото срце, до кои доаѓа поради непокајаниeто.“ -Свети Теодор Студит
Избор од фејсбук страната на Моника Николова