логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT809

Филмскиот критичар Слаѓан Пенев е селектор на главната натпреварувачка програма на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ веќе трета година. Пред годинешното 44-то издание на битолската смотра на светските мајстори на филмската камера, која ќе се одржи од 23 до 29 септември, со Пенев разговараме за изборот на филмовите, пофалбите и критиките, трендовите на фестивалите, конкурентноста на македонските филмови од поновата продукција…

Стојан СИНАДИНОВ

Фотографии: Диоген ХАЏИ КОСТА МИЛЕВСКИ

Какво беше искуството како селектор на ИФФК „Браќа Манаки“ изминативе две фестивалски изданија? Какви беа реакциите на членовите на жири-комисиите, какви, пак, на натпреварувачите-кинематографери?

-Искуството како селектор во изминатите изданија на ИФФК Браќа Манаки е извонредно. Привилегијата за мене да бидам дел од еден солидно поставен процес и посветен тим кој се труди да понуди врвна програма за еден од најпознатите културни настани во Македонија ја сфатив како сериозна обврска да применам максимум од моите познавања за филмската уметност и да ги предложам оние дела кои ги сметам за најрелевантни за програмата на ИФФК Браќа Манаки. Секако, не ги добиваме секогаш сите филмови кои влегуваат во првиот список со најпосакувани наслови, пред се поради некои корпоративно-административни причини (на пр. филмот бил прикажан или бил планиран да се прикажува на стриминг платформи, или процедурите кои се применуваат во однос на преводот, или тоа што некој продавач на филмските права проценил дека регионална премиера на еден потенцијално голем филм на фестивал во мала држава нема да ги задоволи бизнис плановите на дистрибутерската компанија итн).

Од разговорите што ги имав со учесниците на фестивалот, членовите на жири комисиите, гостите и гледачите, а тоа најчесто било во срдечен контекст, селекцијата на програмата Камера 300 била оценета со пристојни модалитети. Сум добил и сериозни критики за селектираните филмови, и од добронамерни и од не многу пријатни познајници. Голем дел од тие критики се прифатливи и важни за мене и се трудам секој нареден филм кој помислувам да го предложам за да биде прикажан на Манаки да го соочам и со аргументите од таквите критики.

Што ќе понуди годинешната програма на „Браќа Манаки“ во натпреварувачката селекција?

-Натпреварувачката програма на 44-то издание на Браќа Манаки ќе понуди дела на докажани мајстори со препознатлива филмска естетика и на нови автори кои се на добар пат да понудат импресивни визии. Имаме режисери како Нури Билге Џејлан, Аки Кауризмаки, Вес Андерсон, Вим Вендерс, кои се врвни имиња во филмскиот свет и чии нови филмови секогаш предизвикуваат внимание. И во однос на кинематограферите имаме препознатливи имиња, автори како Мартин Гшлахт (добитник на Златната камера 300 во 2010 г.), Елен Лувар (добитничка на Златната камера 300 во 2019 г.), Тимо Салминен, Франц Лустиг, Наум Доксевски кои биле и претходно во компетитивната програма на „Браќа Манаки“, но и други препознатливи мајстори на филмската камера, како Роберт Д. Јеоман и Паоло Карнера, кои имаат импресивна филмографија зад себе. Во програмата доминира европскиот филм, но во голема мера се присутни и азиските пејзажи, помалку американски продукти, а како и секогаш, имаме и домашни дела.

Настрана од позицијата на селектор на главната натпреварувачка програма на „Браќа Манаки“ 2023, кои филмски наслови сметате дека навистина ќе го заслужат вниманието на гледачите, кои се вашите фаворити?

-Покрај двете премиери на најновите македонски филмови, кои се во програмата Камера 300, сигурен сум дека големо внимание ќе предизвика францускиот филм „Анатомија на едно паѓање“, кој е добитникот на Златната палма од последното издание на Канскиот фестивал, како и „Астероид Сити“ на миленикот на „Инстаграм генерацијата“, Вес Андерсон. На оние гледачи на кои им значат главните европски и светски филмски награди од типот на Оскар, Бафта, Златен глобус итн. би им ги препорачал американско-корејскиот „Минатите животи“ и јапонско-германскиот „Совршени денови“. Јас последниов период бев долго под силни импресии од турскиот филм „За сувите треви“, не само поради совршената фотографија и прекрасно прикажаната тема, туку и поради извонредното актерство на главните глумци, а особено на фантастичната Мерве Диздар.

Колку селектирањето на програмата на „Браќа Манаки“ има ограничувања, бидејќи се работи за натпреварувачка програма на остварувања на кинематографери? Жртвувате ли некогаш некоја филмска сторија во името на „подобрата“ фотографија на некој друг?

-Се трудам првенствено филмот да го гледам во целината, со главните аспекти на делото – камера, приказна, режија, ликови, звук, дизајн на продукцијата итн. Сепак, не можеме да си дозволиме на програмата на ИФФК Браќа Манаки да ги имаме само исклучителните кинематограферски дела, бидејќи е ова не е фестивал само за филмските професионалци, туку и за пошироката публика. И од друга страна, за жал, на Манаки „жртвувани“ се многу убави филмови, за кои сме дискутирале со колегите од фестивалот и сме заклучиле дека немале задоволителна фотографија.

Некои филмски автори велат дека добро сценарио е половина филм, други дека добар кастинг и глума е половина филм, трети ја воздигнуваат режијата, четврти велат дека монтажата го дефинира филмот… Каде е камерата во тие процентуални формули за добар филм?

-И јас спаѓам во тие кои веруваат дека добрата режија е најважна за филмот, иако има примери и кога само камерата или само монтажата спасила некој филм, или кога актерите го „носеле“ целиот филм. Мислам дека во голем број случаи, врвните режисери работат со еден или најмногу двајца кинематографери во текот на најплодниот период од својата кариера, бидејќи токму тој тандем – добар режисер и добар кинематографер – е клучен за препознатливиот потпис на големите филмски автори: Ингмар Бергман – Свен Никвист, Серџо Леоне – Тонињо Дели Коли, Акира Куросава – Такао Саито и Асаказу Накаи, Андреј Тарковски – Вадим Јусов, Стенли Кјубрик – Џон Алкот, Вес Андерсон – Роберт Д. Јеоман итн.

Изминатава година имавте увид во актуелната понуда на фестивалите во Берлин, Кан, Солун… Кои трендови се доминантни во европската и светската кинематографија?

-Забележувам на фестивалите голем диверзитет во однос на темите, националното потекло на продукциите, така што мислам дека му се дава добра можност на гледачот на вакви богати фестивали да види и приказни од подалечни или не многу познати места.

Македонските филмови од поновата продукција се конкурентни на тие фестивалски трендови?

-Да, има прилично вмрежени автори и продуценти од Македонија кои ги следат овие и останатите трендови во фестивалските програмирања, така што немам сомнеж дека повремено ќе се појавува понекое конкурентно дело.

Каде (ќе) се движи македонскиот, европскиот и светскиот филм наредниот период? Може ли да се скицира профилот на успешен и влијателен филм според темата, реализацијата, перцепцијата…?

– Моите претпоставки се базираат на мал увид во состојбите и не би можел да се обложам дека се баш остварливи. Еве, на пример, од она што го гледам на големите фестивали, иако постои вербална, па и официјална политика да се поддржуваат либералните каузи или да се поддржуваат заедниците кои страдаат под опресија, повремено на програмерите на фестивалите ќе им се испушти и некој потег со кој им се дава легитимитет на актери или режисери кои дејствуваа или поддржуваа токсични однесувања или авторитарни лидери. Можам да го објаснам тоа или со барање начин со контроверзности да се создава интерес во јавноста за нивните фестивали, но, а тоа не би сакал да се случи – можеби и програмирањето ќе почне да се свртува кон теми и приказни за кои популистите појавуваат интерес, во смисла ако доминантно гласачите поддржуваат авторитарни политики, тогаш и гледачите на филмовите можеби ќе сакаат да гледаат филмови кои глорифицираат слични политики.

Но, настрана ваквите трендови, мене ми е драго што примерите на авторите од поновата генерација кои последниве 5-6 години ги освојуваат главните награди на најголемите фестивали, како Рубен Остлунд, Јоргос Лантимос, Аличе Рорвахер, Рјуичи Хамагучи, Карла Симон нудат силно авторство, храбри сижеа, многу прогресивни идеи, но и класични пристапи.

Извор: racin.mk

Манаки, Слаѓан Пенев, Филмски критичар

 

https://www.brif.mk/intervju-slagan-penev-selektor-na-iffk-braka-manaki-gi-sakam-filmovite-so-silno-avtorstvo-hrabri-sizhea-mnogu-progresivni-idei-no-i-klasichni-pristapi/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 1039
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2610
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

29/05/2025 - четврток

Вознесение Христово – Спасовден; Преподобен Теодор Осветен; Блажената девица Муза; Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски; Светиот новомаченик Николај; Преподобните маченици Саваити;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная