логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

БЕДИ ИБРАХИМ
РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА

Наредната недела, Националната галерија на програмскиот календар го забележа понеделник, 28 октомври 2024 - ден за отворање на ретроспективната изложба на Ибрахим Беди. На изложбата во Чифте амам, со почеток во 20 ч, па се до 21 ноември 2024 ќе бидат изложени дела од сите творешки опуси и фази на Беди Ибрахим, од 80те години на минатиот век до денес.

Беди Ибрахим целиот свој живот го има посветено на ликовното творештво, како на домашната, така и на меѓународната ликовна сцена, создавајќи релевантни ликовни дела кои ја претставуваат Македонија на глобално рамниште, а своите длабоки творечки искуства како професор на ФЛУ на најпрофесионален и најревносен начин им ги пренесува на младите кадри, кои ја претставуваат иднината на македонската ликовна уметност и култура.

Творештвото на Беди Ибрахим е постојано истражување и експериментирање на полето на скулптурата, амбиентот и мултимедијалноста што се темелат врз сопствената традиција и личната историја. Креирајќи нови визуелни изразни можности, ги гради неговиот индивидуален ракопис и автентичната ликовна философија. Неговата уметност е уметност на мислите, еден вид електроенцефалограм преточен во креативна енергија. Деликатниот избор на материјали и неконвенционалната конципираност во реализацијата на делото воспоставуваат активен естетски однос кон просторот како основа во реализацијата на делото. Ретроспективната изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам (исламски објект од средината на 15 век, поранешен амам, адаптиран во галериски простор) е сублимат на неговите претходни концепти, т.е. нивно концепциско поврзување. Амамот, со својата специфична архитектонска градба и историја, претставува предизвик за неговата уметничка и концептуална реминисценција во реализацијата на овој проект. Срцевината на концептот за оваа изложба на Беди Ибрахим е во намерата естетски да се обликува и да се артикулира просторот на амамот и да се создаде сопствен визуелно-вербален амбиентален простор во кој минатите дијалози ги преобликува во сопствен монолог за сеќавањето на едно минато време и на тој начин создава ново кажување за идните генерации. Изложбата е составена од повеќе елементи што секој за себе содржат сопствена семантика. Бројните интердијалошки конципирани инсталации и објекти, се восприемаат како збирка мали сказни, кои постапно го пополнуваат монументалниот мозаик на неисцрпната приказна за културите на Истокот. Супериорноста на неговиот билингвален културен код, со автентичната колоратура, во голема мера ќе влијае на збогатувањето и облагородувањето на македонскиот ликовен контекст.

Со асамблажирањето и монтажата на различните фрагменти, и користењето на еко-материјалите, или на старите дисфункционални реди-мејд предмети, Беди Ибрахим ќе ги артикулира своите статични и мобилни, ефемерни и трајни инсталации и објекти. Тргнувајќи од arte povera, преку site specific и објект артот, спонатно ќе се доближи до духовниот номадизам. Номадскиот принцип на мислење и творење ќе го регистрираме не само во делата туку и во неговите изјави.

Различните природни амбиенти на релација Македонија-Турција, се неговиот ателјерски простор. Во нив ги пронаоѓа и ги презема материјалите, им ја втиснува спиритуалната сила трансферирајќи ги од еден, во друг културен топос. Со ефемерните материјали, упорно ја гради и ја разградува архитектониката на својата творечка кула. Таквиот метод на креирање ја означува играта на постојаното телесно присуство/отсуство. На ефемерноста не и е својствена посесивноста, зашто инсталациите се направени од, и за природата. Природата е неговиот коавтор, зашто со нејзините осцилации и временски мени, Беди им ја овозможува слободата да ги доврши, дообликува, или да ги деструира и да ги подготви за некое идно време, за наредно реинкарнирање, во друг облик, и во друг контекст.

Поетскиот свет на Беди, од неговите први па сѐ до последните дела е исполнет со хуманистичка дарба и со упорна верба во творечкото дејствување во современиот дехуманизиран свет. Како неуморен трагач по нови приказни, тој за нас ја чува ризницата на интеркултурното наследство, облагородувајќи ја нашата сегашност со сељубовта и со семудроста на минатото.

Текст за каталогот, Конча Пиркоска

Куратор на изложбата, Горанчо Ѓорѓиевски

Биографија

Беди Ибрахим е роден во Скопје во 1959 г. ФЛУ, оддел за скулптура завршил во 1985 г. Во 1999 г. завршил постдипломски студии на истиот факултет. Член на групата Зеро. Во 1991 г. како стипендијант на ФЛУ при Универзитетот Мимар Синан-Истанбул престојувал на истиот универзитет, како и во ателјето на светски познатиот архитект Џенгис Бекташ. Во 1992 г. под менторство на Томур Атагок престојувал на Јилдиз Универзитетот во Истанбул каде вршел истражувања во Кападокија. Во 1999 г. член е на Советот за култура при Министерството за култура, како и член на Комисијата при ФАРЕ фондацијата. Од 2001 година работи како вонреден професор по вајање на ФЛУ. Во 2012 година е избран за редовен професор на Катедрата по вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Имал бројни самостојни и групни изложби во земјава и странство.

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная