логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Догматот за Пресвета Троица е – основа на христијанската религија

Бог е еден според природата, но троичен според лицата: Отец, Син и Свети Дух – Троица едносуштна и неразделна.

Самиот збор “Троица” нема библиско потекло, а во христијанскиот лексикон е воведен во втората половина на II век, од светителот Теофил Антиохиски. Учењето за Пресвета Троица е дадено во христијанското Откровение.

Догматот за Пресвета Троица е таинствен догмат, недостижен на ниво на разумот. За човечкиот разум учењето за Пресвета Троица е противоречно, бидејќи тоа е тајна што не може да биде изразена рационално.

Не-случајно о. Павел Флоренски го нарекувал догматот за Света Троица “крст за човечката мисла”. За да го прифати догматот за Пресвета Троица, гревовниот човечки разум мора да ги отфрли своите претензии на способноста – сè да спознае и рационално да објасни. За разбирање на тајната на Пресвета Троица неопходно е да се откажеме од своето размислување.

Тајната на Пресвета Троица се достигнува, при што само делумно, во опитот на духовниот живот. Тоа достигнување секогаш е споено со аскетскиот подвиг. В.Н.Лосскиј говори: “Апофатичкото восходење е восходење на Голгота, бидејќи никакава спекулативна философија никогаш не може да се искачи до тајната на Пресвета Троица”.

Верата во Троица го разликува христијанството од сите други монотеистички религии: јудаизмот, исламот. Учењето за Троица е основа на целото христијанско вероучение и наравоучение, на пример; на учењето за Бог Спасителот, за Бог Осветителот и т.н. В.Н.Лосскиј говореше дека Учењето за Троица “не е само основата, туку и највисоката цел на богословието, зашто… да се спознае тајната на Пресвета Троица во нејзината полнота – значи да се влезе во Божествениот живот, во самиот живот на Пресвета Троица.”

Учењето за Триедниот Бог се сведува на три точки:

  • Бог е троичен и троичноста се состои во тоа, дека во Бог се Три Лица (ипостаси): Отецот, Синот, Светиот Дух.
  • Секое Лице на Пресвета Троица е Бог, но Тие не се три Бога, туку се една Божествена природа.
  • Сите три Лица се разликуваат со лични односно ипостасни својства.

Аналогии на Пресвета Троица во светот

Светите отци, за некако да го приближат учењето за Пресвета Троица до восприемањето на човекот, ползувале различни видови аналогии, позајмени од створениот свет.

На пример, сонцето со светлината и топлината што излегуваат од него. Изворот на вода, врутокот што настанува од него и потокот (или реката). Некои гледаат аналогија во градбата на човечкиот ум: “Нашиот ум, зборот и духот, според едновременоста на својот почеток и според своите взаемни односи, служат како образец на Отецот, Синот и Светиот Дух” (Светител Игнатиј Брјанчанинов, Аскетски опит).

Сепак, сите овие аналогии се многу несовршени. Ако ја земеме првата аналогија – сонцето, од кое излегуваат зраците и топлината – тогаш таа аналогија претпоставува некој временски процес. Ако ја земеме втората аналогија – изворот на вода, врутокот и потокот, тие се разликуваат само во нашата претстава, а во реалноста тоа е една водна стихија. Што се однесува до аналогијата сврзана со способностите на човечкиот ум, таа може да биде аналогија само на образецот на Откривањето на Пресвета Троица во светот, но никако не и на внатре-троичното битие. Сите овие аналогии го поставуваат единството над троичноста.

Светителот Василиј Велики за најсовршена аналогија од створениот свет го сметал божилакот, бидејќи е “едната и иста светлина и непрекинат во самиот себе и разнобоен”. “И во разнобојноста се открива еден лик – нема средина и премин меѓу боите. Не е видно каде се разграничуваат зраците. Јасно е видлива разликата, но не можеме да го измериме растојанието. И во севкупноста разнобојните зраци ја образуваат едната бела. Едната суштина се открива во разнобојното светење”.

Недостаток на оваа аналогија е тоа што боите од спектарот не се самостојни личности. Воопшто, за светоотечкото богословие е карактерен многу претпазлив однос кон аналогиите.

Како пример на таков однос може да послужи 31-то Слово на светителот Григориј Богослов: “Конечно, заклучив дека е најдобро да се остават сите образци и сенки, како измамливи и не достигнувајќи до вистината, да се држиме пак, до благочестивиот начин на мислење, запирајќи на не-многу искази”.

Поинаку кажано, не постојат образци за претставување во нашиот ум на овој догмат; сите образци, позајмени од створениот свет, се многу несовршени.

Кратка историја на догматот за Пресвета Троица

Во тоа, дека Бог е еден според приодата, но троичен во лицата, христијаните верувале секогаш, но самото догматско учење за Пресвета Троица се создавало постепено, вообичаено во врска со појавувањето на различните еретички заблуди. Учењето за Троица во христијанството секогаш било сврзано со учењето за Христа, со учењето за Боговоплотувањето. Тринитарните ереси, тринитарните спорови имале под себе христологиска основа.

Всушност, учењето за Троица станало можно благодарение на Боговоплотувањето. Како што се вели во тропарот на Богојавление, во Христа “се јави Троично поклонување”. Учењето за Христа “за Јудеите е соблазна, а за Елините безумство” (1 Кор. 1, 23). Исто така, учењето за Троица е камен на спрепнување и за “строгиот” јудејски монотеизам и за елинскиот политеизам. Затоа сите обиди разумски да се осмисли тајната на Пресвета Троица воделе во заблуда – или од јудејски, или од елински карактер. Првите ги растворале Лицата на Троица во едната природа, на пример, савелијаните, а вторите ја сведувале Троица на три нееднакви природи (аријаните).

Аријанството било осудено во 325 г. на Првиот Вселенски Собор во Никеа. Основно дејство на тој Собор било составувањето на Никејскиот Символ на Верата, во кој биле внесени небиблиските термини, меѓу кои особена улога во тринитарните спорови од IV век одиграл терминот «омоусиос» = «едносуштен».

За да се открие изворната смисла на терминот “омоусиос” биле потребни огромните напори на големите Кападокијци: Василиј Велики, Григориј Богослов и Григориј Нисаски.

Големите Кападокијци, првенствено Василиј Велики, строго ги разграничиле поимите “суштина” и “ипостас”. Василиј Велики ја определил разликата меѓу “суштина” и “ипостас” како меѓу општо и посебно.

Согласно учењето на Кападокијците; суштината на Божеството и нејзините својства, т. е. Безпочетноста на битието и Божественото достоинство им припаѓаат подеднакво на сите три ипостаси. Отецот, Синот и Светиот Дух се нејзини пројавувања во Лица, од кои секое Лице ја има сета полнота на божествената суштина и се наоѓа во нераскинливо единство со неа. Ипостасите меѓу себе се разликуват само според личните (ипостасните) својства.

Освен тоа, Кападокијците фактички го поистоветиле (пред сè, двајцата Григориј: Назијанзин/Богослов и Нисаски) поимот “ипостас” и “лице”. “Лице” во богословието и философијата од тоа време било термин кој немал онтологиски карактер, туку имал само описен карактер; лице можело да се нарекува маската на актерот или правната улога што ја исполнувал човекот.

Поистоветувајќи ги “лице” и “ипостас” во троичното богословие, Кападокијците со самото тоа го пренеле овој термин од описно ниво на онтологиско ниво. Како последица на тоа поистоветување се појавил нов термин, за кој античкот свет не знал: тоа е терминот – “личност”. Кападокијците успеале да ја помират абстрактноста на грчката философска мисла со библиската идеја за личното Божество.

Главно во тоа учење е дека личноста не е дел од природата и не може да се мисли во категориите на природата. Кападокијците и нивниот непосреден ученик св. Амфилохиј Икониски, ги нарекувале Божествените ипостаси “начини на битието” на Божествената природа. Согласно нивното учење; личноста е ипостас на битието. Личноста слободно ја ипостазира својата природа. Така, личностната пророда во своите конкретни пројавувања не е предопределена суштина, која би му била додадена на Бога од надвор, па затоа Бог не е е суштина што би им претходела на Лицата. Кога го нарекуваме Бога абсолутна Личност, со самото тоа сакаме да ја изразиме мислата дека Бог не се определува од никаква, ни надворешна, ни внатрешна неопходност, дека Тој е абсолутно слободен според односот кон Своето сопствено битие, секогаш е таков каков што сака да биде и секогаш дејствува така како што сака, т. е. слободно ја ипостазира Својата триедна природа.

Укажувања на троичноста (множината) на Лицата во Бога во Стариот и Новиот Завет

Во Стариот Завет има доволен број укажувања на троичноста на Лицата, а исто така, прикриени укажувања на повеќето лица во Бога, без да се укажува конкретен број.

За таа множина се говори уште во првиот стих на Библијата (Бит. 1, 1): “Во почетокот ги створи Бог небото и земјата”. Глаголот “бара” (= створи, од еврејски) стои во еднина, а именката “елохим” – во множина, што буквално значи “богови”.

Бит. 1, 26: “И рече Бог: да створиме човек според Нашиот образ и според Нашето подобие”. Зборот “да створиме” стои во множина. Ист е случајот и со Бит. 3, 22: “И рече Бог: еве Адам стана како еден од Нас, познавајќи добро и зло”. «Од Нас» – исто така, е множина.

Бит. 11, 6 – 7, (каде што се говори за градењето на кулата во Вавилон): “И рече Господ: …да слеземе и да им ги смешаме таму нивните јазици”. Зборот “да слеземе” – е во множина. Светителот Василиј Велики во Шестодневот (Беседа 9), вака ги коментира овие зборови: “Навистина чудно празнословие; тврдат дека некој седи и самиот на себе си наредува, самиот себе се надгледува, самиот себе се принудува со власт и упорност. Второ – тоа е укажување на три Лица, но без именување на лицата и без нивно разликување”.

Во XVIII глава на книгата “Битие”, е јавувањето на три Ангели на Авраам. Во почетокот од главата се говори дека на Авраам му се јавил Бог (во еврејскиот текст стои: “Јахве”). Авраам, кога излегол да ги пречека тројцата туѓинци, Им се поклонува и се обраќа кон Нив со зборот: “Адонаи” (буквално: “Господ”, во еднина).

Во светоотечката егзегеза се сретнуваат две толкувања на тоа место. Според првото: се јавил Синот Божји, Второто Лице на Пресвета Троица, придружуван од два ангела. Таквото толкување го сретнуваме кај мч. Јустин Философ, кај светителот Илариј Пиктавијски, кај светителот Јован Златоуст, кај блажени Теодорит Кирски.

Сепак, повеќето отци светители: Атанасиј Александриски, Василиј Велики, Амвросиј Медиолански, блажени Августин – сметаат дека тоа е јавување на Пресвета Троица, првото откривање на човекот за Триединството на Божеството.

Токму второто мислење било прифатено од православното Предание и нашло свое воплотување, како-прво; во химнографијата, каде што се говори за тој настан токму како за јавување на Триедниот Бог, и во иконографијата; познатата икона “Старозаветна Троица”.

Блажени Августин (“За Божјиот град”, кн. 26) пишува: “Авраам пречекува тројца, се поклонува на еден. Здогледувајќи тројца, тој го разбрал таинството на Троица, а поклонувајќи се како на еден – го исповедал Едниот Бог во Три лица”.

Укажување на троичноста на Бога во Новиот Завет е пред сè – Крштението на Господ Исус Христос во Јордан од свети Јован Крстител, кое во Црковното Преданиие го добило името Богојавление. Тој настан е прво јавно Откровение на Троичноста на Божеството за човештвото.

Понатаму, заповедта за крштението што ја дава Господ на Своите ученици по Воскресението (Мт. 28, 19): “Одете и научете ги сите народи, кршетвајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух”. Овде зборот “име” стои во еднина, иако се однесува не само на Отецот, туку и на Синот и на Светиот Дух, наедно. Светителот Амвросиј Медиолански вака го коментира овој стих: “Господ рекол “во името”, а не “во имињата”, бидејќи е еден Бог, не се повеќе имиња, бидејќи нема два Бога и нема три Бога”.

“Благодатта на Господ наш Исус Христос и љубовта на Бог Отецот и општењето на Светиот Дух – со сите вас” (2 Кор. 13, 13). Со овој израз апостолот Павле ја истакнува личностноста на Синот и Духот, Кои даваат дарови заедно со Отецот.

Прологот на Евангелието од Јован (Јн. 1, 1): “Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог”. Под „Бог” овде се подразбира Отецот, а со „Слово” се именува Синот, т. е. Синот беше вечно со Отецот и вечно беше Бог.

Преображението Господово е, исто така, Откровение за Пресвета Троица. Еве како В.Н.Лосскиј го коментира тој настан од евангелската историја: “Затоа и се празнуваат толку торжествено Богојавлението и Преображението. Ние го празнуваме Откровението на Пресвета Троица, зашто беше чуен гласот на Отецот и присуствуваше Светиот Дух. Во првиот случај под вид на гулаб, а во вториот – како светол облак што ги засенил апостолите».

Разликувањето на Божествените Лица според ипостасните својства

Согласно црковното учење, Ипостасите се Личности, а не безлични сили. При тоа Ипостасите имаат една природа. Се поставува прашањето; како да ги разликуваме?

Сите божествени својства се однесуваат на општата природа, тие се својствени за сите три Ипостаси и затоа, самите по себе не можат да ги изразат разликите меѓу Божествените Лица. Не може да се даде апсолутно определување на секоја Ипостас, користејќи едно од имињата на Бога.

Една од особеностите на личностното битие се состои во тоа, дека личноста е уникатна и неповторлива, а следствено, таа не е подложна на определување, не може да се подведе под некој поим, бидејќи поимот секогаш обопштува; личноста не може да се сведе под општ именител. Заради тоа, личноста може да биде восприемана само преку својот однос кон другите личности.

Токму тоа го гледаме во Светото Писмо, каде што претставата за Божествените Лица е основана на односите, кои постојат меѓу нив.

Од почетокот на IV век може да се говори за општоприфатена терминологија, согласно која ипостасните својства се изразуваат со следните термини: за Отецот – нероденост, за Синот – роденост (од Отецот), и исходење (од Отецот) за Светиот Дух. Личните својства се непреносливи својства, вечно остануваат неизмениливи, исклучително припаѓаат на едно или на друго од Божествените Лица. Благодарение на тие својства, Лицата се разликуваат едно од друго и ние ги познаваме како посебни Ипостаси.

При тоа, разликувајќи во Бога три Ипостаси, ние ја исповедаме Троица едносуштна и неразделна. Едносуштноста означува дека Отецот, Синот и Светиот Дух се три самостојни Божествени Лица, кои ги имаат сите божествени совршенства, но тоа не се три одделни суштества, не се три Бога, туку Еден Бог. Тие ја имаат едната и неразделна Божествена природа. Секое од Лицата на Троица ја има божествената природа во совршенство и целосно.

Извор: 

http://mistagogia.mk/tajnata-na-presveta-troica-2/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная