логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.Nes.nedela

Aleksandar.Nes.nedela1

- Денес имавме можност да видиме што православните христијани го сметале за најважно во нивните животи пред многу векови. Гледајќи ги овие светилишта, разбравме дека најважно од се им било  да ја задржат својата христијанска православна вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат православна вера, што значи според Евангелието. Ништо друго да немаме, освен искуството од посета на вакви светилишта, имаме јасна порака за нас денес кои сме изложени на различни предизвици кои нудат некои нови вредности и нови погледи на светот.

-Секако, Црквата е секогаш модерна. Таа не припаѓа само на минатото, дури ни на сегашноста, па ни само  на иднината. Припаѓа на вечноста. Во таа смисла, таа е безвременска и се труди да биде секогаш актуелна, да ги сподели сите проблеми, сите искушенија, сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек додека живее во ова време. Освен тоа, токму поради тоа што е современа и безвременска, Црквата не е ниту старомодна, ниту модерна. Црквата ја нуди вертикалата, ја нуди смислата на постоењето на секој човек во секое време и секој простор. Црквата ни дава можност да сфатиме дека сме создадени за вечноста и дека љубовта е основата на нашето постоење, како што Евангелието зборува со целото свое битие кон Бога, а преку таа љубов кон Бога и љубов кон ближниот, тоа значи кон секое  човечко суштество. Кога Евангелието говори за односот со ближниот, не се мисли само на оној што е покрај  нас, го подразбира и него и пред се него, но ги подразбира и сите останати  луѓе, истакна патријархот Порфириј и нагласи:

-Поклонувајќи се  на светителите и доаѓајќи  на местото на светителите имаме најдобра можна шанса и прилика  да погледнеме во себе, да се восхитуваме на она што тие  пред нас  живеејќи ја православната вера го оставиа како предание и духовна култура. Така, имаме можност да се вкорениме во традицијата и да се вооружиме и да живееме во своето време како современици на сите луѓе. Радоста и благословот се големи  да можеме да им се поклониме на светителите, да запалиме свеќа, да се помолиме на Бога за спас на целиот свет, за мир во светот, за мир меѓу луѓето, за меѓусебно разбирање и подготвеност секој да  го најде своето. место под сонцето. Сите нека  сте благословени и благодарност  за  љубовта.

 

 

Патријарх Порфирије: Црква нуди смисао постојања сваком човеку у сваком времену и сваком простору

-Данас смо имали прилику да видимо шта су православни хришћани пре много векова сматрали најважнијим у свом животу. Гледајући ове светиње разумели смо да им је важније од свега било да чувају своју хришћанску православну, веру, али не само да чувају него да и живе православном вером, а то значи по Jеванђељу. Ништа друго да немамо, него само искуство када обилазимо овакве светиње, имамо јасну поруку за нас данас који смо изложени разним изазовима који нуде неке нове вредности и нове погледе на свет.

-Наравно, Црква је увек савремена. Oна не припада само прошлости, чак ни садашњости, па ни само будућности. Oна припада вечности. У том смислу, она је свевремена и труди се да буде увек актуелна, да дели све проблеме, сва искушења, све невоље, али и све радости са којима се суочава сваки човек живећи у овом времену. Поред тога, управо зато што је свевремена и надвремена, Црква није ни старомодна ни модерна. Црква нуди вертикалу, нуди смисао постојања сваком човеку у сваком времену и сваком простору. Црква даје могућност да разумемо да смо створни за вечност и да је љубав темељ нашег постојања и то баш онако како говори Јеванђеље читавим својим бићем према Богу, а кроз ту љубав према Богу и љубав према ближњем, а то значи према сваком човеку. Када Јеванђеље говори о односу према ближњем не подразумева само онога који је поред нас, подразумева наравно и њега и пре свега њега, али подразумева и све остале људе, истакао је патријарх Порфирије и нагласио:

-Клањајући се светињама и долазећи на место светиња имамо најбољу могућу шансу и прилику да се загледамо у себе, да се дивимо ономе што су они пре нас живећи православном вером оставили као предање и духовну културу. Тако имамо и могућност да будемо укорењени у предању и да се наоружамо и да живимо у свом времену као савременици свих људи. Радост и благослов су велики да можемо да се поклонимо светињама, да упалимо свећу, да се помолимо Богу за спасење читавог света, за мир у свету, за мир међу људима, за међусобно разумевање и спремност да свако нађе своје место под сунцем. Нека сте сви благословени и хвала вам на љубави.

http://www.spc.rs/sr/fotogalerija_makedonija?fbclid=IwAR0EatTOE_h1KHkqViOeFKp6cGwWMDSYuaun6yKeZeUstYgIP41eGSFxyp4

 Друго:

   

Стотици верни го пречекаа Српскиот Патријархот Порфириј во манастирот Калиште кај Струга (21.06.2022 18:22)



Неговата Светост Патријархот Српски Порфириј, вчера, во раните вечерни часови пристигна во манастирот Калиште, кај Струга, каде што Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, архиепископите, свештениците, монасите и стотици верници приредија многу свечен дочек.

Во чест на Српскиот Патријарх Порфириј, придружуван од Преосветениот епископ Зворничко-Тузлански г. Фотиј, во храмот на древниот манастир посветен на Пресвета Богородица се отслужи доксологија.

Стотици верни, стари и млади, деца во народни носии не ја криеја радоста што може да го примат патријаршискиот благослов.

Манастирот посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица во селото Калиште, на брегот на Охридското Езеро, западно од Струга, го краси чудотворната икона на Богородица.

Недалеку од храмот се наоѓаат лековитите извори на свети Петар и свети Ананија, како и параклисот на свети Атанасиј во пештерата.

 

 http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7653

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная