Премин Портал

Кожувчанка

Исполнета желба


Пред еден месец се јавив кај сестра Филотеја да ја замолам да го праша владиката Бачки Иринеј дали може на враќање од Кучанци да поминам од кај нив и да служиме заедно на Ѓурѓиц – денот на соборниот храм на Нови Сад. Еднаш – порано, ме беше поканил, но Дедо Стефан испрати други епископи и тогаш не отидов. Таа ми одговори дека владиката најверојатно нема да може тој ден, но дека ако има нешто ново – ќе ми јави. Не знам како испадна да ѝ речам дека, со помошниот владика Даманскин ќе имам прилика и другпат да служам, но мојата желба беше да служам со владиката Иринеј.
И еве денес, владиката Иринеј ми ја исполни таа желба. Дедо Стефан нѐ прати дедо Петар и мене на Литургијата и опелото по повод неговото упокојување, во Господа. Во Христос се сите живи, а нашиот собрат и сослужител знаеме дека денес беше со нас на Светата Литургија - пожив од кога било другпат. Впрочем и самото мое доаѓање сведочи дека владиката Иринеј почна да ги слуша и исполнува нашите желби. Се случија и многу други олеснителни околности – при доаѓањето, но тоа нека остане тајна...
Уште како студент, многу бев поврзан со тројцата ученици на преподобниот Јустин Ќелиски. Ги читав нивните книги, ги слушав нивните предавања на факултетот во Белград и во манастирот Велика Ремета и се исповедав кај еден од нив. Такви беа условите на почетокот од осумдесетиите години на минатиот век и Му благодарам на Бог за тоа.
Од отец Јустин учевме за тајната на соборниот живот на Црквата, дека – во Христос, секој еден од нас, живее и расте во сите и преку сите; и дека сите живеат и растат во секого и преку секого, сѐ додека Христос не стане сѐ во сѐ.
Од отец Атанасиј учевме за еклисиологијата; до толку што – целата одбрана на автокефалноста на МПЦ-ОА, ја темелевме на неговото оправдување на автокефалноста на Пеќската Архиепископија - која се одвои од Охридската Архиепископија.
Од отец Амфилохиј учевме за исихазмот на свети Григориј Палама и за разликувањето на Божјата суштина – за нас непричесна, од Божјите несоздадени енергии – за нас причесни, кои ни носат битие, благобитие, како и вечно благобитие.
Отец Иринеј ни ја всади љубовта кон свети Марко Ефески и кон неговата ревност за чистотата на нашата православна вера.
Но, подоцна, од истиот, но сега - владика Иринеј, а и ние веќе епископи, бевме принудени – сето дотогаш научено, низ огинот на теолошкиот дијалог за надминување на расколот, да го провериме и разјасниме.
Тој беше главниот човек што ги влечеше потезите во „шаховската игра“ чиј крај формално требаше да биде автономија или автокефалност на МПЦ-ОА, Јустинијана Прима, а суштински - требаше да биде: колку е убаво кога браќата живеат заедно.
Одговарајќи на потезите што, притоа, беа влечени од другата страна разјаснивме дека:
Прво: на административна црковна одлука, не се одговара со светотаинска мерка – тоа е многу несоодветно однесување. На пример, на евентуално неправилно прогласена автокефалност се одговара со непризнавање на истата, а не со прекин на сослужување на Литургија и со неспомнување на истата.
Второ: варењето на свето миро не е средство за контрола над една Помесна црква, туку е средство на контрола од страна на Епископот врз презвитерите; и е во власт на секој Епископ, без тој да има потреба од истото.
Трето: позицијата на Епископот по чест и позицијата на Епископот по власт си имаат свој литургиски израз – местото на првата позиција е на „Великиот Вход“, а на втората на „најнапред спомни го“.
Четврто: православната еклисиологија е таква што секој обид на првенството по чест да се претвори во првенство по власт над еднаквиот со тебе е еклисијална ерес.
Петто: „првенството по чест“ – без оглед дали во Соборната или во Помесната црква, го одржува единството на Црквата и секој обид да се измести би значел опасност од раскол.
Шесто: титулите на сите Поглавари го покажуваат само нивното првенство по чест, не по власт; на пример, Вселенски, Македонски, Руски, Српски, Бугарски, Албански, Романски, на цела Елада итн. Тие имаат власт само во епархијата со која раководат.
Седмо: најголема опасност за единството на Црквата е немањето на внатрешно духовно покритие за високите свештенички чинови што ги носиме, односно – отсуството на царското, есхатолошко и внатрешно свештенство, што значи – отсуството на умно-срдечната молитва. Итн., итн... работи кои на оние што не поминале низ раскол, не им паѓаат ни на памет.
„Шаховската игра“ ја играме бестрасно – како спортски интелектуален и духовен натпревар, со љубов и почит, затоа што сме деца на иста Мајка – Црквата. Колку посилен „противник“, толку повеќе учиме. Играта, значи, не е завршена. Не знам дали играњето од позиција на Царството Небесно носи некоја предност. Лично, мислам дека – не мора да значи; но, ќе видиме. Можеби ќе значи и промена на „страна“.
Владико возљубен, моли се за нас...


Митрополит Струмички Наум

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 30, 2026
TVITer29

ЗАДУШНИЦА – ВРСКА НА ЉУБОВТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Во пресрет на Педесетницата, кога Црквата го очекува слегувањето на Светиот Дух и откривањето на својата полнота како Тело Христово,

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Ное 30, 2025 Полезно и Потребно 2437
Patot.na.podviznikot53
Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3827
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3878
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно...

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември  2026

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември 2026

Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина....

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 21 ноември/ 8 ноември 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 21 ноември/ 8 ноември 2026

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная