логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 Тропар на светиот
апостол Матеј
16 ноември / 29 ноември

Ревносно од царина си тргнал
кон повикот на Владиката Христос,
Кој поради својата добрина се појави
на земјата помеѓу луѓето,
Него следејќи го се покажа како избран апостол
и велегласен благовесник на Евангелието во вселената. Поради тоа го почитуваме твојот
чесен спомен, богоглаголив Матее.
Моли го Милостивиот Бог, да ни подаде,
простување на гревовите на нашите души!

Извор МПЦ-ОА     


Православен календар за 29/11/2022

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2022 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

vozdvizenie.jpg

Светиот апостол и евангелист Матеј

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ некој Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена осама во гората каде што му се јави Господ. Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матејев, но никако со очите не можеле да го видат Светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде. Кога му се приближи на Св. Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но Светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа - за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фати Св. Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на Св. апостол Матеј. Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј.

Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство. Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3410
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »