логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Monasi.Svetogorgi

Животни грижи и духовен живот
о. Харалампиј Пападопулос

 Monasi.Svetogorgi2


                      Можат ли овие две нешта да врват заедно? Ова е прашање кое не измачува и засега сите нас, кои во овој свет се трудиме - секогаш со нашите проблеми и тешкотии - да ја живееме реалноста а истовремено сме луѓе кои се трудат да го применат Божјото слово во сопствениот живот, да ги исполнат Божјите заповеди, да го запознаат опитно Христа, да го вкусат Христовото присуство во нивните животи. Многумина се прашуваат: дали е возможно во свет со толку многу грижи, вознемиреност и проблеми, јас кој на пример сум оженет, имам толку многу работи на глава секој ден, дали е можно да го доживеам она што го читам во животот на светителите? Дали е можно некогаш во мојот живот да го искусам и да го постигнам она што Христос го сака од мене?
                   Повеќето луѓе на ова прашање во најдобар случај би рекле дека е исклучително тешко. Други би рекле дека тоа е недостижно, а ние обично слушаме дека овие работи што ги читаме во житијата на светителите, нивните „подвизи“, големите духовни харизми и откровенија во никој случај не се наменети за нас кои живееме во светот, кои сме оженети, кои имаме семејства, но за монаси, монахињи и за некои луѓе кои не живеат во светот и општеството, па дури и за луѓе кои живееле во друго многу далечно време.

               Се разбира, овде паѓаме во многу голема замка да мислиме дека работите биле подобри во минатото. Замка која укажува дека секое минато е подобро од сегашноста. А ние пак, секогаш веруваме во нашата помисла дека луѓето во минатото биле подобри а не биле како денешните луѓе. Старите времиња кога нештата беа подобри. Старите времиња кои беа романтични. Старите луѓе кои имаа вера. Каде да се најде сега таква вера? - итн.

 

Monasi.Svetogorgi4             Ова не е вистина. Никогаш не било подобро. Ако ги читате житијата на светиите, ( сега се сеќавам на едно нешто што ми падна на ум - житието на преподобен Нил Калавријски ) таму ќе видите дека неговиот житиеписец, кој е исто така светител, во воведот напишал: „Денес Ви го претставувам Свети Нил,еден свет човек и преподобен маж, за кој веројатно во модерново време никој не се грижи да слушне, бидејќи модерното време е доба во која никој не се грижи за светоста и духовноста...“. Така почнува и вели дека во тоа време немало духовна желба, интерес и потрага. Зборуваме за предходните векови, кои ги сметаме за златни времиња. Не, не беа ниту подобри ниту полоши, туку исти. Што значи исти? Тоа значи дека живееле луѓе кои имале многу светлина, но и многу темнина, многу добродетели, но и премногу страсти, имало свети луѓе, вредности и идеали, но имало и сурови, големи, крвави војни, со милиони жртви. Ние и денес го фалиме минатото и зборуваме за побожноста на народот, за нашите баби и дедовци и народното благочестие. Да, секако, имаше баби и дедовци, благочестие кај народот, кои навистина ја зачуваа молитвата, кандилото, просфората, метаниите, молитвата. Но, побожноста кај народот не значеше само тоа, туку во исто време имаше и такви кои заедно со иконата и темјанот гледаа на кафе, толкуваа соништа, замислуваа бог кој ги казнува луѓето, ги плашеа децата кои не одат во црква, преставуваа една света Богородица, која сече раце и јазици. Овие нешта врвеа заедно. Да бидеме искрени, да ја зборуваме вистината, да не си вообразуваме поинакви работи. Накратко, секогаш имало луѓе со добродетели, и секогаш имало луѓе со страсти, падови и немоќи.
              И да се вратам на нашата тема. Отсекогаш имало тешки епохи, со сериозни проблеми и веројатно повеќе од нашите. Зашто ние денес протестираме, и со право во голема мера, дека живееме во тешка економска и социјална ера, но - замислете да живеевте во повоена Грција, што би рекле тогаш? Секој ден да ги собирате труповите од плоштадите и патиштата во Атина? Сето ова го кажувам за да разберете дека не постои идеална возраст за светост и истовремено не постои доба во која не е можно да се доживее светоста и духовноста. Секако, теренот е секогаш откриен со неговите добри и лоши страни, плусови и минуси.

Monasi.Svetogorgi3


                Во денешната беседа ќе ни помогне еден голем светител кој особено го почитувам - свети Теофан Затворник. Овој голем руски светител пишувал слова за животните грижи, молитвата и христијанската борба. Да започнеме најпрво од него.
                 Тој го кажува следново и видете колку светителите се реалистични за животот:
               „Сепак, без светски и световни работи, без световни и светски грижи не можам да живеам“
Тука суштествува еден реализам на светителот. Многупати се инкриминираме себеси и чувствуваме вина затоа што имаме животни грижи, живееме во светот, во брак сме, имаме деца и мислиме дека духовниот живот е тежок, недостижен и не е за нас. Но, овде светителот вели дека вистината е дека не можеме да живееме без животни грижи и занимања и понатаму вели дека и подвижниците кои се откажале од животните грижи, и тие имаат градина и садат зеленчук, го одгледуваат, имаат ракоделие, прават бројаници што ги продаваат, порано плетеле кошници,приготвувале темјан, прават нешто, прво да не им се изгуби умот во помислите и второ, за да живеат. Дури и они, а колку повеќе ние.
И продолжува:
              "Што ќе правиме сега? Многу едноставно, однадвор ќе ја извршуваме секоја неопходна животна работа, но внатрешно ќе се држиме настрана од неа. Нема да дозволиме нашето срце да биде заробено со ова дело“.
           Што означува тоа? Дека стојам на растојание од тоа што го правам, се враќам чекор наназад од него и станувам набљудувач на настанот, не сум обземен од она што го правам, не сум негов плен, не станувам роб на предметите, работата, професијата. Јас ги искористувам, а не тие мене, јас ги ползувам, а не тие мене, не станувам вазал на реалноста, стојам настрана од она што се случува и можам да го гледам, да влегувам и излегувам кога сакам, и да ја вршам работата, без таа да ме троши, да ме ограничува и да ме растројува. Така всушност говорел светителот.
             Втората работа што треба да ја разбереме ( а тука постои една голема замка ),е дека тоа што го правиме е една улога, со која во никој случај не треба да се идентификуваме. Односно, јас не сум тоа што го правам. Многупати луѓето се поистоветуваат со она што го прават до тој степен што не можат да се разликуваат поединечно. Се губат во работата. Но, човекот не е само она што го прави, туку нешто многу подлабоко, посуштинско, не се оценува само според она што секојдневно го прави. Јас сум нешто многу подлабоко – Божји образ, го имам Божјиот здив во себе, целта ми е царството Божјо, не да се исцрпувам со сегашната реалност. Мојот правец е есхатолошки правец, длабоко движење што ги надминува времето и просторот, не се разградувам во она што го работам, не дозволувам да ме претопи.
           Свети Теофан вели дека причината поради која човекот е врзан со работата и животните грижи е неговата небрежност. Односно, проблемот не е во тоа дека работиш, не е во тоа што вршиш една работа, не е дека треба да вршиш повеќе работи, туку во тоа што тие те обземаат. Небрежен си, не бдееш над себеси, си дозволуваш да веруваш на твоите помисли, на мислите, на сценариото на твојот ум. Не е виновна професијата, не е само тоа што имаш грижи. Ги носиш со себе, спиете заедно, се будите заедно, јадете заедно, заедно одите на прошетка, секогаш сте заедно. Поминуваш повеќе време со нив отколку со сопругот или сопругата.
            Кога некој ќе дојде и ќе ви го каже својот проблем или својата неволја, многумина велат: „Леле, ме здроби!“ Ми ја зеде целата енергија“ или „Се чувствувам многу слабо“. Ова се случува затоа што не сме ја научиле уметноста да ги слушаме другите, не го знаеме она што го вели мајка Гаврила: „кликни на прекинувачот“. Да слушнеш што сака да ти каже, неговата болка, да ја почувствуваш, да имаш сострадание, но кога ќе заврши таа средба, мора да знаеш како да „кликнеш на прекинувачот“, бидејќи во спротивно ќе се скршиш и ќе ги повлечеш другите со себе. Зашто, ако си одиш таков дома, тогаш ќе имаш проблем со жена ти, ќе избувнеш и на твоите деца.
            Ќе ми речеш: „Оче, лесно ли е?“ Не е така лесно, но не е ниту тешко, потребно е тренинг и со Божја благодат може се да се направи. Многу луѓе кои се трудат и се борат го постигнуваат тоа и можат да го направат.
             Светителот продолжува: „Дозволуваме да бидеме осквернети и со мисли и со чувства и со желби и со грижи“.
Дозволувате да се извалкате,ги мешате чувствата, мислите, толкувањата и станувате една топка. Еден старец на Света Гора вели: „Кога мачињата си играат со топчињата, што ќе се случи на крајот? Ќе се заплеткаат. И колку повеќе се обидуваат да ги расплетат, толку повеќе тие се заплеткуваат“. Ова е вистината, оставаме и дозволуваме световните грижи, проблемите со кои се среќаваме, во голема мера да навлезат во нашите животи, да влијаат на нашите односи и конечно да влијаат на нашиот најдлабок образ.
           „Нужно е да се грижиме за придобивање на животните нешта“.
            Имаш деца, дом, домаќинство, затоа е потребно.
         „Ова не е погрешно. На овој начин Бог ги устроил нашите животи. Но лукавиот ѓавол непрестајно се труди секое добро да го претвори во зло, разумната и благословена земна грижа да ја изопачи во неразумна, постојана и вознемирена грижа, која го затемнува умот и го вознемирува срцето“.
            Ѓаволот е клеветник, клевети една вистина и ги извртува работите. Ни нуди работи кои се искривени од нивната првобитна слика и реалност. Ги изопачува. Тој им го преставил плодот во Рајот на Адам и Ева како избавување, како обожение, но всушност ја искривил суштината на желбата. Тоа е она што тој го прави во нашите животи - „ќе станете богови“, вели ѓаволот. Ги искривува нашите суштински потреби, клевети, ги уништува нашите суштински желби и додека нашата најдлабока желба е Бог, на местото на Бога тој ги поставува страстите. Што се страстите? Сурогат на Божјото присуство. Ви недостасува големото и го барате малото. Ви недостига целото и се храните со малото, со лажното, ви недостасува вистинското и барате вештачки нешта, го немате оригиналното, реалното и барате имитација, лажно. Зошто? Затоа што душата на човекот, вели свети Порфириј, не живее со празнината. Душата сака смисла, сака креативност, сака изразување, сака единство, сака поврзување, сака да прима и дава љубов. Ако не влезе вистинското, ако не влезе Христос, ако не влезе супериорната смисла на битието и на животот, ќе најдете други лажни, изопачени, искривени значења, ако не се храните со супериорна храна, ќе внесете вештачка храна која е лажна и со многу ниска хранлива вредност. Ова го гледаме во секојдневниот живот кога нашите животи немаат никаква смисла, заглавени сме со стресот и си одиме дома, се нафрламе над јадењето и јадеме лакомо, не јадеме за да се нахраниме, не сме гладни. Гладот не е во јадењето, јадењето не ни недостига, затоа кога ќе се наситиш велиш: „Седнав и пак јадев,а не бев гладен“. Зошто го правиме ова? Затоа што ни фали нешто друго, подлабоко. Исто е и со коцкањето, со дрогата, проблемот во тоа не е како ќе ги оттргнеш децата од наркотиците, ајде, ќе успееш да ги оттргнеш, прашањето е каде ќе ги поставиш, што ќе им понудиш наместо наркотикот? Младиот човек вели: „Живеам со дрогата“. Ако не влезе наркотикот, како ќе живее? Што да внесете во нивниот живот наместо дрогата?
             Каде се гледа дека не ни недостасуваат работите кои постојано ги бараме во животот? Од фактот, што кога си ја задоволуваме желбата тоа не не исполнува. Копнеете да земете нов iPhone и гледате што се случува - редици, ноќевања пред продавници како да има бдение во чест на Свети Спиридон, стојат надвор, спијат во вреќи за спиење. Ако им кажеш да одат на бдение, тие велат: „Ми се врти, нозете не ме држат, не можам!“ Ама за ајфон може да чекаат толку часови, или за еден билет за меч или концерт, можат да чекаат со часови во редици. Затоа што таму, во тоа нешто – билет, телефон, се случува обожувањето на желбата. Ова нешто, кое е парче хартија, во душата се обожува како нешто апсолутно. Ако го добијам, ќе бидам среќен, ќе бидам исполнет, ќе ми се промени животот, ќе го почувствувам апсолутното чувство и ајде, си направил тоа, но штом го добиеш, чувствуваш неверојатна празнина и велиш: „Мм, тоа ли беше?“ И тогаш што правиш? Сакаш нешто друго, а потоа се повеќе и повеќе и повеќе. На што се заснова високата уметност што ја формира пазарната психологија? На незадоволството на човечката желба. Постојано излегуваат нови модели на телефони, работи, облека, автомобили - дали мислите дека тоа се реални потреби? Целиот капитализам почива на ова. Пазарен капитализам. На ненаситност. Што се крие зад ова? Отсуство на Бога,го сакаш совршеното, апсолутното, апсолутниот момент, апсолутните нешта, апсолутната личност, совршената врска, совршената мајка, татко, семејство, општество. Затоа што во тебе има една жед за совршенство. Што покажува таа? Жедта за Бога. И бидејќи не се залагаш да го оствариш тоа, поставуваш сурогати на нејзиното место.
           „Како можаме да останеме присебни среде грижите? Што и да правите, правете го срдечно, внимателно, систематски“.
         Овде некој ќе каже дека овој пасус противречи на претходниот, каде што вели не се занесувај, не се прилепувај за тоа што го правиш. Но, нема противречност. Затоа што светителот овде кажува голема вистина, дека во животот постои една постојана променливост, сè се менува, се е ефемерно, променливо. Има само еден начин да се надмине овој забеган воз, оваа постојано променлива брзина, менување на чувствата, состојбите, врските, пријателствата, а тоа е да бидете срдечни, трезвено присутни во она што го правите и што сте. Ова е сè што човек може да направи за да не го изгуби своето присуство во реалноста. Многупати слушам родители, земајќи пример од семејниот живот, како ми велат: „Ви кажувам вистина, оче, моето дете порасна и јас тоа воопшто не го почувствував“. Зошто? Затоа што беше отсутен, затоа што беше присутен во просторот, но беше отсутен од времето и од времето на душата на своето дете. Не присуствуваше во душевното време на детето. Можеби сте се бореле да ги задоволите неговите животни потреби, но сте отсуствувале од неговите длабоки душевни потреби. И може да му речете на вашето дете еден ден: „Се борев за да не ти недостига ништо“, но во исто време можеби ти си му недостасувала. Му недостасувало твоето присуство. Кое присуство? Цврстото и непроменливо присуство. На децата им треба ова присуство, да почувствуваат дека некој ги сака, тоа е од суштинско значење за развојот на душата на детето, на една личност, тие сакаат апсолутна љубов. Може да ги сака целиот свет, но ги интересира да бидат сакани од нивната мајка и татко. Детето може да спортува, да вежба некоја уметност, сите да му аплаудираат, детето ќе се сврти во аудиториумот да види и да ги бара мајка си и татко си да види дали тие се среќни...
            Затоа што тоа е човечката потреба - да се биде сакан. Отсуството на современата мајка од домот е крајно деструктивно. Особено во првите години на развојот на детето кога се гради системот на ментално здравје на една личност. Можеби до него е неговата баба, или некоја жена која го чува детето, но детето не сака таква грижа, има потреба да се увери дека некој ме сака мене, а тој некој е мајка ми, татко ми. Има бескрајни примери и студии што се прават во сиропиталиштата за деца кои не пораснале со ова присуство - жените таму се грижеле за нив, но тоа не може да ја компензира мајчинската и татковската грижа. И ова го кажуваме за да покажеме дека многупати сме отсутни од сегашноста на животот и, како што вели свети Теофан, една од многуте причини за тоа е што те завлекуваат животните грижи, се затвораш во нив.
             „Ти доделуваат некоја работа, прифати ја како самиот Бог да ти ја доделил. Така твојата мисла ќе биде блиску до Бога“.
            Всушност, овде ни дава едно решение и толкување. Имаш работа? Наместо да кажеш: „Ме заморувате“, гледај на тоа како самиот Бог да ти го дал.
             Со други зборови, друг став, друго толкување на истата реалност. Оттука, не е реалноста таа што го создава проблемот, туку толкувањето што и го даваме на реалноста, како ние ја толкуваме реалноста. Мислите и помислите, според старец Тадеј, ја создаваат реалноста во која живееме.
               „Проблемот во многугрижието е во тоа што себично се стреми кон самодоволност. Некој сака се да направи сам, сака се да постигне без Бога, полагајќи ја сета надеж на себе, на способностите и материјалните средства што ги има, презирајќи ја Божјата промисла. “
            Проблемот при многугрижието не е самото многугрижие, туку фактот дека сето ова го правиме за да создадеме едно големо его,не за да го споделуваме она што го правиме, да бидеме среќни поради тоа, не за слава на Бога, туку за да изградиме едно големо его. А притоа мораме да знаеме дека многуте грижи кријат и нешто друго - себеизгнание од нашето вистинско јас, правам многу работи за да немам воопшто време, не сакам да ми остане време затоа што не сакам да останам сам со себе и се трудам да правам многу работи за да не останам дома. И ако не се разбирам со жена ми, наоѓам повеќе работи за да не стапнам воопшто во куќата, или одам дома и си легнувам.
             Св. Јован Лествичник вели дека суетниот човек е една лага, подвижна лага. Едно лицемерие затоа што тоа што го кажува, прави и покажува е лажно. Лицемерниот, вели свети Јован, однадвор покажува дека е верен, но во реалноста тој е најголемиот идолопоклоник.
        Колку голема вистина. Колку светите отци ја разбирале човечката душа, колку длабоко се симнале од површината во длабочината на човечката душа и ја разбрале.
          Зашто неговата вера, постот, молитвите, милостињата, учеството во Црквата всушност служат за зајакнување на неговата себичност, за изградба на многу силно его, за изградба на многу силна религиозна личност која ќе биде агресивна, каде што ќе се чувствува како борец, бранител. , прогонител , ќе осудува, ќе прекорува, ќе почувствува дека го има Бог во џебот. Додека во реалноста духовниот живот е соголување на егото, т.е. – спротивното од сето ова. Во духовниот живот мора да стоиш гол, вели Свети Јован, гол дури и од своите добродетели, за да почувствуваш дека воопшто немаш добродетел. Отците на Црквата рекле: „Боже мој, немам ништо, не верувам во ниту една моја добродетел, верувам во едно, во Твојата љубов. Само во неа немам ништо во што можам да верувам. Само во неа“. Целосно соголување на егото. Додека овде гледаме дека многу луѓе ги ползуваат грижите и сите тие нешта за да изградат искривено моќно его.
              И на крајот светителот вели:
             „Товарите на семејството паѓаат и на твоите рамена“.
             Овде светителот го признава товарот,кој што го носи брачниот човек.
           Но, вели, погледнете, дури и семејните грижи не се залудни. Слушнете го ова внимателно бидејќи има многу луѓе, дури и верници, кои велат дека окупирањето со семејството ве отклонува од духовниот живот, многупати мислиме бидејќи сме во светот и имаме грижи, не можеме да водиме духовен живот и не можеме да имаме повисоки духовни искуства. И овде светителот вели дека семејните грижи не се надвор од христијанскиот подвиг, ниту надвор од благодатниот живот, охристовувањето на нашиот живот, туку се внатре.

Monasi.Svetogorgi1

            Еднаш некој му рекол на старец Ефрем Катунакиски:
        - Јас, геронда, одам на работа, имам многу активности и грижи дома и не можам да се молам. Немам време да го правам тоа што го кажуваат црковните текстови и светите отци.
            А отец Ефрем Катунакиски му рекол:
           „Ќе ти дадам правило кое можеш да го следиш ако сакаш.
          - Кое?
         - Кога ќе станеш и ќе ги отвориш очите, ќе кажеш „Слава на Бога!“. А потоа, кога ќе одиш да се измиеш, ќе кажуваш „Господи Исусе Христе, помилуј ме!“, а кога ќе одиш да го испиеш кафето или да појадуваш, кажи повторно „ Слава на Бога “, а кога ќе излезеш од дома и ќе ја затвориш вратата, ќе се прекрстиш, а кога ќе го земеш воланот в рака, пак да се прекрстиш. А потоа, кога ќе одиш на работа, одново прекрсти се. Кога се прекрстувате толку пати и ја кажувате оваа молитва, тоа е како континуирана молитва што одговара на вашиот ритам и начин на живот. И така вашиот ум не е расеан, бидејќи на секоја манифестација на човечкиот живот гледате како на молитва, како на причина да Го прославите Бога.
             И така, отец Ефрем му одговорил на едно основно прашање кое сите го имаме, како можам да живеам еден живот со грижи и да се молам? Така станува тоа. На многу едноставен начин кој може да го пронајде само едно срце што љуби.
Оттука, мора да разбереме дека и во семејниот живот, човекот може да се освети и да го најде патот до светоста и средбата со Христа.
          Начинот на кој живееме е всушност тој што не осветува - не надворешната средина, нè осветува Света Гора, туку начинот на живот на Света Гора е тој кој осветува, никој не се осветува само затоа што е монах, тој може да оди и во адот, но го осветува начинот на живот. Од тука, и дома и во семејството, дури и со нашите грижи, проблеми, таги, сето ова, целиот свој живот можеме да го претвориме во причина и пат кон светоста и средба со Христа. И не заборавајте една многу основна работа дека светителите не се само во манастирите и светителите не носат само расо, има и светители во сини фармерки. Има светители во домовите, во станбените згради, во болниците, во затворите и на улицата.
                 Пред некој ден видов една старица која живее во друштво на светителите. Таа рече дека секоја вечер разговарала со свети Нектариј. Ова воопшто не треба да ни изгледа чудно. Нели свети Јаков го направил истото во Евбеја - со преподобен Давид? Имаше и поплаки, понекогаш се караа, така се случува во врските. Тој му рекол: „Ако го направиш одново тоа, нема да ти го запалам кандилото“. Блискост која произлегуваше од светоста. Оваа госпоѓа како мала за време на Втората светска војна си играла во соседството и згазнала на мина, останатите четири деца загинале, таа преживеала но останала со ампутирана нога. И оваа жена од мала доживеала неверојатни доживувања,и се јавувале Света Недела, Свети Нектариј, го тоа раскажуваше на многу природен начин: „Зборувам со свети Нектариј, но и Христос доаѓа секој втор ден“. Тоа го кажуваше на многу природен начин. Жена која живеела во светот, која имала таги, проблеми, должности, грижи, тешкотии, препреки, болести, но ја имала оваа светост. Оттука, грижите не се пречка за остварување на духовниот живот, напротив, тие можат да станат причина и повод да се изгради врз нив врската со Христос.

sveticarboris.net/ Превод Симеон Стефковски

 

17ти мај 2023 лето Господово

 Друго:

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7719
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная