логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Катигумен Емилијан Симонопетриски



МОЛИТВАТА НА СВЕТА ГОРА ВЧЕРА И ДЕНЕС *




Знаеме дека во манастирите постои непрекинат собор на братството и во целост на соборната Црква. Не би имало причина за постоењето на манастирите, кога тие навистина не би биле деноноќен собор. Затоа центар на монашкиот живот е секојдневниот богослужбен живот и особено божествената литургија. Таму монахот го освојува и усвојува маченичкиот аскетски и литургиски начин на мислење на нашата црква. Литургиските текстови го напојуваат и постануваат негови лични доживувања. Монасите се собираат во храмот, знаејќи дека не се сами, туку со сите ангели и светители, славејќи Го Бога и чествувајќи Го Светителот или празникот.



Божествената Евхаристија и целиот Богослужбен собор им принесува едно длабоко чувство дека Бог е присутен и дека тие таинствено се негови заедничари, преку Божјата Енергија. И колку што е невидлив Бог, по аналогија, толку е повистинско и таинственото заедничарење. Ова, во Бога заедничарење во Богослужењето, кое е превасходно се продолжува и во ќелијата, и на било кое друго место низ Иисусовата молитва. Бидејќи Иисусовата молитва не е просто само една молитва. Не би имало причина да седиме по цел ден и да му говориме на Бога, кога би била само тоа, затоа што Бог ја слуша и нашата внатрешност кога се покренува. Добро е и ова, но уште повеќе Иисусовата молитва е јадење на Христа, на јагнето Божје, присутно во сеќавањето и во призивањето на Божественото и Страшно и најслатко Негово Име. Таа е и пиење на слаткиот опоен пијалок на благодатта, која го превознесува човекот. Целиот Христос се прима и се наоѓа во нас, кои одразуваме сообразија Божји, богови од Бога обоготворувани, просветувани и таинствено придвижувани.


Монахот низ оваа умна „литургија“ како што велат преподобните Отци, засекогаш јаде вистинска манна духовна. Ова е полнотија на манната која некогаш Бог символички и првообразно им ја одожди на Израелците за да живеат од неа. Ја наименуваа „манна“ што значи „не разбирам какво е ова нешто“. Така и ние можеме да кажеме: „Колку големо доживување е оваа молитва, сеќавањето на Иисуса, ова таинствено причестување со Христа секој миг, како што тогаш од небото паѓаа облаци од „манна“ и народот јадеше и се радуваше. Според тоа основната претпоставка за умната молитва е верата дека таа е вистинска заедница (Божја) со Бога и скалило на обожување низ Божјите енергии, преку кое Господ слегува до нас и се соединува со нас грешните. Истиот отелотворен Логос, Царот на небесата, Оној кој на прстето може да го држи целиот свет, Тој се држи од нас, и влегува во нас, и заедно живее и кружи во нас. Како кога во Тиверијатското море, кога учениците уловија мноштво риби, Јован му рече на Петар: „Господе“, така и ние кога ја развиваме мрежата на молитвата, можеме да повториме „Господе“, со полна убеденост, зашто нашата Црква нѝ сведочи дека таму постои Он. Еве Го! Присутен, Самиот Бог!



За да верниот се просветлува и зрачи низ присуството на Господа со молитвата, треба да внимава животот да му биде соодветен со животот кој му е сообразен на Бога. Бидејќи сака да е со Бога, треба да живее богодостоинствено. Да настојува да побегне од човечката мизерија и беда, да се зајакнува себеси низ Божјите сили, да се подвизува, да постанува просторен сад на Божјите дарови. И уште да го сака своето очистување од секој грев, поткрепуван од зборовите на вистината дека ова е изведливо. Со дејствителната своја волја и со Божјото благоволение, да се движи кон можното бестрастие, постанувајќи боголик.


Сега имаме задача да се посветиме на молитвата. Затворени сме во нашите активности, брзаме, се изморуваме, се разочаруваме, живееме во анхос*, не постигнуваме да бидеме слободни од помисли, од страсти и несреќи. За да можеме да спиеме се измачуваме, за да бидеме радосни нѝ треба гитара или некаква забава. Не е ова живот! Нѐ изморува и не нѐ остава да се молиме колку и како сакаме. Заради ова, сведочат Отците, дека зборовите Божји се тие кои ја освежуваат душата, и речта Божја ја крепи душата како што виното го крепи телото. Речта Божја постои во Писмото и кај светите Отци. Кога ги читаме овие книги, а особено аскетските Отци, кога во нашата работа сме внимателни, кога се трудиме во животот не расточувајќи ги нашите сили, но давајќи ги во секојдневните наши обврски, кога живееме така што нашиот живот да е една аскеза – вежба – ασκησις секојдневна, тогаш оваа аскеза – вежбање и читање го приготвува тлото на душата, така што таа станува способна да се вознесува кон горе.


За да се молиш треба да имаш основа која што е неопходно да ја негуваш. Како што го чуваме нашето тело, така ќе го чуваме и здравјето на душата. Неопходно е да бидеме радосни. Кога се навикнуваме да се молиме ни се дава радоста Христова, и уште повеќе. Ако ти кој се молиш тагуваш, ако се нажалуваш и онерасположуваш, нешто во тебе не оди добро. Погледни го тоа, обрни му внимание, оти човековиот карактер има големо влијание. Погледнете колку убаво се вели за св. Сава Ватопедски, кој при средбата бил највесел, и во изгледот најпријатен и најрадосен. Во општењата неговата насмевка била најжива. Најслатко било неговото лице и сиот бил полн благодат. Колку веројатно бил во неговото општење со Бога, во неговата молитва како сонце светол!


Еден пак друг, аскетски отец, преподобен Нил, има многу убаво забележано: „молитвата е дело на радоста и благоугодноста.“ Сакаш ли да дознаеш дали твојата молитва е вистинска и смирена? Запази: произведува ли радост, дава ли благодарност во срцето? ... Кога оној кој стои на молитва над сѐ друго раѓа радост, тогаш вистински ја нашол молитвата. Значи, молитвата е радостотворна. Секако ќе имаме и лична борба со гревовите и страстите, но ова не треба да нѐ онерасположува, бидејќи му го предадовме на Иисуса Христа нашиот живот. Само што борбата е неопходна, за да би се благословил нашиот живот. Ако сакаме да ја оствариме молитвата, да не чуваме во себе никаква горчина кон другиот, да не се мешаме во животот на ниеден човек, да не принудуваме никого, да не навредуваме, да не нажалуваме ниту самите да се нажалуваме. Нашите врски на заедничарењето да бидат природни и едноставни. Да чувствуваме дека и сите други, и јас, сме едно, сметајќи се себеси „сам но со сите“. Секако, не менувајќи се во размислувањето, или пак да внесуваме во нашиот живот застранувања. Тогаш молитвата е лесна. Доволно е да го оставиме Бога да работи во нас, како што селанецот сее и го чека Божјиот дождец. Ние ќе ја практикуваме нашата борба, ќе го спомнуваме името Иисусово, едни со устите, други со умот, едни со умот во срцето, други онака како што ќе им даде Божјата благодат кога ќе ги посети, кога ќе заблеска нивниот дух и воскликнувајќи го сретнува Бога. Секако дека вреди да посветиме колку можеме повеќе време за да го примениме отечкиот збор „Принуди се себеси да твориш многу молитви“, оставајќи сѐ на Господа. Но макар и една молитва да кажеме, и тоа има голема вредност. Молитвата е уште поделотворна ако ја принесуваме во ноќните часови.


Оставете му сѐ на Бога, порачува Свети Исак Сирин секому од нас. Работи ја својата работа, умот во молитвата! И одбери добар наставник, раководител во Христа.


Треба да подвлечеме дека во темата на духовниот живот, сѐ прави благодатта Божја, и според тоа, можеме да бидеме мирни.


Името Иисусово, умната молитва е, велат светите отци, миросад. Го отвораш, и истекува миро, местото се полни со благоухание. Викаш „Господи Иисусе Христе“, и се дава благоуханието на Светиот Дух, го примаш залогот на Божјиот Дух. Зашто Светиот Дух страда со нас, слегува и нѐ воведува во еросот на духовната молитва. И навистина се моли и Он, наместо нас, коишто забораваме, и ги прима на себеси недостатоците од нашата нечистотија, сиромаштијата на нашето битие. Бидејќи секој посебно е храм Божји, и кога се молиме бидуваме совршители на голема тајна. Заради ова, многу убаво вели еден отец на Црквата: „Земи една кадилница да искадиш, оти Христос е овде, во твоето срце, од коешто излегува – Господе Иисусе Христе“. И пак на друго место вели: „Кога ќе слушнеме некоја кадилница да звечи, да се сетиме дека храмот сме ние, и да чувствуваме умно дека Го кадиме Христа, Кој е внатре во нас, и така, да се поклонуваме на оваа скинија на Светиот Дух.



Замислете, во нас е Царството Божјо, неговото живеалиште каде што нетелесниот во тело го ограничуваме, заради што и во нас се свршува едно небеско поклонение. Заедно со нас се и сите истомлечни наши Светители, кои цицале од дојката на Светиот Дух. Тие се наши особени браќа и пријатели, кои нѐ чекаат, нѐ љубат и нѐ чинат блажени, како што вели пророкот Исаија: „Блажен е оној кој има домашен свој во Ерусалим на небесата.“ Сетете се на она што го зборуваше Христос: „Има некои меѓу овие што стојат овде, кои нема да ја вкусат смртта, додека не го видат Царството Божјо дојдено во сила.“ Ова се применува и на нас. Духот нѐ удостојува кога се молиме, да Го појмиме Бога и да ги живееме овие тајни. И постигнуваат Светителите да Го познаат Христа, Оној за Кого велат дека никој не Го гледа и никој не Го знае. Но сепак! Низ молитвата ја поимаме „непоимливата и неискажливата” содржина на нашиот Бог, бидејќи благодатта на Духот е источник на секое извирање и нѐ учи на неискажливото Божјо добро.



И ако ние не го достигнеме тоа, сепак Иисусовата молитва ќе ни донесе благослови, утеха, благодарност, простување, спасение, „сѐ што користи“.


*овој текст на старецот Емилијан е забележано предавање во Драма

*анхос – напнатост, немир



Извор: ДОМОСТРОЈ, РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО ’95 бр. 11/12

 

 

Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

31-ви мај 2018 лето Господово

 

Друго:

 

  • Поуки од Светите Отци

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3228
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7723
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная