Никој никогаш не го победил времето, а тоа всушност не е ни цел. Победата е над гревот, над смртта, над ѓаволот. Времето тече само во една насока кон која и сѐ исполнува - вечноста. А, просторот само го следи времето.
"Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече:
Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија. Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!...Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија? Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сe; но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.”
П.С. Апостолот од параболи и сведоштво минал на виденија, ама од виденија кога ќе се симнеме на параболи, на приказни тоа значи дека сведоштвото го трошиме во самооправдувања.
Горан Стојчевски
2ри август 2023 лето Господово