логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Porfirij.Kavsokalivit1
·
Во денешно време човекот често чувствува тага, очај, тромост, мрзливост, душевна здодевност и сите останати сатански состојби.
Тагува, плаче, меланхоличен е, не се грижи за своето семејство, троши многу пари на психоаналитичари и лекови.
Сето ова луѓето го нарекуваат несигурност, а православието верува дека станува збор за искушенија од нечестивиот.
Болката е душевна сила која Бог ја всадил во нас, со цел да донесе добро, љубов, радост, молитва.
Наместо тоа, лукавиот успева оваа духовна сила да ја одвои од нашата душа и да ја користи за зло, односно предизвикува депресија и душата ја доведува до состојба на тромост и душевна здодевност.
Тој го мачи човекот, го поробува и душевно го разболува.
Тука постои една тајна.
Треба сатанското дејство да го претворите во добро дејство. Тоа е тешка работа и за неа е потребна извесна подготовка. Таа подготовка е смирението. Смирението ја привлекува Божјата благодат.
Предадете се на Божјата љубов, богослужбите, молитвата. Но и кога го правите сето ова, ништо нема да постигнете ако немате смирение.
Сите лоши чувства: несигурноста, губењето надеж, разочарувањето – што тежнеат да ја освојат душата, исчезнуваат благодарејќи на смирението.
Кој нема смирение е себичен, не дозволува да се спротиставиш на неговата волја, да го опоменеш или посоветуваш. Веднаш се натажува, нервира, бунтува, реагира бурно и се препушта на депресијата.
Ваквата состојба се лечи со Божјата благодат.
Душата треба да се насочи кон Божјата благодат. До исцеление ќе дојде ако таа со копнеж го засака Бог.
Многумина кои се свети во нашата Црква, депресијата ја претвориле во радост преку љубовта кон Христос. Всушност, тие сета своја душевна сила, која ѓаволот сакал да ја уништи во нив, ја предавале на Бога и така ја претворале во радост и веселба.
Молитвата и богослужбите постепено , депресијата ја претвораат во радост затоа што Божјата благодат делува на душата.
Овде е потребно да имаш сили да ја добиеш Божјата благодат, која ќе ти помогне да се соединиш со Бог.
Потребна е вештина. Кога Му се предаваш на Бога и стануваш едно со Него, ќе го заборавиш лошиот дух што те влечеше назад и тој презрен ќе побегне.
Понатаму, колку повеќе се посветуваш на Божјиот Дух, толку помалку ќе мислиш за себе, па нема ни да го регистираш оној кој те влече назад. Кога ќе те привлече благодатта, се соединуваш со Бога. А кога се соединуваш со Него и Му се предаваш, сѐ останато исчезнува.
Ти го забораваш она другото и се спасуваш.
Големата вештина и умешност или големата тајна – како да се ослободиш од депресијата и сѐ останато – се содржи во тоа да ѝ се предадеш на Божјата љубов.


Старец Порфириј Кавсокаливит

 

fbПравославие.Мк †

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная