Му должам на Бога извинување за сè она што ми подари, а за кое не се израдував. За работите што ми ги даде, а јас не ги земав. Но, исто така и за нештата што тој ги побара од мене, а јас не Му ги дадов. Пред сè сакам да заплачам во Неговите прегратки за сите денови кога не живеев, само преживував.
Да кажам " Прости ми! "за секое неизречен" Те сакам!", за прегратките што не ги дадов,за вратите што ги затворив, телефонските повици на кои не одговорив, очите што не ги погледнав, бакнежите кои не се остварија и за молитвите кои не беа изговорени.
За крај да кажам дека ако си нашол човек да сочувствува со тебе, да те разбере, да те сака, чувај го, дури и ако е на другиот крај на земјата. Доволно е што го најде. Тоа нема да ти се случи многу пати во животот. И не заборавај да кажеш „Благодарам“ на даровите дури и ако никогаш не си ги отворил.
отец Харалампиј Пападопулос
Подготви Симеон Стефковски
Јули 2023 лето Господово