логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer261.Kiril.Pejchinovik

Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го учите а дила да го карате.✥

✥ Извадоци од „Слово за празниците“ (преподобен Кирил Пејчиновиќ)✥


https://makedonskijazik.mk/2010/03/%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%B4.html?fbclid=IwAR0nZJlNtvjZIiTtzolBAjf0up-4X6jDRFw3Ur0qmdobXQK87HkoBUJNJSI


Прв извадок

Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?
Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.
А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот.
Ако сакаш да ти се фати што го служиш, што го молиш, слушај да ти кажем како да чиниш. Спроти ден отиди у црква, узми свеќа, темјан и масло за кандилата, запали и помоли му се Богу со молитвата от светецот што го служиш, со негоата молитва да ти прости. Ама ти да простиш свакому кои што ти досади, иди прости се со него, зере и Бог не ти проштаа; ако служиш светца, – и светецот нема што да чинит от када имаш лошо срдце.
И опрости се и помоли се за себе и за него, пак дојди дома, помисли имаш ли некој преател или непреател, има ли некои хапс, има ли неко болен, има ли некои гол, има ли некои гладен, и иди види га, отнеси му или заире, или дрва, или штогод, и речи му: „На ти брате за утрешен, или денешен, за негоо имја“. И вечерта седни вечерај мирно, не пој песни раскошни, не седи до полноќ, легни порано стани порано, узми просфора и свеќа, иди у црква на славословие и на божественаја служба, сиреч на литурѓија, и дури седиш у црква не мисли за на дрва, за дома или за трговина, баш и некоја наволја ако имаш, пак да не мислиш и за њу, токо оставија на Господа, и Господ похубаво ќе ти ја расправи от тебе, ти ништо не можеш без Бога.
Пак у јутру ашче излезеш от црква, сиромаси просјаци што са пред црковна врата дади им по нешто мало на свакого милостиња, ќи Бог и тебе да те помилува, зашто така вели Христос:„Кој дава ним, мене дава, и ја ќе му вратим отвише и на овој свет и на второ пришествие мое во царство небесное.“


Втор извадок
А вије се надеате на курбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој христијанин што коле курбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет курбан.
(Извадоци од Слово за празниците)


Трет извадок

Затоа сакат и требет у празник, зашто се велит да си празен от работа, пак да се соберет у црква и поп да ви кажует што видел у писание и вије да слушате. Зашто велит Бог: „Приидите, чеда, послушајте мене,“ и паки на Богојавление у тропарите Дух Свјатиј велит: „Глас господен на водах вопиет глагоља: приидите, приимите вси духа премудрости, духа разума, духа страха божија.“ Викат Дух Свјатиј за наше добро, а вије ѓоа сте дошле у црква, ама со све срдце не стоиш ли во неа, токо срама ради си дошол колку за закон, да не речат: онсица го немат у црква, и ти си дошол, и мислиш от црква излагаиќи кого да избањаш у вода, да досадиш на празникот, а да не угодиш; и пак велиш: пречинихме Водици, учинихме закон, и за многу години да бидет.
.
Поклади идет, се чудиш колку манџи да напраиш. Пак се берете по две куќи по три на едно да покладите, да разлагуете, да поете песни соблазнителни. Да јадете до ден, да се опиете и скверна безделија да чините за три дни. Немојте христијани, не губете си душите, не празнујте погански. Сам поклади си со својата челад, штогодер јади, помало пии, поскоро стани, метание чини, зашто утре велик пост.
Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. Зашто го велат великиј пост? Зашто голем захмет требе да тегнеме во него, многу метание, многу богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, некарање се, со жена си у постела неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, неврежуење се, опростуење се, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се крстиш, метание да чиниш. Бога да молиш да ти прости што си чинил сва година.
И зашто го викаат великиј пост? Зашто ест десеток он. Демек, на годината имат 366 дни, от десет еден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал срдце, да ти простит и да те помилуват во тија дни. Десетоците собрани на куп во великиј пост, от субота и недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ све се постит, никоа суббота не се постит, салт велика суббота се постит и спроти неделата до полноќ. Така се плаќа десеток Богу, така се измолует Бога.
(Извадоци од Слово за празниците)


Четврт извадок

Ете тако се празнует великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христијани можем да ги наречем ни пак неверници. Велики петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост хора играат, со жена у постеља спијат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причешна чекаат. А, попот узел, осум села попуат, каде понапред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатиј тајн.
А едни сиромаси христијани, дури ги жалим, зашто до само полдне чекаат попа, на сам царскиј велики ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било!“ Дргии пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи уште еднаш да не забават!“
А еднии чорбаџие што сет, мало позенгини, како кметинке, пак тије велат: „Не така. Да го тепамо ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да однесемо овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за друготого попа: „Каков глобар ест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават ама баре помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш.“


Петти извадок

Вије сиромаси, честите човека више од Бога и затова не чува Бог, и град биет и друго нешто. А богатите честат цревото свое, а не Бога, велат: „Овоа похубаво нека стоит да го јадеме не тој ден, на оној, кога ќе имамо гости.“
Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го учите а дила да го карате.
Затова паѓат град и заради други поганштие што се чинат: или скришом се фрлило копиле, или скришом се отепал некои некого, ем не знает кои, или се клеветите меѓу себе, или гараз држите, не се проштавате, или причесна не исповедани земате, или у црква унутра мирски песни пеете, или сиромаху, или сакатому, пелтеку, шушкавому, муткавому, гушавому, халосаному, хулавому, будалому, грешному се смеете, шегате го, пудите го, задирате го, со него егленче чините, и за други грехови таквија, затова идет гнев Божји на сини непокоривија.

(Извадоци од Слово за празниците)

Kiril.Pejchinovik.Ogledalo

25.03.2023 лето Господово

 Kiril.Pejchinovik.Ogledalo2

 pp

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3109
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7567
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

05/11/2024 - вторник

Св.ап.Јаков брат Господов; Игнатиј Цариградски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Тропар на св. Христов великомаченик АРЕТА 24 октомври / 6 ноември 2024

Блажен си ти Арето, верен слуга на Бога Живиот, кому Спасителот Му подари разум за умудрување на мнозина,  со дела достојни...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 23 октомври / 5 ноември 2024

Како праведен Господов ученик,си го примил Евангелието,како маченик имаш смелост непобедлива,како јерарх се молиш, ти кој си брат Божји.

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Тропар на светиот Христов рамноапостолен Епископ Ерополски Аверкиј 22 октомври / 4 ноември 2024

Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака,заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова,адот пред тебе глава наведна,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная