Разбудената МАНУ со нов симпозиум контра Софиските тези за македонската нација
Покрај научните, историски и литерарни аспекти на темата од собирот се испраќа и порака за спецификите на генезата на македонскиот народ и нација која деновиве е под директен напад од страна на Бугарија.
Колку научните позиции изложени од МАНУ се втемелени на цврста основа најдобро се покажува од фактор што по минатонеделниот научен собир нема никаква реакција од Бугарската академија на науките или од нејзини членови.