логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 dedo.Naum.kp15
За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020 22:10)

Секогаш се чудам кога ќе видам дека луѓето, кои себеси се нарекуваат христијани, не ја сфаќаат основната христијанска вистина – најубаво кажана од преподобниот отец наш Јустин Ќелиски, парафразирам: секој од нас живее во сите и преку сите, и сите живеат во секого и преку секого; и секој поради секого; не ја сфаќаат соборната, благодатна поврзаност во Црквата, што е Христос продолжен низ сите векови. Едноставно, во нив не е препознатливо дејството на Светиот Дух.

Исто така, не помалку се чудам кога ќе видам дека денешните христијани го имаат изгубено чувството за целиот Адам, за човештвото како еден Човек, како еден организам, како една природа, и за таа заемна поврзаност која и без Црквата постои, а камоли во Христос. Затоа и Отците на Црквата говорат за плачот за целиот Адам.

И што зборувам – чувство за целиот Адам? Свети Јустин Ќелиски вели дека првиот човек, Адам, кога се освестил, кога погледнал сѐ околу себе, сето тоа што го видел на небото и на земјата, сето тоа го доживувал како дел од себе. Значи, сето создание Адам го чувствувал и доживувал како дел од себе; и тоа било така. Ама, така е само кога е човек исполнет со благодатта на Светиот Дух, на понапреден стадиум од просветлувањето, во природниот начин на постоење.

Денешниот модерен човек, без оглед дали е активен или пасивен социопат, го има изгубено чувството за другиот човек, дури и за најближниот. Пасивниот социопат не повредува директно никого, но и не му помага на својот ближен во неговото страдање, дури по малку и како да се радува кога ќе чуе дека тој страда.

Дури и некои „христијани“, поради својата внатрешна душевна расцепеност (која не им дозволува да ја видат целата слика, туку мал искривен дел од неа – од кој си прават целина што им одговара), се однесуваат како отцепени, не само од човештвото – како целина, туку, за жал, и од самата Црква. И таа своја отцепеност, перспективата што произлегува од неа, се обидуваат да ни ја наметнат и како теолошки критериум. Согласно кој, да не должам, само тие да ти биле чисти, безгрешни, правоверни и спасени. Ајде да видиме дали е така...

Што тие луѓе не сфаќаат во својата отцепеност, што им бега од перцепцијата, каде промашуваат? Не сфаќаат дека ако не се активни учесници во злото од овој свет, тогаш секако се пасивни – ако воопшто може пред Бог да има ваква поделба. Еве им јасен пример на „пасивно“ учество во злото: сите тие купуваат гориво за автомобилите, т.е. плаќаат користење на некаков превоз на истото и, во својата самодоволност, сосема забораваат дека тие со свои пари ги плаќаат сите минати, сите сегашни и сите идни војни за тоа гориво; како и сите убиства во тие војни.

Ова се однесува буквално за сето тоа што го плаќаш и купуваш, човеку! Затоа што, за сето тоа што го плаќаш и купуваш треба некој превоз, има некаква борба со конкуренцијата за монопол, во таа борба се користат многу валкани средства – поткуп, криминал, злоупотреба на политичка власт и сл., во таа борба има многу лични и семејни трагедии; да не зборуваме за злоупотребата и неплаќањето на работната сила и многу друго... И сето тоа ти го плаќаш, дури и однапред.

Сега да те прашам, каде ти е чистотата, о „чисти“!? Каде ти е безгрешноста, о „безгрешен“!? Каде ти е правоверноста, о „правоверен“!? Каде ти е сега спасението, о „спасен“!? Нели ти беше неизвалкан? Нели ти немаше ништо страшно згрешено? Нели ти беше дотолку правоверен што поради, на пример, само еден календар им одредуваше пекол на едноверните браќа, а да не зборуваме за неправославните, за друговерните, за идолопоклониците или за атеистите? Нели само ти беше спасен, а сите други осудени? А види што испадна, ти да си бил обичен убиец, и тоа не само на човечките тела, туку тоа им го посакуваш и на нивните души – прав демон!

За некој да се смета себеси за чист од гревот во овој свет би требало сосема да нема врска со овој свет и да живее надвор од него, надвор од целиот воспоставен општествено-економски систем, а не уште и вмрежен на социјалните мрежи. Затоа, смири се; намали го своето болно доживување. Да се претставуваш како христијанин – бранител на верата, а да немаш чувство дека активно учествуваш во гревот на овој свет, е голема прелест, да не речам висок степен на демоноопседнатост!

И не е само тоа проблемот. Ние, христијаните, од чувството, од доживувањето на соборноста, на единството со сите луѓе, требаше да знаеме, ако ништо друго, дека учествуваме и во вината на гревовите на нашите ближни; ако не од аспект на пасивната соборност, тогаш секако, од аспект на активната соборност. То ест, ако ние бевме личен пример за вера, за љубов, за молитва, за подвиг, за добри дела, сигурно многу помалку зло ќе имаше во светот отколку сега. Ама, не сме. Овој наш грев требаше да го освестиме и за него да се покаеме.

Значи, ем живееме во овој свет и автоматски учествуваме во неговото зло, ем не сме некаков посебен пример на вера, на љубов, на молитва, на подвиг, на добри дела, со еден збор – на светост. Ние сме христијани, ама од оние – за греота. Затоа, основна наша карактеристика требаше да биде смиреноста, а не – запалената крв.

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега, ако си нормален, дека нема ништо од тоа? Освен милоста Божја и милоста на Пресвета Богородица, кои нѐ прават и чисти, и безгрешни, и правоверни, и спасени, иако самите по себе не сме. А Нивната милост, на дар, ја добиваме внатре во Црквата – по која ти плукаш, каде што се причестуваме со пречистите Тело и Крвта Христови. Гледаш? Не ти ја спасуваш Црквата, туку Црквата те спасува тебе.

Затоа, покажи барем малку повеќе благодарност и почит кон Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и кон каквите-такви Епископи и свештенство што ги имаш – оти лесно можеше и да не ги имаш.

Да видев дека ти сфаќаш од каде произлегува твојот грев, т.е. ако сфаќаше дека гревот ти произлегува од современата општочовечка поврзаност и системска вмреженост, како и од соборната одговорност, ќе ти поверував и дека ја браниш чистотата на верата. Ама ти, иако обичен убиец, гледам негуваш голема идеја за себе, и се фаќаш за небитни, претпоставени или непостоечки проблеми, и правејќи потреси во Црквата, сакаш и човечки души да збркуваш и убиваш; така што, прости, ама не можам да ти верувам.

Токму затоа не си ти никаков ревнител, туку школски пример за религиозен социопат со запалена крв. Посебен доказ за тоа е запрепастувачката и неоснована самоувереност со која настапуваш, како и недоверливиот и навредлив однос што го демонстрираш кон своите Епископи. Тоа му се случува на секој оној кој неисцелен, односно без просветленост на умот – со дарот на умно-срдечната молитва, без должност која произлегува од неговата позиција во Црквата, без вистински проблем на терен (на пример, не постои тема во нашата Црква за промена на календар) и без точни информации, се самоповикува да ја брани православната вера.

Светиот Дух е, пред сѐ, Дух на единство, на соборност, на сострадалност, на љубов, на смиреност, а не на болна подвоеност и елитизам (на пример, само тој и тие како него ќе се спаселе, а сите што прифатиле нов календар ќе одат во пекол). Ако веќе гледам дека нема Дух на соборност и на сострадалност во тебе, тогаш знам дека ја немаш ни несоздадената благодат Негова. А каде што нема Божја благодат, таму нема ни вистина, ни просветленост, ни православна теологија, ни ништо. Ама, затоа има душевна болест и демони. Тоа е...

А зошто јас пишувам? Јас сум надвор од светот и безгрешен? Не! Должен сум, инаку – нема зошто. Должност ми е, како Епископ, да се грижам за единството на нашата помесна Црква, односно за Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – тоа што ти, свесно и платено или несвесно, сакаш да го срушиш. Должен сум да се грижам за чистотата на православната вера, како и за духовниот живот и канонскиот поредок во Епархијата со која раководам. Сигурно сум можел повеќе и подобро да направам, ама пак, секако е, по Божја милост, повеќе и подобро од пред да дојдам на ова место. Но, тоа Господ ќе цени; ни јас, ни ти.

Но, ако забележиш некаква грешка во учењето на верата, слободно опомени ме и ќе се исправам. Или, ако има некој човек кој може да ми посочи дека некакво зло лично сум му направил за овие 25 години, или ми побарал помош и не сум му помогнал, а сум можел, нека ми напише јавно, ќе му се извинам. Ако видиш дека нема, објасни си – ако можеш, на самиот себе, што зло тебе лично сум ти направил и зошто ти ме напаѓаш. Оти нели, ако на Црквата сум ѝ направил зло, таа сигурно ќе ме осудела; ако на државата сум ѝ направил зло, и таа сигурно ќе ме осудела; тоа е барем неизбежно... Ако не – една власт, тогаш – некоја друга...

Ако нешто ми завидуваш, тука не можам да ти помогнам – таков сум, не можам, а да не работам (види: Јован 5, 19–20). Ако ти смета тоа што пишувам за умно-срдечната молитва, а ти не се разбираш во тоа, па пишуваш за календари и други зилотски работи, те разбирам, тоа е полесно. Ако мислиш дека мојот христијански идентитет му смета на твојот политички или национален, или не знам каков твој друг демонски идентитет, тука никој не може да ти помогне, освен самиот ти, ако се покаеш и ако Му го отстапиш на Христос централното место во твоето срце, за твое добро..., јас од Христос не се одрекувам!

Свесен сум дека на многу луѓе им сметам, но и дека многу луѓе ме сакаат. Но, луѓето се променливи, а и не сум поставен – на луѓето да им угодам, туку на Бог.

Единствено сигурно знам дека му сметам на ѓаволот и знам зошто му сметам. Само на оваа позиција никогаш нема никаква промена. Е, сега, гледај и ти ептен да не станеш негов инструмент; исто така нека внимнаваат и тие што те поддржуваат и ти одобруваат. Да ве предупредам дека секако ќе настрадате – можам; да ве спасам од страдањата – тешко... Предолго сум во оваа војна со демоните, за да не знам како завршува таа; односно како завршуваат тие што им служат на демоните, како и нивното потомство.



Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

 

 http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7343

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная