Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј: Гласот што вика во пустинатa..
* * *Свети Јован е еден од најзначајните ликови во историјата на спасението, и старозаветна, и новозаветна, затоа што тој е последниот старозаветен и првиот новозаветен пророк. Тој претставува еден вид на мост помеѓу Стариот и Новиот завет. Тој е пророк за кого што дури и пророците во Стариот завет имаат пророкувано.