логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Јован Битолски

Колку неутешна и бескрајна би била нашата тага кога умираат нашите ближни, ако Господ не ни подареше вечен живот. Колку бесмислен би бил нашиот живот кога би завршувал со смрт. Тогаш каква би била придобивката од доблеста,од добрите дела?  Во право би биле оние кои зборуваат „да јадеме и пиеме зошто утре ќе умреме“. Но човекот е створен за бесмртност, а Христос со Своето Воскресение ги отвори дверите на Царството Небесно, вечното блаженство за оние кои веруваа во Него и живееја праведно. Нашиот земен живот е само подготовка за идниот, а со нашата смрт оваа подготовка завршува. На човекот му следува еднаш да умре, а потоа суд. Тој тогаш ги напушта сите свои земни грижи, телото се распаѓа, за повторно да стане на општото воскресение.  Но неговата душа продолжува да живее и ниту на момент не го прекинува своето постоење.Низ многуте јавувања на мртвите, овозможено ни е делумно да знаеме што се случува со душата кога го напушта телото. Кога се прекинува нејзиното гледање со телесните очи, тогаш се открива нејзиното духовно гледање. Кај оние што умираат духовното гледање често започнува уште пред да се упокојат и тие гледајќи ги оние кои се околу нив, дури и разговарајќи со нив, го гледаат она што другите не можат да го видат. А кога ќе излезе од телото, душата ќе се најде помеѓу други духови, добри и зли. Таа обично тежнее кон оние кои и се духовно поблиски, а додека се наоѓала во телото ако била под влијание на некои од нив, останува зависна од нив и по напуштањето на телото, без разлика колку и да и се непријатни кога ќе ја  пресретнат.

Во текот на два дена душата има одредена слобода, може да ги посетува местата на земјата кои и се мили, а во третиот ден тргнува кон други простори. При тоа таа минува покрај мнозина зли духови кои и застануваат на патот и ја обвинуваат за различни гревови, на кои самите тие ја навеле да ги направи. Спрема откровенијата, постојат дваесет такви препреки, таканаречени митарства; на секое од нив се искушува еден или друг вид на грев; поминувајќи го едното, душата стигнува до друго митарство, и дури откако успешно ќе ги совлада сите искушенија душата може да го продолжи својот пат, а да не биде веднаш фрлена во пеколот. Колку се ужасни овие зли духови и нивните искушенија ни кажува тоа што и Самата Богородица, кога архангел Гаврил и го најавил блискиот крај, го молела Својот Син да ја избави од тие зли духови, како и тоа дека услишувајќи ја Нејзината молба Самиот Господ Исус Христос се појавил од Небото за да ја прифати душата на Својата Пречиста Мајка и да ја вознесе на Небесата.

Страшен е третиот ден за душата на преминатиот и затоа тогаш и се особено потребни молитвите за неа. Откако ќе ги помине искушенијата и ќе Му се поклони на Бога, душата во текот на наредните триесет и седум денови ги посетува небеските населби и бездните пеколни, сеуште незнаејќи каде ќе остане, дури на четириесеттиот ден и се одредува место до Воскресението на мртвите. Некои души се наоѓаат во состојба на насладување со идната радост и блаженство, а другите во страв од вечни маки, кои конечно ќе настапат после Страшниот Суд. До тогаш сеуште се можни промени за состојбата на душите, особено преку принесување бескрвни жртви за нив (спомнување на Литургија), а исто така и преку други молитви.

Колку е при тоа важно спомнувањето на Литургија покажува следниов настан. Пред откривањето на моштите на св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го извршувал преслекувањето на моштите, бидејќи се изморил, задремал седејќи покрај моштите и го здогледал пред себе светителот кој му рекол: “Ти благодарам што се потруди околу мене. Уште те молам, кога ќе служиш Литургија, да ги спомнеш моите родители“- и ги изговорил нивните имиња (јереј Никита и Марија).“ Како ти, светител, од мене бараш молитви, кога и самиот си покрај Престолот Небесен и на луѓето им ја пружаш милоста Божја“-запрашал свештеникот. “Да, тоа е точно-одговорил св. Теодосиј-но принесувањето на Литургија е помоќно од молитвата“.


Затоа се корисни за покојниците и опелата и домашните молитви за упокоени, и добрите дела кои се прават за нивни спомен како на пример, милостиња, дарови во Црква, но особено им е корисно спомнувањето на Божествена Литургија. Има многу јавувања на покојници и други настани кои потврдуваат колку е благотворно спомнувањето на покојните. Мнозина кои починале каејќи се, но не успеале тоа да го покажат за време на животот, се ослободиле од маките и добиле упокоение (успокоение). Во Црквата секогаш се упатуваат молитви за упокојување на душите на преминатите и дури во денот на слегувањето на Светиот Дух во молитвите кои се извршуваат на колена, на вечерната служба постои посебна молитва за “оние што се заробеници на пеколот“.

Секој од нас кој сака да ја покаже својата љубов кон преминатите и да им пружи вистинска помош, најдобро тоа може да го направи преку молитва за нив, особено преку нивно спомнување на Литургија, кога се одвојуваат честици за живите и за мртвите и се ставаат во Крвта Господова со зборовите “Очисти ги Господи гревовите на овде споменатите со Твојата Пречиста Крв, по молитвите на светителите Твои“. Ништо повеќе и подобро не можеме да направиме за мртвите од тоа да се молиме за нив, давајќи им помен на Литургија. Тоа им е секогаш потребно, а особено во оние четириесет денови во кои душата на преминатиот го минува својот пат до вечното пребивалиште. Тогаш телото ништо не чувствува, не ги гледа ближните кои се собрале, не му мириса благиот мирис на цвеќето ниту ги слуша надгробните беседи. Но душата ги чувствува молитвите што се упатуваат за неа, станувајќи благодарна и духовно блиска на оние кои ги творат.

Роднини и блиски на починатите! Правете го за нив она што им е потребно и што е во ваша моќ. Не трошете средства за надворешно украсување на ковчегот и гробот, туку за оние на кои им е потребна помош - во спомен на ближните кои починале; на цркви каде за нив се упатуваат молитви. Укажете му милост на починатиот, погрижете се за неговата душа. Тој пат не очекува сите нас; колку многу тогаш ќе сакаме да не спомнат во молитвите свои! Да бидеме и ние милосрдни кон починатите. Штом некој се упокои, веднаш повикајте свештеник или кажете му да прочита “молитва по исход на душата“, која е одредена да се чита над сите православни веднаш по нивната смрт. Погрижете се ако постои можност, опелото да се изврши во Црква, а пред опелото над покојникот да се чита Псалтир. Опелото не мора да биде раскошно, но мора да се изврши во целост, без скратување; немојте тогаш да мислите на себеси и на своите погодности, туку на починатиот од кого се простувате. Ако во Црквата истовремено има неколку покојници, немојте да се спротивставувате на тоа заедно да ги опеат. Подобро нека ги опеат заедно двајца или повеќе покојници зошто уште поусрдна ќе биде молитвата на сите нивни блиски кои се собрале, отколку опелото да биде за секого поединечно и во недостаток на време и сила да се скратува службата, кога секој збор од молитвите за починатиот се како капка вода за жедниот. Веднаш погрижете се да се извршува “сорокоуст“-секојдневен помен на литургија во текот на четириесет дена. Обично во црквите во кои се одвива секојдневна служба, починатите кои се таму опеани се спомнуваат четириесет дена и повеќе. Но ако опелото е извршено во Црква каде нема секојдневна служба, блиските мораат самите да се погрижат и да закажат “сорокоуст“таму каде што постои секојдневна служба. Исто така добро е да се направи помен во манастирите и во Ерусалим, каде на светите места молитвата е непрекината. Но “сорокоуст“-от мора да започне веднаш после смртта, кога на душата и е особено потребна молитвена помош и затоа спомнувањето нека почне во најблиското место во кое постои секојдневна служба.

Да се погрижиме за оние кои заминуваат во другиот свет пред нас,  правејќи за нив се што можеме, сеќавајќи се дека “блажени се милостивите, зошто ќе бидат помилувани“.

 

подготви: М.З.

Посети: {moshits} 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная