логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 HRISTOS.sozdatel2

ЗОДИЈАК ХРИСТИЈАНИ


           Момче, средношколец, се нашло во деликатна ситуација додека си играло во дворот на маалското училиште. Група мали девојчиња му пришле и му го поставиле прашањето: „Каков хороскопски знак си ти?“ А момчето, кое израснало во семејство на ревносни православни христијани и редовен посетител на неделното училиште во централната парохиска црква, прво се засрамил, а потоа, откако малку размислил, одговорил: „Јас ли? Е па христијанин...“
            Оваа случка колку комична, толку е и поучна не само за верниците туку и за неверниците. Толку спонтано и детски реагирало ова момче на прашањето за кое немал одговор, едноставно затоа што никој дома не му зборувал за тоа. Неговите родители очигледно воопшто не се интересирале за согледувањата во астрологијата и не сакале да ги воспитуваат своите деца во нејзиниот дух. Ова е  за пофалба и препорачливо од чисто христијански и православен аспект и показател за нивната лично благочестие.

 


           Духот на денешното време е во највисок степен проповедање на езотеризмот. Од сите страни на медиумите и агенциите нè преплавуваат информации за тајните на небото а секакви култови и верувања ги инфицираат душите на нашите современици. Сега е ерата на Водолија, и таа излева струи на мистицизам кои ги инфицираат жедните умови и души на човештвото кое е под стрес. Енигмата на човекот и неговото секојдневие, отсекогаш била особена тема на коментари и непопустливи напади од сите страни. Зашто, човекот отсекогаш талкал по своите кривулести патеки меѓу минатото и иднината. Така било порано, така е сега, така ќе биде и во иднина.

HRISTOS.sozdatel.horoskop


           Ова особено се однесува за кралицата на небесното знаење — астрологијата. Астрологијата и христијанството –  тема која колку што е древна толку е и модерна. Вистината е, дека и тогаш и сега, доктрината на христијанството во сите негови деноминации на секој начин го отфрла авторитетот на астрологијата. Освен тоа, другите водечки монотеистички религии во светот — јудаизмот и исламот — цврсто се противат на астрологијата. За нив ова знаење е нечисто и душегубно. Во овој дух е и христијанското учење.
           Стариот завет е исполнет со текстови кои не само што предупредуваат, туку и го осудуваат занесот со астрологијата. Особено јасен е текстот: „и да не се соблазниш ти, кога ќе погледнеш кон небото и го видиш сонцето, месечината и ѕвездите и сета убавина небеска, та да им се поклониш и да им послужиш, зашто Господ, твојот Бог, ги определил за сите народи под небото. “ (5. Мој. 4:19).


         HRISTOS.sozdatel3

            Старозаветните пророци се крајно категорични во нивните размислувања за оваа стара соблазна. Светиот пророк Исаија особено изобличувал во зборовите: „нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечијата, нека те спасат од она, што треба да ти се случи.14Ете, тие се како слама: оган ќе ги изгори; не ја спасија душата своја од пламенот; “ (Ис. 47:13-14).
Новиот завет продолжува да го следи овој дух на негирање. Јасно, прецизно и категорично е директното продолжение на Христовото учење, кое го претвора христијанството во систем: „Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа; “ (Кол. 2:8).
          Светите отци на мајката Црква со векови го осудувале практикувањето на астрологијата како критериум за чисто богопознание. Во нивните дела и во средбите со поклониците, извонредните рани апологети на минатото - свети Јован Златоуст и Бл. Августин, но и современите светители Пајсиј и Порфириј и старецот Тадеј ја осудуваат оваа соблазна и ги поттикнуваат христијаните да ги чуваат своите души и совеста од нечистото знаење.
Драмата за судирот меѓу христијанството и астрологијата се пренесува од раните векови во средниот век, кога ја усвоиле особено владетелите и аристократите, па дури и свештенството и научниците се занимавале со неа, и тоа имало огромно влијание врз ставовите во општеството.
„Новото време“ отвора широки хоризонти за инвазија на свеста и сознанието на луѓето. Преосмислувањето и превреднувањето на сите вредности и отфрлањето на улогата на религијата како регулатор на општествените односи се покажа од големо значење за навлегувањето на многу езотерични струи. Целиот процес продолжува со несмалена динамика - астрологијата победнички маршира насекаде и станува клуч за тајните на иднината на секој човек и на целото човештво. Никогаш не била толку препознаена, посакувана и пофалена како сега.
           Факт е дека во историјата на светото Православие има доста теолози и отци кои биле толерантни кон него. Протоерејот Александар Мењ им препорачувал на мирјаните од неговата парохија да се занимаваат со астрологија и им дозволувал да изготвуваат лични хороскопи. Тој самиот бил познат не само по неговата извонредна теолошка ерудиција, но и по неговата толеранција кон езотеризмот.
          На некои од современите богословски факултети оваа работа не се разгледува  доволно сериозно, па дури и знаењето на студентите им се презентира измешано, наместо прочистено. Затоа, постои опасност од разводнување на чистото богопознание  и служење на нездрава духовна храна. Либералниот однос кон езотеричните култови отсекогаш носи само штета и проблеми во историјата на светото Православие.


   HRISTOS.sozdatel4    

           Зошто православната црква толку категорично ја отфрла астрологијата? Дали е тоа толку демонски? Големо мноштво на  луѓе ја критикуваат Црквата дека не се обидува да ја разбере астрологијата и дека не носи длабоки аргументи за нејзина критика, но тоа не е точно. Никој не негира дека биофизичките влијанија  се одразуваат и влијаат на сè во универзумот и влијаат на секое Божјо создание. Затоа што има магнетни бури, зрачење и удари од небесните тела и феномени. Но, тие не ја дефинираат личноста на една личност. Во центарот се неговата слободна волја и избор со сета субјективност на секого. Има и други фактори кои во никој случај не треба да се потценуваат, туку треба да им се даде заслуженото. Тоа се однесува на наследниот фактор, предиспозицијата, темпераментот, домашното воспитување и средината во која се наоѓа личноста. Научните истражувања и структурата на ДНК без сомнение ја докажаа апсолутната уникатност на секој роден од жена. Нешто повеќе -  на сета Божја твар во сета разноликост на видливата и невидливата природа.
             Ние верниците знаеме дека сè ни се случува по Божја волја или Божјо допуштение. Божјата промисла, а не некоја кармичка логика, го водат човекот, бидејќи Семоќниот и Семилостив Бог ја почитува улогата на личната слободна волја. Да не беше така, Спасителот немаше да рече: „Побарајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Мат. 7:7-11). Со вера може да се прават чуда.

HRISTOS.sozdatel5


            Тоа е живата историја на светата Црква, чие постоење во историјата е своевидно чудо, со оглед на нејзиното појавување, развој, воспоставување и претставување низ историјата. Таа е откровение и така ќе остане. Логично, ова не може да се разбере. Астрологијата го програмира патот на една личност. Таа се обидува да се самоограничи и да го води во рамките на еден период или на еден ден преку креирање на определен формат на задолжително поведение и став.
Типичен пример за тоа се дневните хороскопи, кои насочуваат цели струи луѓе кои ги следат во конкретна насока и кон конкретни очекувања. Ова може да биде катастрофално. Очекувањата и препораките да не разговарате со некого или, обратно, да барате контакт со него само затоа што се родени во периодот од-до и припаѓаат на одреден “хороскоп”, може да бидат губење време и горчливо искуство за секого. Сите оние кои поактивно се занимаваат со астрологијата ги споделуваат своите разочарувања поради тоа што останале измамени од прифаќањето на  нејзиниот несомнен авторитет како водич во нивните животи.
Зад сето тоа стои непријателот на нашето спасение - сатаната, кој на секој начин се обидува да го одврати, фрустрира и попречи искрениот верник на патот кон неговото лично спасение.

HRISTOS.sozdatel
            Кога човек нема вистински и жив однос со Христа, тогаш доаѓаат бесовите  внесуваат хаос во неговиот ум, чувства и однесување. Само обновувањето на односот со Спасителот преку силата на светите тајни може да ја врати вистинската заедница и живот на личноста преку и во Господ Бог. Од моментот кога човекот вистински и активно верува во Христа, тој целото свое однесување го насочува кон Него. Тој повторно го открива целиот впечатлив свет на светата Црква и живее нов, добродетелен и благодатен живот. Така, секој нов верник ги надминува ограничувањата на пол, возраст, националност. Неговата вера му го „крши“ хороскопот за да може да порасне нова личност – „нова твар“. Се надградува себеси, збогатувајќи се со ново искуство, дотогаш неочекувано и неискусено. Односот помеѓу Синот Божји и секој верник е длабоко индивидуален и единствен, како личност кон личност, субјект кон субјект. Секој во светата Црква има свој пат и траекторија кон Него, кои се апсолутно единствени.
             Кажано на јазикот на светот, Бог се залага за секого. Тој се грижи за секого, испраќа ангели да го чуваат на неговиот пат и му дава „благодат врз благодат“. Тој му ветува и му го дава целото Свое  оружје да се бори со видливите и невидливите непријатели.
Целта на секој свесен напор во верата е изобразувањето на Христос во секој верник, а овој личен христоцентризам е смислата на неговите напори да оди напред и нагоре, искачувајќи се постепено, чекор по чекор, по скалилата кон небото. Верникот со силата на својата волја и со сеопфатната Божја благодат може да се преобрази, да ја освети својата душа, дух и тело, да се обожи. Со сето свое што треба да стане икона Божја и не само тој да заживее во Христа, туку и Христос да заживее во него.

HRISTOS.sozdatel6
            Затоа, секој од нас длабоко да размисли  за заблудите и слоевите во својот живот кои се  резултат на суеверни и погрешни идеи наметнати однадвор и да го исчисти своето сознание и свест. Нека остане само односот „Христос и јас“ и околу оваа оска нека го гради својот живот. Затоа што од овој избор не зависи само нашата сегашност, но пред се учеството на нашата душа во задгробниот живот. Прашањето за спасението е длабоко лично и вреди да му се посвети енергија и време. Затоа, да ги оставиме примамливите заблуди на астрологијата и да се држиме цврсто со двете раце за облеката Христова.



Автор: отец Јасен Шинев, парохиски свештеник во храмот Успение на Пресвета Богородица и црквата Св. Атанасиј“ — Варна
Извор: богоносци.бг


Превод: Симеон Стефковски

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная