логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

BOGorodica.zashtitnichka.bebinja
  ·
Јас сум акушер-хирург гинеколог и речиси две децении живеев мирно и во изобилство.Нo, од 1999 година мојот живот доби друг тек.
Една ноќ во сон видов мноштво бебиња кои како да пливаа во огромен аквариум, кој беше пред мене и како да се давеа откако очајнички се обидуваа да најдат излез со туркање на стаклото. Никогаш нема да ги заборавам тие крупни очи што очајно ме гледаа.
Од наредниот ден почнаа да ми се случуваат разни настани кои ме доведоа во очај.
           На сопругата и беше дијагностициран рак на дојка и ја оперираа.
Мојот син – тогашен средношколец – ни призна дека должи голема сума пари и дека животот му е во опасност ако не ги врати. Набрзо дознав дека е зависник од хероин и му требаат пари за да ги добие дозите.
            По една недела мојот нов автомобил беше украден и дел од мојата куќа се запали
Бев верник на свој начин без често да одам во црква. Одеднаш ми дојде помислата да се качам во Патријаршиската црква да се поклонам.
Тоа беше 27 октомври, денот на споменот на Свети Димитриј Басарабски, заштитникот на градот.
Цело време чекав во ред да се поклонам на моштите на светителот, тивко се молев и го прашував светителот што згрешив и толку несреќи ме најдоа и што да правам.
           Кога стигнав пред неговите мошти не можев ништо да размислувам, само прснав во силен плач и едвај престанав да плачам.  
Не знам дали ми верувате, но следната ноќ го видов во сон Свети Димитриј кој мирно ми зборуваше и ми ја откри вистината за која не бев свесен на мене, беззаконикот!
             Тој ми кажа дека тие бебиња за кои сонував се 187-те деца кои не успеаја да го видат светлото на денот откако ги извршив абортусите и добивав многу пари за овие злосторства.
           Светителот продолжи да ме просветлува со истото спокојство, објаснувајќи ми дека ако продолжам со овие убиства, ќе ме снајдат уште поголеми неволји, а потоа ме замоли да крстам подеднаков број деца како оние што ги убив со свои раце, предупредувајќи ме: ''Ќе видиш што ќе се случи се ако правиш добри дела и не греши повеќе!
           Од следниот ден не направив  ниеден абортус и заработував преку прегледи и пораѓања или операции кои им помогнаа на децата да дојдат на свет.
Наскоро почнав да одам со жена ми, во придружба на парохискиот свештеник, во сиропиталиштата и крштевав најмалку едно дете месечно!
Работите почнаа да одат добро кај мене.
          Жена ми е добро, иако остана без едната дојка, но медицинските тестови покажаа дека ризикот од рак е отстранет.
Мојот син заврши средно образование и посака да оди на рехабилитација во клиника. Сега е сосема добро.. .
Со мака ја изградивме куќата и сфатив,  јас грешникот,  дека мојот приход не се намали толку многу во отсуство на абортуси!
И во последен момент разбрав дека секое лошо дело скапо го плаќаме!


Дали гледате како Бог помага преку Неговите светители? Свети Димитриј Басарабос ми го отвори умот и ми помогна да се спасам преку моите постапки.

 

АЛЕКС И.
Акушер хирург Гинеколог - Букурешт

 

 ФБ профил на Православие.Мк †

Ноември 2022 лето Господово

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная